Нашата Лина Ѓорческа утре ќе игра финале на ITF турнирот во Пирот, Србија. Денеска Ѓорческа победи против фаворизираната Juhaszova од Словача во 2 сета (6-1,6-4). Утре ќе игра против првиот носител на турнирот, домашната тенисерка Мирчиќ. Иначе претходно нашата тенисерка од турнирот ги елиминираше осмиот, вториот и третиот носител на патот до финалето. По тој пат не загуби ниту еден сет т.е. сите противнички ги совлада во минимални 2 сета, додека нејзината противничка во утрешното финалето на два пати играше мечеви во 3 сета на овој турнир.