WTA тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ddime
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи ни беше отворен подфорум за тенис, редно е и за ВТА тенисот да има една тема, каде што ќе се коментираат ВТА турнирите, општо за тенисерките итн.

Серена Вилијамс ја враќа својата форма триумфирајќи во финалето на Чарлстон турнирот, каде ја совлада Луси Сафарова препуштајќи и само еден гем односно 6-0/6-1и со тоа стаса до 40тата титула во нејзината кариера, и сега на 3то место зад нејзината сестра Венус која има 41, и Ким Клајстерс која има 43 титули.

Топ 20 тенисерки моментално:
2mphgsh.png
 
На ВТА турнирот во Копенхаген моментално се игра четвртиот четвртфинален дуел помеѓу Бојана Јовановски и Мартиќ каде Мартиќ има водство од 1-0 во сетови, а 2-2 во вториот сет. Победникот од овој дуел ќе игра против Возниацки, а во другото полуфинале ќе се сретнат Јанковиќ и Кербер.

Паралелно со Копенхаген во тек е и турнирот во Барселона каде исто така се чека победникот од четвртото четврт финале помеѓу Цибулкова и Бејгелзимер, а победникот од овој дуел во полуфиналето ќе се сретне со Кирстеа. Во другото полуфинале веќе пласирани се Суарез-Наваро против Ерани.
 
0,,12781~10735580,00.jpg


Сара Ерани го освои ВТА турнирот во Барселона, совладувајќија Доминика Цибулкова во 2 сета 6/2 6/2. Четврта година по ред турнирот во Барселона го освојува некоја Италијанка. 2009та Роберта Винчи, 2010 Франческа Скијавоне и 2011 повторно Винчи.

kerber.jpg


Додека пак, во Копенхаген Каролине Возниацки не успеа 3 пат по ред да го освои турнирот во нејзината татковина, бидејќи беше во 2 сета поразена од Германката Ангелика Кербер (6/4 6/4). Ова за Кербер е нејзина втора титула оваа година, а воедно и во нејзината кариера.
 
не се дава Радванска :D
 
Азаренка против Шарапова во утрешното финале на Порше Купот во Штутгарт.

Трет дуел помеѓу овие две во 2012, првите 2 исто така во финални мечеви.

И двата пати победуваше Азаренка, убедливо во 2 сета. Во Мелбурн славеше со 6-2 6-3, а неколку месеци подоцна со 6-3 и 6-0 во Индијан Велс.
 
Шарапова ЈА УБИ Азаренка во првиот сет во финалето на турнирот во Штутгарт. 6-1 ! Ајде нека ја докрајчи 2-0 , нека ја спушти на земја самоуверената Азаренка.
 
Што се волку наострени една против друга Шарапова и Азаренка? Да не не се трпат приватно?
 
Што се волку наострени една против друга Шарапова и Азаренка? Да не не се трпат приватно?

Не мислам дека има некој проблем :D Двете се многу бучни додека играат. Е сега во еден меч двете заедно, па изгледа многу " брутално ".

6-1 5-3 за Шарапова, после подолго време се чини дека Марија ќе ја совлада моментално најдобрата тенисерка на светот.

EDIT :

Шарапова ја совлада Азаренка, 6-1 6-4.
 
Гледав неколку гејмови од Шарапова против Ивановиќ... па после и против Вилијамс. Ги уништи, Ивановиќ едвај ги стигнуваше топките, не пратам многу тенис во последно време, ама буквално растури, мило ми е што се врати на старите патеки, па и далеку подобра е од претходно.
 
Ви ја претставувам големата надеж на италијанскиот тенис Camila Giorgi . Има 21 година , најдобар ранкинг и е 126та на вта листата. Игра квалификации за Роланд Гарос , се надевам дека ќе ја гледаме на главниот турнир :drk:

images


images


images
 
http://www.rezultati.com/utakmica/YkU7lX8S/#detalji-utakmice

која е оваа М.Ѓорчевска (мкд) . Браво . Аутсајдер била , но ја победила противничката. Наша тенисерка на резултати.ком немав видено 100 години.


Лина Ѓорческа се вика девојчето, од Тетово е иначе. Има 18 години ама како што личи може да прерасне во солидна тенисерка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom