Секс/врска/брак со партнери од различна религија/националност

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Партнери од различни националности, топ е тоа, децата у старт ќе бидат двојазичњаци, ко преведувачи ќе можат да работат ако за друго не ги бива :)

За партнери од различни вери, немам ништо против. За себе лично, се сомневам дека сум толку храбра. Не сум религиозна и ме заболе за верските празници, а би ги почитувала туѓите с~е додека не ми се наметнуваат. Ама тешко е тоа бе, тешко е да се прават компромиси и со луѓе кои се многу слични со нас, а камоли со луѓе кои имаат различни концепти за живеење и однесување. Пред да се стапи во верски мешан брак, треба и двајцата партнери отворено да ги стават на маса очекувањата за однесувањето во иднина. И да исподоговорат у старт некои работи кои накнадно можат да испаднат спорни, а не е лошо да има и пишан документ, предбрачен договор или нешто слично. Пошто слушам љубовта немала граници, ама само во рокот на траење, a и требало да се чува во специјални услови, на влажно и топло место :love2:
 
Па не те тера некој вера да менуваш.Ти ако го сакаш партнерот ќе го прифатиш таков каков што е,а верувам и он тебе,а под таков каков што е подразбирам и верска определеност.
Pa vo toa e problemot sto ne sakam niti jas da go prifakam ni toj mene ne znam za drugite niti sakam da se mesam ali jas si zboram za mene ,ne doaga vo predvid .Za prijatel ok ne mi smeta ali za pod isti pokriv ne.
 
Aaaa ти можеш да си ги контролираш чувстватааа.
Па шо не кажа уште на почеток,да не замарам.
 
Ако се партнерите нерелигиозни и незатуцани (незаостанати) не би требало да има никаков проблем.

Ако пак се силно религиозни и поконзервативни има поголеми шанси да дојде до недоразбирања поготово заради пошироките фамилии.
 
мене тоа воопшто не ми смета од која национлност е ама проблемот е како ке прифатат моите дома затоа што тие се доста конзервативни:nesvest:
 
мене тоа воопшто не ми смета од која национлност е ама проблемот е како ке прифатат моите дома затоа што тие се доста конзервативни:nesvest:

Зар би се бунеле твоите ако им донесеш некој супер фин дечко од Франција или Германија на пример?
 
Може некој да го опише притисокот од фамилијата во вакви врски?
 
мене тоа воопшто не ми смета од која национлност е ама проблемот е како ке прифатат моите дома затоа што тие се доста конзервативни:nesvest:
Не е ни до конзервативноста..
Ако се партнерите нерелигиозни и незатуцани (незаостанати) не би требало да има никаков проблем
Не е точно..еве моите се религиозни па немам никаков проблем..
Ако пак се силно религиозни и поконзервативни има поголеми шанси да дојде до недоразбирања поготово заради пошироките фамилии.
Не е точно..еве моите се религиозни па немам никаков проблем..
Инаку жена ми е од Србија...
Во прашање се повеќе меѓучовечките односи отколку религијата и националноста..нешто слично како во бракот..потребни се компромиси..за да функционира се како што треба
 
Ако се партнерите нерелигиозни и незатуцани (незаостанати) не би требало да има никаков проблем.

Ако пак се силно религиозни и поконзервативни има поголеми шанси да дојде до недоразбирања поготово заради пошироките фамилии.

Каква врска има овде затуцаноста/незатуцаноста?

Едноставно, самото општество не прифаќа ваков вид на врски или бракови.
Ти и да си незатуцан (мада не сум сигурна што подразбираш под овај збор.. Можеби заостанат?) општеството нема да ти дозволи да зачуваш ваква врска. Сите тие притисоци, дискриминации и предрасуди ќе бидат пресудни за една ваква врска.
 
Не е ни до конзервативноста..

Не е точно..еве моите се религиозни па немам никаков проблем..
Инаку жена ми е од Србија...
Во прашање се повеќе меѓучовечките односи отколку религијата и националноста..нешто слично акко во бракот..потребни се компромиси..за да функционира се како што треба

Да појаснам,ми се подразбираше силно религиозни од различни религии.

Јасно дека меѓучовечките односи се најбитни ама религијата кај многу луѓе без да сакаат е навлезена и во културата така да може и да влијае до одреден степен.

Но генерално си во право.
 
Да ти помогнам да разбереш се работи за различни црковни конфесии...
 
Каква врска има овде затуцаноста/незатуцаноста?

Едноставно, самото општество не прифаќа ваков вид на врски или бракови.
Ти и да си незатуцан (мада не сум сигурна што подразбираш под овај збор.. Можеби заостанат?) општеството нема да ти дозволи да зачуваш ваква врска. Сите тие притисоци, дискриминации и предрасуди ќе бидат пресудни за една ваква врска.

Можеби погрешно се изразив (несреќна формулација :smir:).

Мислев на ограничен во сваќањата и силно конзервативен (што не мора да е лошо) но може и има поголеми шанси да доведе до проблеми бидејќи тие личности најчесто не се премногу толерантни кон оние со спротивни или различни сваќања и мислења.

Човек може и да смени средина ако е љубовта толку голема но и јас истото го потенцирав, може да има проблеми кај пошироката фамилија или општеството.
 
Точно...Ни јас не би ја сменила верата нити пак би барала од него да ја смени својата, а на децата би им оставила самите да си изберат што ќе прифатат и на која вера ќе припаднат.

Dobro moze od zenska strana taka e..decata sami da odberat.ali ne bi sakal ako jas sum hristijanin pravoslaven,a zena mi muslimanka,da imam sin i da bide odgleduvan spored nivni obichai..
 
Dobro moze od zenska strana taka e..decata sami da odberat.ali ne bi sakal ako jas sum hristijanin pravoslaven,a zena mi muslimanka,da imam sin i da bide odgleduvan spored nivni obichai..

Ама нема да биде одгледуван според нивни обичаи затоа што ти ќе го одгледуваш. Што знам, ќе си се договорите и врз основа на тоа ќе го одгледате детето, а кога веќе ќе треба да си избере религија секако ќе биде веќе доволно возрасно самото да одреди што сака понатаму.

Инаку не би сакала ни јас детето да ми биде одгледувано според нивни обичаи... или ќе бидат застапени и двете страни подеднакво или ниедна.
На крај краева што има потреба од мешање на религија?
 
Ама нема да биде одгледуван според нивни обичаи затоа што ти ќе го одгледуваш. Што знам, ќе си се договорите и врз основа на тоа ќе го одгледате детето, а кога веќе ќе треба да си избере религија секако ќе биде веќе доволно возрасно самото да одреди што сака понатаму.

Додека стане детето свесно за сопствена определба едната страна веќе ќе има наметнато мислење и ставови во врска со сопствената религија (во поголемиот број на случаи). :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom