Проблемот е баш идеолошката нечистота и правењето компромиси а не недостатокот од нив.
Во Америка демократи и републиканци се тепаат цело време,во Јапан во парламент се прават парче од тепање за најмали работи,во Британија порано парламентот исто бил воена зона последниве декади се имаат смирно.
.
Чекај малце, каква е таа идеолошка нечистота, а како да се дојде до идеолошка чистота? Ова некако ми звучи национал-социјалистички. Од друга страна пак, ако имаш идеолошка чистота, значи немаш недостаток на идеологија, но ако имаш идеолошка нечистота, онда имаш недостаток од идеологија и правење компромиси. Мислам, малку е конфузно ова, идеологијата како таква сама по себе создава одреден вид „чистота“ (ако може така да се нарече), со оглед на фактот дека под чистота не се подразбира дефинициската пропорција на идеологијата (теоретскиот модел), туку формата во практика. Па така, идеологијата како таква може да подразбира и надидеолошки елемент, односно дури и негација на идеологијата (па дури и негација на негацијата), и како таква да прави компромиси и да биде чиста (само заради тоа што претставува идеологија!).
А ова за парламентарциве, пууууу брат.. не да се колат бесат на запад и исток, тоа е невидена работа не зезај.. Доволен доказ за тоа ти е што во САД, во нивната смисла за парламентаризам (иако се они претседателска федерална држава), имаш нешто што се нарекува whips или камшици, што е редовна морална практика на тој систем, и е дел од уставниот систем на САД. А во В.Британија имаат нешто слично (практично америте го имаат преземено од нив), и е исто така дел од нивното обичајно право. Али, добро, поентата овде е што имаш, за мене апсурдна, морална норма за однесување во парламент, сведена на правна практика.
Не ме сфаќај погрешно, но мислам дека има нешто дебилно веќе во овој парламентаризам ширум светов...
Што ми кажа сега еј...

Не ти зборувам јас за луѓето што седат во Парламент, туку за обичното членство, кое во Британија и Америка не се однесува како што се однесуваат тука, туку го прифаќаат фактот дека имаат различни видувања и си продолжуваат понатаму.
Ретки се таму луѓето што партиски се толку заслепени, што ги мразат тие што се различна политичка опција. Во Америка инаку партиите се најлабави од сите, членството (обичното, не тие на функции) претежно се активираат и се замараат за партиите само кога се избори во прашање, за разлика од кај нас, каде луѓето 24/7 и по свадби и родендени се замараат за политика.
Јас во Парламент очекувам да се караат, расправаат, тоа им е работа. Ми ја споредуваш Британија и Америка. Да, тие нон-стоп си противречат, пред се заради идеолошките разлики, но
разликата е што тие еден со друг се гледаат како конкуренција, а не како непријатели. И покрај несогласувањата, седнуваат на маса и имаат ДИЈАЛОГ. Што ако кај нас прават компромиси кога нема дијалог? Има два монолози што се одвиваат во исто време, ама не се слушаат едни со други, на штета на народот.
Амди Бајрам е кај нас во Собрание и зборува дека е “Кока-Кола“, “Црнец“... и ти сакаш Парламентот да го сфати некој како сериозна политичка институција каде се одлучува за важни општествено-политичко-економски прашања?
Прочитај еден стенограм, транскрипт, да видиш како се однесуваат и како се изразуваат нашите пратеници. На се личи на Парламент не личи. Нема достоинство никакво, само голо напаѓање и лично навредување и бегање оф-топик од дневниот ред.
Еј не ме зезај, ретки биле на запад.. абе како мењаат партиски книшки, па како само пљампаат и тие на за да сменат боја на партија. ех! сегде го има тоа..
За заслепеност, еве земи ги америве на пример, и тоа до скоро со нивниве The Tea party! Или чудното исчезнување на новинари и министри, па наоѓање на нивните трупови во некоја шума во Есекс и Весекс у Британија, во време на Блер. А за Берлускони и Саркози да не праам муабет!

)))))
Друго, биди сигурна дека се убиваат од карање и расправање и на запад, а кај нас веќе знаеш. Али има тука една финта, тоа се вика конкурентни непријатели или конкурентно карање. И тоа функционира беспрекорно и на запад, а и кај нас. Па погледни само низ ГТЦ малку по кафичите сред работно време, ќе видиш пратеници или помошници од пратеничките групи, како заедно и весело си пијат кафе и шмекаат јаки пички. Се е тоа еден добар брак во и така очајниот свадбарски менталитет.
Најдобар пример за ова пак ти се Грциве. Замисли само каква политичка игра еј! ПАСОК и Неа Демократија, до пред година две демек „со очи не сакаа да се видат“, а сега дојдоа едни нови момци - СИРИЗА, што очигледно им ги замрсија фетишите, и сеа оп, ПАСОК и Неа Демократија ќе коалицираат за да формираат влада! И тоа уште ја нарекуваат Влада на национално единство, а овие СИРИЗА, кој ги ебе! Зашто, аааааа па они не се уклапаат во шемата, они се левичари!

)))))))))
Ебеш му матер али то ти е..