Велешко Езеро (Езеро Младост)

  • Креатор на темата Креатор на темата Barto
  • Време на започнување Време на започнување
Сум бил на Велешкото езеро пред околу 2 години. Многу е убаво, особено погледот. Баш би сакал пак да одам:(
 
Сум бил на Велешкото езеро пред околу 2 години. Многу е убаво, особено погледот. Баш би сакал пак да одам:(
Убаво викам,едно кајгана собиранче да направиме :love:
 
Дајте предлог кој ден да идеме да се собереме, ептен ми се иде:D
 
Freedy T. ти спомна дека вчера си бил на велешко, на кое место беше кај бродот или кај хотел Романтик?
 
ако планирате да идете кажујте со време..стасувам...али да биде некое собиранче на отворено...не бродови романтици.... :)
 
ако планирате да идете кажујте со време..стасувам...али да биде некое собиранче на отворено...не бродови романтици.... :)
На некоја плажа,прва втора,отовица логорче могорче мх мх убаво ке биде :LOL:
 
Не сте нормални, за седење на бродот или на Романтик ајде ми де, ама во таа гнасна вода нема шанса да влезам..
 
Немора бањање -.- Доволно е логорување.....скариче,пивце,природа,ништо поубаво :D
 
Не сте нормални, за седење на бродот или на Романтик ајде ми де, ама во таа гнасна вода нема шанса да влезам..
И јас се чудам како некои луѓе се бањаат на првата плажа. Влегуваш и до коленици пропаѓаш во тиња. За бањање е најубаво на Отовичка или кај таа до Романтик што е. Јас се имам бањато и кај карпите, како мала со татко ми кога одевме по риби, таму е најчиста(y) или пак на педалинка и сред езеро - нема поубаво, само сега од муабетот за сомовите ми е страв:unsure:

Рачунајте ме и мене ако се среди собиранка (y)
 
Собиранка на Велешко.....count me in :)
Море шо Велешани никнаа наеднаш на темава да се чудиш :)
 
Добро дали е гнасна водата или не, не е битно ,... битно е дека велешани (не рачунајќи им го базентот) има каде да се пробањкаат и да си се одморат ... а ние светиниколчаните незнам што ќе правиме со нашава брана Мавровица ... - толку е и таа некаде голема (може да е малку помала ајде) али од дека водата е матна и уште на почетокот пропаѓаш во 1 метар кал па и за разлика од велешково езеро има ненормална длабочина ... значи на почетокот влегуваш и веќе кога ќе се одалечиш 2-3 метри пропаѓаш дирекно у 3-4 метри длабочина, ... како што ми викаа кога бев мал моите - '' таму се бањаат само пливачи '' , инаку браната да си кажам не служи за ништо друго освен за риби ловење (али и за риби веќе не служи ради тоа што тие гнасните риби амури и сомови кој ги пуштаа пред 10-тина години изедоа се живо и браната па дури покушаа и човек да изедат,и ги пуштија во браната пред 10-тина години како што реков демек да се размножеле ,имале многу вкусно месо амурите:pos:, арно ама овие какво множење какви бакрачи направиле по 5-6 метри и по едно 300-400 кила и на дното лежат и лапаат се што ќе им дојде во уста у тоа тињакот , - барем така кажуваат нуркачите кои се имаат симнувано во браната и кажувват дека биле како торпеда поредени,... е ајде бе нека ги фати некој маж сеа па да ги јадиме :D ... браната е драбока околу 60 метри , а на центарот на браната се кажува дека имало дупка со пречник од од 80-90 метри и со длабочина од 100-тина метри и има видливост околу 15 сантиметри:unsure:... така неќна и си погина едно дете :( бог да го прости , отишол со душек да рани риби на сред езеро и од еднаш извикал леле колкава риба, се нурнал да ја фати и излекол по 10-15 секунди ... викнал нешто ме влечи за ногата и веќе не се појавил:() али ок ајде отидов оф топик инаку водата не се пие а и струја не произведува така да незнам што е функцијата на бранава ....или нека ја среди државата или нека се испушти да се испоубијат тие грозни створења ... да се потпуни колку толку и да се направи нова брана која потоа ќе се пориби со салмни риби, а од тука може и ќе се направи некоја салмна плажа и што е најбитно да има пика вода , а не од тоа копаните бунари да пиеме ... ама ајде ... инаку не сум бил на велешко езеро, мислам сум поминал во негова близина, али не сум се бањал или не сум идел на пикник:) ,... али би сакал :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom