Вероника Марс
Spoilers-HO!
Вероника Марс ми е една од најомилените серии како прво, поради главниот лик по која е именувана серијата која е глумено перфектно од Кристен Бел( за која мислев дека после ова ке се прослави повеќе наместо да заврши како наратор на една серија за богати дечишта ама плата си е плата каква и да е веројатно) и како второ....па серијава е стварно добра. Искрено како второ сакав нешто подобро да пишам ама ми отиде мислата, јеби га се дешава.
Вероника е најпопуларната девојка во нејзиното средно училиште заедно со нејзината најдобра другарка Лили. Таа не доаѓа од имотна фамилија но нејзиниот татко е шериф во мало градче на брегот од Калифорнија коишто жители се богати индустријалци, популарни А-листни актери и директори на големи компании. Тоа и дава некој вид на углед на нејзе што и допринесува да биде пријател со популарните "убави" богати деца во школото кои на поинаквите од себеси гледаат со презир. Но еден ден се се менува. Лили, нејзината пријателка е пронајдена мртва. Поради политички скандал поврзан со убиството на Лили, нејзиниот татко е срамно разрешен од својата функција и таа тогаш губи се. Ја губи својата мајка која ги напушта својот сопруг и ќерка поради срамот што е доживеан а исто така ги губи и своите "пријатели" затоа што Вероника завзема став дека нејзиниот татко е во право. Нејзиниот дечко почнува да ја одбегнува и престанува да збори со нејзе. Набрзо она е отпадникот во нејзиното школо а заедно со татка си, и во градот. Една вечер после тие случувања откако разбира дека се организира куќна забава во една од вилите на привилегираните деца, Вероника се упатува натака решена да им покаже на своите бивши пријатели дека онa не е заинтересирана што мислат они за нејзе и дека може и самата да се забавува без нив, но некој вечерта и дава пијалак кој има нешто повеќе од алкохол. Следното утро се буди во истата вила со реализација дека некој ја има злоставено. Таа се упатува кон полициската станица каде што и се случува најлошото што може да се случи на некоја жртва на силување. Никој не и верува, дури и ја обвинуваат дека се обидува да го наруши угледот на градот и брзо ја испадуваат од станицата. После тој случај таа е решена преку истраги вршени од самата себеси да утврди кој стои зад злоделото извршено низ нејзе. Целата приказна се протега низ две сезони(има и трета сезона ама тапа е) во кои таа не само што ке прерасне од циник во девојка која е подготвена и со најголемиот предизвик да се соочи само за да дојде до вистината, туку и ке се постави на средина помеѓу ривалски банди и ке стане и глас на потиштените, на неприметливите и на самиот крај таа ке ја има својата одмазда.
Вероника е се само не е типична средношколка, таа е девојка која има пропатено премногу за нејзини години. Таа е девојка која е заробена во ноир свет, заробена во еден вид грчка трагедија. Приморана е да порасне предвреме и да влезе во свет во кој ни повеќето возрасни лица не би можеле да се справат без нерви да им попуштат. Ликот на Вероника е безвременски и во тоа помага Кристен Бел која поседува неверојатна шармантност каква која ретко имам видено на телевизија.