Ако има место каде што можеш да се паркираш (за солидна сума!) и ако има начин да не користиш кола и кога треба и не треба (повеќе од солиден градски превоз), треба да бидат огромни казните. Огромни. Да не ти падне на памет да праиш иста глупост.
.
ЈСП = повеќе од солиден градски превоз?
Паркинг за солидна сума? Каде е тоа? Во Нарнија? Во центар на Берлин има паркинг за 1 евро саат. Во центар на Скопје исто. На добар пат кон Европа сме, навистина.
Патем, зошто го користиме зборот "солиден" to begin with?
Како и да е, ниту ЈСП е добар градски превозник, ниту паркинзите се со добра цена и добра услуга. Пред сѐ, ми се случило на градски паркинг со платен паркинг да ми ја кренат колата и да морам да платам 3500 за да си ја земам. "Имаа докази" дека колата ми била таму во време кога јас бев дома. Ама, на сликите "така пишуваше". Друга работа, во Германија казна за погрешно паркирање е 15 евра. 900 денари! Ако ја кренат колата со пајак не знам колку е, но во Скопје казната за погрешно паркирање мислам дека некаде помеѓу 1300 и 1500 денари (нека ме поправи некој ако грешам). Значи, во старт е 400 денари повеќе, што не е незначителна разлика. Плус, ако се земе во предвид стандардот, значи ДЕРАТ со казните.
Трето, вистинска случка од еден помал град. Полицаец завршил смена без да ја исполни нормата за казни и враќајќи се накај станица пред него возела кола со залепено ливче дека се продава и напишан мобилен. Полицаецот си го свртел бројот, човекот во колата кренал и полицаецот го сопрел и го казнил за зборување на мобилен. Не дека тој во колата не бил крив што кренал, ама тоа кажува со кои финти се служат цајканите само за да казнат.
Не викам дека не треба да има казни, не викам дека имаме добра сообраќајна култура, далеку од тоа, коса на глава ми се крева кога ќе помислам дека треба да возам некаде низ Скопје, меѓутоа, факт е дека казните се нереално високи и дека често се добиваат и за џабе.
Во контекст на муабетот за пешаците, и пешаците се крајно некултурни и не почитуваат правила и им газат на нерви на возачите, се влечкат, на пешачки поминуваат како на корзо, некогаш гледаат дека некој вози малце побрзо и не може да закочи и намерно излегуваат на пешачки со идеја "пешак сум, мора да ми застане" и присилуваат да кочиш како ненормален и после те гледаат на косо зашто нагло си закочил. И пешаците и возачите се Бог да чува.
alpha dog да, треба да те казнат за светлата. Ако не ти работи, смени го, не се скапи сијаличките воопшто. Ако возиш на локален пат, пример, некаде кај што не е осветлено, некој може лошо да процени и да те собере од страната кај што не ти свети светлото.