Кретените кои возат мотори на патеката на кеј

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Да не должам многу да почнам одма ајде без да објаснувам зошто насловот така, заклучете сами или нека ја преименуваат...
По подолг застој, конечно од денес почнав да идам на патека. Станав рано, некаде околу 5:30 часот и пополека од Ѓорче Петров се упатив кон патеката која почнувува во Карпош IV кај мостот "Обединети нации". Пристигнав таму по околу 20 минути пешачење и бев доста изненаден затоа што уште толку рано имаше доста народ. Некој пешачеа, некој идеа со велосипеди кој рекреативно кој решил да смени и со велосипед да иде на работа ( се приметуваше по облеката во која беа облечени).
skopje2.jpg
По некое време почнаа на патека во делот што е наменет за велосипеди и ролерки да се појавуват и мотори кој пречеа на велосипедистите. Што јасно говори за ниската совест на некој наши сограѓани кој ни го окупираат единственето место на кое слободно може да се движиме без да се плашиме дека ќе залета некој автомобил во нас. Исто така и тие што идат пешки, наместо да се движат по горната патека наменета за пешаци се движат по долната која има друга намена и обратно. Со оглед на тоа дека не можеме со инка да им тураме во мозок нешто во памет, како мислите дека треба да се реагира и граѓаните да го почитуваат редот за сите да бидат задоволни?
 
Како што поминува покрај тебе, со една летва контра да го плеснеш. За воља на вистината, додека не му кажеш зошто си го направил тоа, нема да му биде јасно зошто си го удрил. Пред 2-3 години кога трчав таму еден дедо секој ден седеше на иста клупа и им аплаудираше на сите моторизирани.

П.С. Златен Сарај за рекреација, нема да згрешиш.
 
Не е ништо ново, пред 2 години исто се напињав.... мотори, коли, свашта. Еднашка дури и сериозно планирав да земам камен и да бапнам една кола. Ко шо бев у форма, дои да ме стигнеш после!
Како што наговести пума, мора да има казни за овој идиотизам и полиција да стражари барем во лето кога има лимит народ.
 
Само казни за вакви. Не мотори, дури и коли шибаат тука. Еден другар со кола лани поминувал и го сопре полиција. И за несреќа не го казни. Истиот со точак кога возиме вози невнимателно и е опасност за сите на патеката. Јас од него 2 метри сум одалечен. Некои луѓе незнаат ни точак ни ролери да возат и само прават проблеми и застој во сообраќајот и им сметаат на другите. Ете другаров не се опаметува, а преку 30 пати се има судрено. А вози од 12 години и пак не знае правилно да вози. Грефче. :place:
 
....културата и почитувањето на законот не е генетски....се учи преку казни....кога можеа скандинавцине (најнецивиизирано племе во минатото) денес да бидат репер за цивилизираност и почитување на законините...можеме и ние само треба убаво да не удрат по џеб
 
Не отварај рани жити се... Ќе тепам некој ден некој таму ама сериозно.
Неписмен народ сме
 
Многу ми одат на нерви мотори на патека (иако реално не дека одам често, сепак доволно е да ги видам и се нервирам), исто ко шо се нервирам кога поминуваат мотори и коли покрај кафичите на кеј. Пиеш кафе/јадеш и ти брчат тука и креваат прашина. Фала, ама не нарачав макијато со трошки земја или салата со прашина.:facepalm: На страна го ставам фактот дека мразам мотори по дифолт.
 
Да и мене ме иритира !

Оптимистички - фино убаво поставени знаци (за кој би немало потреба доколку имаме високо ниво на култура )

Реалистички - да се реагира кај полиција и да казнува .
 
Некултура со мавање по џеб се лекува.
Само има одредени по кој и ако се мавне по џеб, нема ништо да испадне.. и тоа си останува.. и така
 
која е уствари целта на тие искрено кажано неписмени што возат со мотори по стазата...дебили
секако би се сложил да се казнуваат ама онака поштено ем казна што возат кај што не смеат да возат ем казна за кацига а мислам дека има и копиљаци кој што немаат никаква дозвола а сепак возат мотор
 
Еее да си ми жив и здрав за темава. Јас би додал и на идиотизираните што возат секакво моторизирано/немоторизирано двокотачно трокотачно и повеќекотачно возило по горниот дел на патеката кој е наменет САМО за пешаци. Не за друго, најпрво се става себе у ризик затоа што може да скрене малку и да излета доле - и НЕДАЈБОЖЕ тогаш доле да има уште некој. А да не зборам дека горе има мајки со бебиња...
 
Братче, ти го разбирам јадот.. Секаков вид на евидентно сељачанство ме вади од кожа >.<
А ние каква земја сме, и професорите на факултети (доктори на науки, пази), ни се сењачаана, а не пак некои со едвај основно ил средно..
Спасот никаде не го глеам осим во вложување труд во ментална дисциплина со цел по некое време такви малигни индивидуи по дифолт да ти идат на филтер.

Него, не пишав за тоа..
Сакав да ти кажам, нареден пат коа ќе сакаш да си го искажеш гневот на форум, биди си свој, не ми пишуј ко за у весник (:
 
Од оваа култура што ја нема народот прошлото лето кренав 2 девојки на волан ( ги лупнав со точак ) Бидејќи многу пати возам точак брзо по патека од тоа што одат по патека деца и други ствари лупнав 2 девојки кои настрадаа поради една мајка и едно дете. и од тогаш премногу внимавам да не лупнам некој и не возам толку брзо :) се надевам дека ќе има патролна полиција на точак која ќе кружи по патека и по џеб ќе ги мава сите оние кои се шетаат по патека за возење ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom