МВР ќе вработи 300 полицајци

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Ова само кај нас може да се деси.
Скандинавските земји објавуваат конкурс за полиција бараат 50 луѓе а се пријавуваат едвај 100 а кај нас бараат 300 а пријавено има 8000 .
 
Не е така. На селективниот ако го поминеш више си примен и после во Идризово идеш на обука. Зар некој е будала една година да троши време за на крај да му кажат дека не е примен:)

Од сигурни извори, во Идризово ќе одат на дополнителна обука од 800 до 1000 кандидати. Најдобрите 300 ќе добијат решенија за вработување, останатите идат дома!
 
Ова само кај нас може да се деси.
Скандинавските земји објавуваат конкурс за полиција бараат 50 луѓе а се пријавуваат едвај 100 а кај нас бараат 300 а пријавено има 8000 .

Па многу е мала невработеноста, оти сите работеле во сива економија.

Изгледа не е толку убаво во сива економија...
 
Па многу е мала невработеноста, оти сите работеле во сива економија.

Изгледа не е толку убаво во сива економија...
А што подразбираш ти под сива економија
 
Заврши пријавувањето на конкурсот за вработување на 300 полициски службеници. До МВР пристигнале 7597 пријави на заинтересирани граѓани. Како ќе се изберат 300?​
getImageThumbnail.axd
МВР објаснува како ќе тече постапката по завршувањето на пријавувањата на конкурсот за полицајци.

Најнапред пријавите во електронска верзија како и во хартиена форма ќе бидат доставени до Секторот за заеднички работи и управување со човечки ресурси и ќе се внесат електронските податоци во софтверот за евидентирање на податоците и резултатите од јавниот оглас.

Следната фаза ќе опфати изготвување на листа од страна на Комисијата по завршена административна проверка, односно листа на пријавени лица кои ќе бидат повикани на проверки на моторички способности.

Проверките ќе се одржуваат во Касарна „Ѓорче Петров“ и Касарна „Илинден“ (усогласување на списоците во врска со проверката на моторичките способности со претходна консултација со Командантите на ЕСЗ и ЕБР) - просечно по 300-600 пријавени лица распоредени во два термини, претпладне од 07 до 10 часот и попладне од 18 часот до 21 часот.

Кандидатите кои ги исполниле нормите на моторичките проверки ќе одат на писмено тестирање (психолошки тест, општообразовен тест и изработка на есеј).

По завршувањето на оваа фаза ќе следи интервјуирање на кандидатите.

Последната фаза се здравствените прегледи.

Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на тестирањата преку Секторите за внатрешни работи, односно надлежните организациски единици според живеалиштето на пријавените лица.
 
Published on Jul 20, 2012 by MVRMacedonia1231
Од вкупно пријавените 7.597 кандиати на конкурсот за прием на полицајци во Министерството за внатрешни работи, првата фаза односно проверката на физичките и моторички способности, согласно конкурсните критериуми, ја минаа 1.055 кандидати, од кои 876 се мажи, а 179 се жени.
 
1:31 видија оваа како се пучи со газот хахаааха
 
Трчај стоко после цел живот куче да бидеш.
 
Како може на конкурост да се пријавува секој што ќе стигни па нели имаме полициска академија нели некој целиот живот се обучува за полицаец како може некој со штотуку завршено средно и добри врска да стани полицаец стварно не ми се јасни некој работи како може некој со земјоделски факултет да биде полицаец.
 
стварно не ми се јасни некој работи како може некој со земјоделски факултет да биде полицаец.

Претпоставувам дека знаеш оти живееш во чудесната земја Македонија.
 
Чудесна... Некој од овие не се ни појавиле, а влегле уште пред да биде пуштен огласот. Е тоа е брате чудо!!!!!!
А еден другар им отиде таму и направи од сите норми поставени повеќе овие се крстеле сите таму .. и на крај ке го заебат него нема да го примат а ке примат син на некој пријател нивни .. таков е системов во државава.
 
на физичките и моторички способности, согласно конкурсните критериуми, ја минаа 1.055 кандидати, од кои 876 се мажи, а 179 се жени.
ги понижувале кандидатите и ги снимале...​
срамно...​
 
А еден другар им отиде таму и направи од сите норми поставени повеќе овие се крстеле сите таму .. и на крај ке го заебат него нема да го примат а ке примат син на некој пријател нивни .. таков е системов во државава.
Кога наместо квалитет се бира партија, паа и таква држава реално гледано или па бар според мене и заслужува да пропадне кога-тогаш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom