Томатоленд во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.117
Најновата безпочвена оранжерија на домати „Томатоленд“ кај Свети Николе, компјутеризирана според највисоки европски стандарди, во текот на годината непрекинато ќе прозведува здрава храна и ќе заштедува енергија.
Фирмата „Мам ДОО Свети Николе, во близина на ова населено место, гради целосно компјутеризирани оранжерии високи пет метри, каде ќе има непрекинато годишно прозводство. На површина од 2 хектари, која не може да се обработува, во оваа специфична оранжерија – стекленик „Томатоленд“, прва во висина од 5 метри во Македонија, очекуваме годишен принос од милион килограми домати, потенцира за Дојче веле Александар Стојков, земјоделски стручњак и косопственик на фирмата.
Стојков ни појаснува: „Доматите ќе се произведуваат со хидропонија - беспочвено, односно на камена волна. Производстсвото се карактеризира со тоа што е целосно компјутеризирано и автоматизирано со најсовремен компјутер ’Прива‘. Се работи за холандска технологија од добро познат партнер ’Кees Greeve‘, а во Македонија ја монтира фирмата ’Фитохемија’. Овој вид на оранжерија може да се подигне на земјиште кое практично е неупотребливо за друга намена, бидејќи се изолира земјата и се одгледува во камена волна“, потенцира Стојков.
0,,16031941_401,00.jpg

Стаклениците од пет метри се највисоки во Македонија

Тој појаснува и дека опременоста на оранжеријата е на многу високо ниво - преку систем капка по капка, греење, потоа специјална термоенергетска завеса за заштеда на енергија преку зимата и за засенчување преку летото.
„Воедно има и систем за дозирање на CO2 во халата и сите тие системи се контролирани од еден централен компјутер со специјален софтвер за таа намена.Тој врз основа на надворешните климатски услови и на влезните параметри, коишто треба да бидат во оранжериите, прави комбинации од овие фактори, вклучува греење, наводнување, прихрана. Греењето на оранжериите ќе биде на природен гас - метан, за разлика од стандардните, кои беа на мазут и нафта. Енергетската ефикасност на оранжеријата е до 40 проценти и се постигнува преку инстаталирање на термоенергетска завеса, која автоматски се затвора и отвара, согласно параметрите на компјутерот, и навечер ја задржува топлината акумулирана преку ден“, објаснува Стојков.

Производство на здрава храна беа пестициди и хемикилии
Овој вид на производство, кој е застапен во светски рамки, е многу поздраво, бидејќи се изолира почвата, којашто е најголем извор на зарази, болести и штетници. Тоа значи, појаснува Стојков, дека „со само мала биолошка заштита, без да се користат никакви хемиски средства, како пестициди за заштита, доматите произведени на ваков начин ги исполнуваат сите најригорозни стандарди на ЕУ за квалитет. А, тоа значи, дека овие македонски домати од ноември годинава, кога ќе биде созреано првото производство од оранжериите на ’Томатоленд’, ќе можат слободно да се извезуваат на прибирливиот европски пазар“. Стојков воедно појаснува дека опрашувањето на доматите ќе се извршува природно со пчели, а ќе има и биолошка заштита од болести и штетници.
0,,16031943_401,00.jpg

Со поставување на термоенергетска завеса ќе се заштедува енергија до 40 проценти

Обезбеден пласман на европските пазари

За разлика од стандардната оранжерија каде има просечен принос од 20 килограми, во „Томатоленд“ годишно ќе има помеѓу 40 и 50 килограми по метар квадратен.
Стојков потецира дека „дури 95 проценти од годишното производство е веќе договорено за извоз на познатите пазари на кои фирмата и досега извезува - во Србија, Црна Гора, Косово, Хрватска, Словенија, Бугарија, Романија“, како и на некои нови пазари за неа, како што се Чешка, Белорусија, Австрија и мал дел во Германија. Планот е производите од „Томатоленд“ да освојат и нови пазари.

http://www.dw.de/dw/article/0,,16031960,00.html
 
...домашен или странски капитал????..апропо божеството славено : "странски инвеститор"...:)
 
саааааааамо 2 хектара ! за веќе обезбеден пазар, а во план им е освојување и на нови пазари :eek:
малку -.............. или ова им е онака- пробно?o_O
--- надополнето: 17 јуни 2012 во 15:38 ---
Мене Тумороленд ми се прочита.:facepalm:
кој што си сака тоа си чита- мене повеќе ме асоцираше на Дизниленд;)
 
Не треба земја ? А сепак е направено на квалитетна земја, (кл. ?)
Према дадената слика,на најдобра земја во Овчеполието.
Или се лажам,можеби ќе даде тапија за 6-7 класа,т.с. неплодно земјиште.
Имало и досега хемија во доматите,ама ова е супер „европска“хемија.
Ама ова земјиште за друго не можело да се употребува, оф мори.....
а на кое земјиште се садеше памукот во Овчеполието...
--- надополнето: 17 јуни 2012 во 15:40 ---
Мене Тумороленд ми се прочита.:facepalm:

Тоа доаѓа после седумгодишна употреба на оваа хемија..ха..ха..ха...
 
Семето од каде ќе биде, наше или ЕУ хибрид?
 
Ај па вие шо се загајливте, цело производство ќе оди за извоз. Повеќе фирми значат подобро за невработеноста и свежи приходи во општеството!
 
Семето од каде ќе биде, наше или ЕУ хибрид?
...семе за ДОМАТИ одамна нема наше.
Незнам дали некои Тетовски баби и дедовци успеале да спасат некој потомок на тетовски јабучар, скопскиот е веќе закопан во историјата. Во Македонија има секакви глупости, ама дообро заштитена банка на семиња и друг генетски материјал од растенија на поднебјето НЕМА.. :)
Инаку хидрофона фарма е супер, оваа со висина од 5 метра, контролирана атмосфера и заштита без прскање и други анти штеточински хемии е супер. Сеа колку ќе знаат да возат вакво нешто со трошоци кои нема да ги банкротираат .., останува да видиме...
 
...семе за ДОМАТИ одамна нема наше.
Незнам дали некои Тетовски баби и дедовци успеале да спасат некој потомок на тетовски јабучар, скопскиот е веќе закопан во историјата. Во Македонија има секакви глупости, ама дообро заштитена банка на семиња и друг генетски материјал од растенија на поднебјето НЕМА.. :)
Инаку хидрофона фарма е супер, оваа со висина од 5 метра, контролирана атмосфера и заштита без прскање и други анти штеточински хемии е супер. Сеа колку ќе знаат да возат вакво нешто со трошоци кои нема да ги банкротираат .., останува да видиме...

Чекај сеа, тие јабучарите што ги користевме до пред неколку години (последниве години стварно некако се намалуваат) наши биле или странски? Знаеш тие големите и сочни од кои жениве прават џус и кечап :).

Тоа е најубав патлиџан што сум пробал овие на запад немаат шанси ни по вкус ни по мирис и ако веќе ги немаме за нас е трагедија.

И не сфаќам зашто би користеле странски семиња место нашите, која им е мотивацијата на земјоделциве?
 
Мислев дека е нешто слично на дизнилент оно за домати било -.- :facepalm:
 
Прво помислив кога прочитав дека е некој фестивал ова. :D Е убо де, со среќа нека му е на човекот.
 
Чекај сеа, тие јабучарите што ги користевме до пред неколку години (последниве години стварно некако се намалуваат) наши биле или странски? Знаеш тие големите и сочни од кои жениве прават џус и кечап :).

Тоа е најубав патлиџан што сум пробал овие на запад немаат шанси ни по вкус ни по мирис и ако веќе ги немаме за нас е трагедија.

И не сфаќам зашто би користеле странски семиња место нашите, која им е мотивацијата на земјоделциве?
..домашно семе за домати ОДАМНА НЕМА..,може некој негде, од дедо на внук пренесува некое домашно семе за своја душа, ама мислам дека тоа е само легенда...исто како онаа за селските кокошки и домашните јајца...;) ..цела среќа што освен семето доматот го прави и почвата, сонцето и водата..., па некако помакедончуваат и доматите:)
 
Ретко јадам салата од патлиџани од увозни семиња. Тие само личат на патлиџаните што порано ги јадевме.
Цело лето јадам салата од зелка....
 
Ретко јадам салата од патлиџани од увозни семиња. Тие само личат на патлиџаните што порано ги јадевме.
Цело лето јадам салата од зелка....
А зарем ти наивно веруваш дека семето за зелката се произведува во Македонија???? ;)
 
Back
На врв Bottom