- Член од
- 13 август 2009
- Мислења
- 9.543
- Поени од реакции
- 5.772
На точно 7 дена до стартот на официјалниот дел од Wimbledon, еве ја и темата. Сите кои имаат позитивна и добра мисла, сите оние кои имаат аргументи, сите оние кои сакаат да докажат нешто, се добредојдени во новата тема за Вимболдон. Стартуваме со Вовед.
Прашувајќи го веројатно најдобриот тенисер на сите времиња, кој е најомилениот негов турнир, без двоумење тој би рекол Вимболдон. Кој е најдобар тенисер на сите времиња !? Можеби, повеќето да навиваме за Рафаел Надал или Новаќ Ѓоковиќ или пак за Енди Мареј или за Енди Родик, но сигурен сум дека сите ќе се сложите дека Роџер Федерер е најдобриот тенисер во историјата, и ова е неговата омилена подлога. Само ќе кажам, немој да го отпишувате.
Инаку, во општиот дел, сите знаеме дека Вимболдон е најстариот Гренд Слем, кој датира уште од 1875 година, и заедно со Роланд Гарос, Аустралиа Опен и УС Опен, претставува еден од 4те Гренд Слемови. Како и горенаведените, така и овај на победникот му носи 2000 поени, само под услов да го освојува прв пат. Доколку оваа година, Новак го освои Вимболдон, повторно, тој нема да освој 2000 поени, туку има улога да ги одбрани овие поени, кои се на неговото конто. Доколку одпадне пак ќе му бидат одземени поени, во зависнот во која фаза би испаднал. Во продолжените еве ги, поените кои ги добиваат победниците.
Пласман во 1 рудна: 10
Пласман во 2 рунда: 45
Пласман во 3 рунда: 90
Пласман во 4 рунда: 180
Четвртфинале: 360
Полуфинале: 720
Финалист: 1200
Шампион: 2000
Вртоглавите суми влегоја во светот на фудбалот и кошарката, полека но сигурно влегуваат и во тенисот. Можеби, не толку како директна заработка од освојување на трофејот, колку од спонзори. Еве чисто, за споредба, првиот победник на Вимболдон е Спенсен Гор, кој за освојувањето на првиот Вимболдон, добил награда од дури 12 фунти. Се прашувате колку ќе добие годинешниов освојувач ? 1,150,000 фунти !! Но, чисто за споредба. Тоа и не е се. Ете на пример, првиот рекет на светот, потпиша договор за спортска опрема која ќе ја носи во наредните 3 години, од корејскиот, чинам UNIQLO. Од овај договор Новак ќе заработи приближно 30 000 000 долари, сума која не е прецизирана, бидејќи има вклучена клаузула за бонуси. Клаузула ? На пример, досегашната продажба на тој бренд била, 3 маици на 100 луѓе. Во првите две недели по потпишувањето, брендот пристигнал и во Европа, каде е забележена рекордна потрошувачка. Само за илустрација, Англиски TImes, објави дека вкупно се продадени 950 маици на 100 луѓе. То шо значи ? Значи во просек, секој маж/жена/дете имаат по 9 вакви маици, UNIQLO. Пред нив, се само NIke, Adidas, Puma и Sergio Taquoni. Нормално, најголем пазар за овај бренд се се Кина, Јапонија и САД. Убаво за еден сосед, нели !?
Да се навратиме за Вимблдон. Трофејот кој што ќе го добие победникот во синглови, кај мажите, е висок околу 48см, а широк околу 19см. Трофејот е востановен од 1877 година, и на него, како натпис и до ден денес стои All England Lawn Tennis Club Single Handed Championship of the World." Кај дамите, пак натписот кој што стои е "Venus Rosewater Dish", по што и нормално трофеите си ги добиле своите имиња. Традиционално, Англичаните се големи „фанови“ на својата историја, па затоа овие имиња се задржале и ден денес. (За повеќе информации што значат имињата, кај мене на профил) Исто така, оваа година паричниот фонд на Вимболдон е зголемен за 6.4%, при што вкупниот фонд изнесува 17.600.000 фунти. Како што кажавме, шампионите во двете категории, добиваат по 1.150.000 фунти.
Е да, нешто интересно од википедијата на предходната тема:
Важно е да се спомне дека рекордерите кои освоие по 7 титули се Пит Сампрас и Вилијам Реншов, со што станале единствениот во историјата на Вимболдон со по 7 титули од овој Гренд Слем. Исто така, Бјорн Бјорг и Роџер Федерер се единствените на кои им успеало да освојат по 5 титули, едно по друго, од 76 до 80, односно од 03 до 07. Кај дамите пак, легендарната Мартина Навратилова, има 9 титули на Вимболдон, што ја прави најтрофејна тенисерка во историјата на Вимболдон. Сузан Леглен со 5 години по ред и Мартина Навратилова со 6 години по ред се единствените кои кои им успеало да го освојат турнирот, последователно.
Други занимливости, да речиме од познатите се дека, Енди Родик, е единствениот кој одиграл 39 гема и бил поразен во финале на Вимболдон(2009та година). Исто така Горан Иванишевиќ (запамтете го името, за подоцна ! ), е тенисерот кој бил најслабо рангиран, а освоил Гренд Слем и тоа Вимболдон. Во тоа време, тој бил, 125ти на листата (2001ва година). Борис Бекер е најмладиот кој го освоил Вимболдон со 17 години во 1985 година, а Лоти Дот кај дамите со 15 години, и тоа во 1887 година. Бевме сведоци на најдолгиот финален меч во историјата на Вимболдон ! Погодувате ? 4 часа и 48 минути, Рафаел Надал и Роџер Федерер (2008та).
11 факти кои не сте ги знаеле за Вимболдон.
1. Дожд, но каков?
За време на Втората светска војна, бомба падна точно на средината на Централниот терен и уништи 1.200 седишта. За среќа, во тој момент не беа полни. „Вимблдон“ продолжи да се игра во 1946 година, но дури во 1949 година беа санирани сите урнатини во околината.
2. Нема време за врска
Последната жена која победила на „Вимблдон“ во сингл, а била во брак е Крис Еверт во 1981 година. Лошо ѝ се пишува на Ким Клајстерс годинава...
3. Кратко претставување
Брејм Хилјард во 1930 година беше првиот тенисер кој на „Вимблдон“ се појави во кратки панталони (шорцеви), менувајќи го трендот на долгите панталони.
4. Лингвистички рекорд
Горан Иванишевиќ (го запамтивте) е единствениот шампион во 125-годишната историја на „Вимблдон“ чиешто име е составено од согласки и самогласки поредени наизменично. Навистина не знам кој го истражуваше ова и како дојде до таа идеја, но мило ми е што не бев јас.
5. Лошите британски момци
Тим Хенман беше првиот тенисер во историјата кој беше дисквалификуван во дубл. Во 1995 година, Хенман нервозен и во афект силно го удри топчето и погоди едно девојче од оние што ги бркаат топчињата. Енди Мареј стана првиот Британец кој доби парична казна поради пцуење кон судијата.
6. Роден во погрешно време
Спенсер Гор стана првиот шампион на „Вимблдон“ во 1875 година и кога победи, кажа дека оваа игра нема шанси да стане популарна. Тогаш, гледачите плаќаа по еден шилинг за да присуствуваат на натпреварите, а Гор за победата во финалето доби 12 фунти. Во случај да не знаете, шампионот годинава ќе добие 1,1 милиони фунти.
7. Нови топчиња, молам
Сте помислиле зошто топчињата се жолти? Не беа секогаш такви. До 1986 година беа бели, но поради барање на официјалните лица од „Вимблдон“, за да бидат повидливи на камерите, бојата е променета.
8. Гласна победа
Марија Шарапова на терените на „Вимблдон“ го урна рекордот за најгласно врескање во тенисот. Шарапова постигна 101,2 децибели. Колку за споредба, „Боинг 747“ не крева повеќе од 60 децибели.
9. Јагоди и шлаг
Оние што присуствувале на трибините на „Вимблдон“ сигурно знаат дека јагоди и шлаг се специјалитет на турнирот. Минатата година се потрошија 23 тони јагоди. Ако ги ставите една до друга, јагодите би се протегале 60 километри, односно од Скопје до Свети Николе. Лани, околу 7.000 литри шлаг се трошеа секој ден.
10. Жици за жичарница
Минатата година, повеќе од 65 километри жици се трошеа за шпанување на околу 2.000 тениски рекети дневно на „Вимблдон“. Тоа е доволно за шест пати да се обвие Централниот терен во Лондон.
11. Обезбедување со крилја
Сокол по име Хамиш секое утро лета над терените на „Вимблдон“, бркајќи ги локалните птици за да не вршат нужда над терените. Секој ден додека трае турнирот, Хамиш ја стартува својата работа во девет часот наутро и завршува во моментот кога се отвораат вратите за посетителите.
Веќе години, децении наназад, финалето и поважните мечеви се играат на Central Court. Низ историјата се случувало да еден тениски меч се прекине дури и на неколку денови, поради дожд. На пример, ние бевме сведоци во 2008та година, кога мечот меѓу Рафа и Роџер траеше повеќе од 4 часа, што поради напорната игра и 5те сета, што поради дождот. Оваа година, тоа нема да претставува проблем, или пак ако заврне за време на меч, нема да се чека повеќе од 45 минути, се додека подвижниот кров, не се намести и играта може да продолжи што е добро, како за играчите, така и за навивачите.
Иначе да, распоредот кај Дамите:
Кај дамите :
Пласман во 1 рудна: 5
Пласман во 2 рунда: 100
Пласман во 3 рунда: 160
Пласман во 4 рунда: 280
Четвртфинале: 500
Полуфинале: 900
Финалист: 1400
Шампион: 2000
Многу важно да се спомене е дека овај Гренд Слем, со себе носи и традиционален Dress Code, како и традиционалниот начин на следење на Вимболдон. Лани ја видовме Џесика Алба како „мези“ јаготки со шлаг. Глетка за уживање (порнич ! )
Е, шо да кажиме уште !? Аха. Минатогодишното финале меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал. За лани, немам зборови, само ќе си го цитирам моето мислење, кое и те како ми е едно од поомилените: „Квитова и Џокович повеќе од заслужено ги зедоа круните од Вимболдон..... За Квитова можеби е изненадување, но ако прашате во Србија некој Србин дали е ова на Новак изненадување, ќе ви кажат не... Со труд, работа, тренниг и љубов се стигна онаму каде што е.. Иако кога одеше на тренинг, НАТО бомбардираше во Србија, и на неколку км од неговиот тренинг камп, Тој не се предаде и веруваше.. Знаеше дека еден ден ќе биде она што е денес, и веруваше.... Го кажа тоа пред неколку години, како дете, во една телевизија, и веруваше во она што го кажа.... Со голем труд од негова страна, секојдневно, ден по ден, 365 дена во годината, пак тој, веруваше... Со љубов докажа дека се прават нештата, и додека тој го правеше тоа тој веруваше... Иако неговите немаа финансии, тој знаеше дека со самодовербата можеше да постигне многу, и веруваше... Иако имаше зад себе 2 Австралија Опен, тој сакаше Вимболдон, и веруваше во него... Сакаше и позиција број 1, и веруваше....
Веруваше и се оствари....
Светот доби нов шампион, светот доби нов број 1, во името на Новак Џокович....“
То е то.
Надополнето од Makedonec_7: Оваа година, Рафаел Надал го нема тој психолошки притисок врз себе, па навивачки би рекол (ептен малце време му посветив него на темава ) дека најмалку ќе игра финале, а најповеќе дека ќе го освој. Кој не би сакал повторување на епското финале од 2009та, или пак на она од лани. Рафаел Надал влегува во серија од 3-0 против Новак Ѓоковиќ победувајќи го на два пати во Мастерс финалиња и еднаш пред 2 недели, во финалето на Роланд Гарос. Титула со која што Надал, влезе во историјата на тенисот со 7 титули од земјата во Парис. За Федерер кажавме во воведот.
п.с за жените намерно не пишам повеќе, ме изнервираја. Во кладилниците, реков, од сега нека клават црвена точка, да знајме дека имат менструација. Ти клаваш пари, тие се заебаваат. Озбилно.
Секое добро.