Бодибилдинг суплементи

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Здраво билдеришта :)

Јас сакам да почнам со посериозно вежбање и да земам креатин. Се мислам околу Creastixx креатин кој наводно се конзумира без да пиеш вода бидејќи оди директно во крвотокот и инстантно ослободува енергија. Е сега кажете ми дали вие би ми го препорачале (позитивни искуства?, несакани дејства, downsides...)?

До сега не сум користел креатин, само протеини (хербалајф) со кои имам одлично и позитивно искуство (иако се доста скапи).

Само да напоменам, целта ми е да направам солидна дефиниција и маса на мускул (ништо екстремно или феноменално, чисто заради подобро лично чувство, его, и секако - за на плажа :) ). По природа сум слаб (60 - 61кг) и висок околу 180цм.

Тебе ти фали килажа пријателе...

незнам за креатинот,али најдобар е монохидратот...и јас за недела дена ќе почнам да користам креатин

само знај,моментално задоволство е...кога ќе прекинеш-паѓа повеќето мускул...не од лично искуство,ама од другарче знам...за да не падне,добро би било да го комбинираш со некој протеин.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116

А што всушност очекуваш од креатинот ти?

Главна цел е да ти даде поголема енергија преку ослободување на АТП кога е потребно.
Како секундарна функција - тој индиректно влијае на качување на мускулна маса преку повеќе работи (зголемувањето на волуменот на мускулните клекти овозможува подобар крвоток и со тоа подобра абсорпција на хранливи материи во опоравокот, а исто така со самото тоа што ти дава дополнителна енергија овозможува да му нанесеш поголем стрес на мускулот - на што тој ќе возврати со зголемување). Оваа маса нема да ја загубиш кога ќе прекинеш да го користиш.

Тоа што врзува повеќе вода во мускулот и што додека го користиш можеби визуелно изгледа поголем мускулот е само еден "несакан ефект" кој го снемува со време, а не "лажен мускул" што многумина го нарекуваат. Секако, овој ефект е премногу преценет, дури и по престанување со користење можеби ќе изгубиш 1-2 килограми вода - но тоа нема никој да го примети, само луѓето си прават филмови во глава.

И за крај, монохидратот како најпроста и најефтина форма на креатин е воедно и најдобар и најдокажан дека делува преку голем број истражувања. Не предизвикува други несакани дејства и може да се користи колку сакаш со доза од 3-5 грама на ден (има студии кои покажуваат дека вишокот над оваа доза телото не го користи туку го исфрла во форма на креатинин, што всушност претставува џабе фрлање на креатинот и со самото тоа и поголем терет за бубрезите.

Според најновите истражувања не е потребна ни фазата на полнење, 3-5 грама на ден ќе ги засити резервите за отприлика 1 недела и ќе почнете да ги чувствувате промените. Не заборавајте, 3-4 литра вода на ден, обавезно додека го користите.
 
Сеуште не очекувам ништо,пошто го немам почнато користено,прочитај ме убаво.

многу добро го разбирам болдираниот дел,токму поради тоа се решив да земам креатин,но кажав што видов по другаров,он и продолжи да го користи-но падна..првата недела-две качи 6 кила,и толку,тука застана...но сепак,вреди за парите.

а за фазите...сеуште официјално секаде стои дека треба 5-6 дена да пиеш по 20 г креатин,а после тоа по 10...највеќе резултати му даде на другаров токму тогаш,кога внесуваше по 20г креатин...а можеби,тоа е пошто прв пат користи креатин.

како и да е,јас планирам да го користам 5-6 дена,по 20 г креатин,после тоа по 10.
 
http://www.hawaii.edu/hivandaids/Effect of 7 Days of Creatine Supplementation on 24-Hour.pdf

Ако не те мрзи, повели читај :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Кажи на кратко што се збори,ме мрзи долго е
У глобала дека на група вежбачи им давале доза од 7 грама на ден во рок од 7 дена во споредба со "placebo" група која не земала креатин - на крајот се заклучило дека креатинот дава значајни разлики кај групата која користела во споредба со групата која не користела креатин.

Додека истражувале вршеле мерење на урина секој ден и заклучиле дека 50% од дневниот внес (од тие 7 грама) завршува исфрлен од телото - што го доведува во прашање целиот тој период на полнење и одржување со повисоки дози од 3-5 грама - во зависно од телесната маса на поединецот.

Лично имам пробано да зимам по 10 грама дневно, после некое време земав 5 грама на ден и не приметив никаква разлика, освен што шишето би ми траело дупло подолго :)
 
Хмм..

пошто моментално имам 2 кутии креатин дома,една диматизе,друга ултимејт,ќе почнам со ултимејт-креа пуре и исо 93,ќе пијам креатинот како што пишува-по 20грама први 5-6 дена,а со следниот ќе правам вака како што викаш...
 
Ти си знаеш, не ме сфаќај погрешно, сигурно нема да ти штети ако зимаш поголеми дози и ако идеш по шема, но едноставно поентата ми е дека и со помали дози ќе го постигнеш истиот ефект кој го сакаш - а ќе заштедиш. Од економски аспект гледано, не се исплати да го измочаш пола шише :)

Поздрав!
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
само знај,моментално задоволство е...кога ќе прекинеш-паѓа повеќето мускул...не од лично искуство,ама од другарче знам...за да не падне,добро би било да го комбинираш со некој протеин.
Мислам дека ова некаде тука го имам објаснувано на форумов ама сепак.
Креатинот дава енергија за време на користење, најдобри резултати од креатинот имаш ако го користиш во циклуси. Тие 2-3 кила што ќе ги изгубиш после прекинување на земање се вода, не е мускул, ионака надуен изглед даваат не ти требаат, ама силата што ќе ја изгубиш знае да биде приметлива.
Затоа треба 2/4 недели да го земаш, 2/4 недели да одмараш од креатин и без него да можеш да ја креваш истата тежина како со него, само така можеш да имаш поголем мускулен прогрес.

Ако не правиш пауза 2-3 месеци со креатин, моментот кога ќе престанеш телото ќе ти е навикнато на складирање на поголеми креатински резерви, и можно е да ослабеш на тежини значително одкога ќе прекинеш.

А да , заборавив да прашам, препорака за најевтино BCAA ?
 
Xtend :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
2.255
Поени од реакции
116
Од каде, цена? :)
Па мислам секаде го има, во гет реди и калифит 100% го има го имам видено, кошта околу 3400 за 1200 грама во споредба со бцаа 2000 од ултимејт кое кошта 2000 за 400 грама. Направи си математика сам :) Плус добар е, имам пробано и на вкус е океј за разлика од сите други бцаа. А и читни по нет има милион "reviews" кои му даваат највисоки оцени :)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Мислам дека ова некаде тука го имам објаснувано на форумов ама сепак.
Креатинот дава енергија за време на користење, најдобри резултати од креатинот имаш ако го користиш во циклуси. Тие 2-3 кила што ќе ги изгубиш после прекинување на земање се вода, не е мускул, ионака надуен изглед даваат не ти требаат, ама силата што ќе ја изгубиш знае да биде приметлива.
Затоа треба 2/4 недели да го земаш, 2/4 недели да одмараш од креатин и без него да можеш да ја креваш истата тежина како со него, само така можеш да имаш поголем мускулен прогрес.

Ако не правиш пауза 2-3 месеци со креатин, моментот кога ќе престанеш телото ќе ти е навикнато на складирање на поголеми креатински резерви, и можно е да ослабеш на тежини значително одкога ќе прекинеш.

А да , заборавив да прашам, препорака за најевтино BCAA ?
Сакаш да кажеш,го пијам 4 недели ако добро разбрав ? па паузирам 4 недели,па пак ?

а за паузите,ќе правам паузи секако...после една кутија...

и ќе рипнат ли и стомачните од него ? аматерско прашање,ама...језда логично е,неможе само еден мускул да расте...нормално,ако не ги вежбаш останатите :)
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Сакаш да кажеш,го пијам 4 недели ако добро разбрав ? па паузирам 4 недели,па пак ?

а за паузите,ќе правам паузи секако...после една кутија...

и ќе рипнат ли и стомачните од него ? аматерско прашање,ама...језда логично е,неможе само еден мускул да расте...нормално,ако не ги вежбаш останатите :)
Да, така е со паузите :) .

Инаку зависи, од мое искуство стомачните маса качуваат само од вежби со тежина (на клупа со тегови) . Повеќе „сила“ ќе имаш за правење стомачни, да, ама е специфична група така да повеќе со диета се регулираат отколку со било што друго :).
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.705
Поени од реакции
11.523

Имам од ова, ама ептен е гадно за пиење. Пробав да го смешам со протеинот и со млеко ама не оди, ми се повраќа.
Инаку во прашок е. Некој совет како да го земам да не ми е толку гадно?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom