Филмови со малкубројна актерска екипа

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Заборавив да пишам нешто за филмовите чие дејство се одвива на една локација. Колку да не испадне само набројување, еве нешто повеќе за омилените вакви филмови на кои моментално ми текнува:

Dogville - Io Sono го веќе спомна, ама омилен филм ми е јбг, па да кажам нешто плус. Интересно кај филмот е што всушност дејството се одвива на повеќе локации, на пример: Elm Street, Racoon Street, градината, напуштениот рудник. Ова не му значи многу на гледачот бидејќи ваквите места се само фигуративни и единствениот знак дека постојат се белите букви на подот. Надвор од сценариото, приказната се одвива единствено на една обична сцена, налик на театарските, со минимална сценографија и реквизити. На прв поглед ова можеби изгледа чудно, но од друга страна, ова му овозможува на филмот да се потпира на актерите и емоциите на ликовите кои тие ги прикажуваат. Сличен е случајот и со Manderlay, вториот дел од трилогијата Land of Opportunities на Триер.

Rear Window - брилијантен филм, култен. Токму тоа што дејството се одвива на една локација ја издига во центар темата „воајеризам“. За мене тоа е главната тема во филмот, а убиствата и интригите се споредните. Хичкок точно знае што нам, гледачите, не' привлекува кај филмовите. Тоа е лажното чувство дека набљудуваме некакви вистински случувања. Затоа и ретко во филмовите се случува ликовите да гледаат во камерата. Плус, филмот го покажува мајсторството на Хичкок, кому му е потребно само една соба за да направи совршен и напнат трилер.

Колку да не тупам многу со објаснувања, еве уште неколку минималистичко-локациони (хах, зборот) филмови: Phone Booth, Frozen, Panic Room, Cube.
Догвил е сепак на неколку метри квадратни снимен, а Rear Window го заборавивме, одлично! Кога го спомна, и Rope (1948) на Хичкок влегува тука, сниман во една соба.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
spiev do sega, moja greska, mislev uste se zbori za Buried.
Izvini Iksi. Duzam pivo.
за малку ќе испаднеше дека за џабе сум ти ставил лајк, али чим е за закопаниот, still counts! :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Супер филмче е Buried глас да не чујам :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Догвил е сепак на неколку метри квадратни снимен, а Rear Window го заборавивме, одлично! Кога го спомна, и Rope (1948) на Хичкок влегува тука, сниман во една соба.
Тоа е тоа, уникатното, на толку малку простор да направиш луѓето да си мислат дека гледаат мало гратче. Барем додека се привикнат. На почетокот сите се во стилот на wtf, што ме тераш да гледам. А Rope го заборавив. Уствари целиот филм ми е заборавен, треба да го гледам пак во скоро време изгледа. Гледан ми е во времето на Теко ТВ (Штипјани, you know what I'm talking 'bout).

Кога сте веќе кај Burried, мене повеќе ми се допадна од 127 Hours, а ги гледав еден по друг. Не дека е нешто wow филм, ама имаше некаква динамика, а и очекував глумата на Рајан Рејнолдс да биде срање.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
9/10 :pos:

да учев уште заедно со членот, у понеделник заушки ќе јадеше >.<
spiev do sega, moja greska, mislev uste se zbori za Buried.
Izvini Iksi. Duzam pivo.
Ќе простам само затоа што си згрешил ненамерно! А за пивото ќе ти памтам, мораш да частиш зашо правиш вакви пропусти на моја сметка. :pos::vozbud:
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Wrecked и 127 hours многу добри филмови со само еден актер, кои ме натерале многу да размислувам и ми се допаднаа ептен.
Buried исто еден од најдобрите филмови што сум ги гледал , мислам дека цело време се препотував како јас да сум заглавен во ковчегот со 2 црти батерија преостанато , ептен се внесов :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.402
Поени од реакции
25.262
Браво за темата!!! Обожавам вакви филмови.
Нешто на кое можам да се сетам во моментов:

Unknown, не новиот со Лиам Нисон туку со Џим Кавизел од 2006, филмов се одвива во еден простор, трилер ипол!!! Препорачувам.


Нешто на кое се сетив, не сум го гледал филмов со години:
Five Fingers, Лоренс Фишборн и Рајан Филип, какво дуо, една соба, една маса... трилериште, не знам дали е споменат на форум, ако не, обавезно спуштајте и гледајте! Цел филм е дијалог, must see!


Dial M for Murder, Хичкок, класика, напнатост, ако не сте го гледале овој, исто ко ништо да немате гледано.


Hard Candy, Ио го спомена во првиот пост, филмов иако некои форумџии го окарактеризираа како досаден (oh you), напротив, ремек дело, филм кој допрва поради злоупотребувањето на социјалните мрежи ќе стане лектира!


Glengarry Glen Ross, базиран според театарска претстава, Алек Болдвин, Ед Харис, Кевин Спејси и многу повеќе! Какви дијалози само, ремек дело филм!


Clerks, ни помалку ни повеќе, филмот - религија. Една од најдобрите комедии воопшто, овде како и препорака скоро сите филмови на Кевин Смит, Clerks 2, Mallrats (исто во еден објект/малку актери).
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.438
Поени од реакции
5.485
Posto nikoj ne go spomnal a e prilicno dobar film...Mnogu tupenje i interesni dijalozi Sleuth
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Glengarry Glen Ross Vs. 12 Angry Men би бил фантастичен дуел. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Glengarry Glen Ross Vs. 12 Angry Men би бил фантастичен дуел. :)
Би било нешто сосема нефер да се отвори таква тема, јас немам лице и храброст да ги спроедам овие два филма, иако едниот историски има далeку поголем импакт во кинематографијата и е пославен, што се вика остави печат :)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Имаме таква тема некаде ама за некое чудо „не се фати“. Кај сериите пак иста таква тема, се пишува.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Разбирам, ама и двата филма ме имаат запрепастено, и сум останал шокиран од тоа како се финализирани и осмислени, перфекција во секој поглед......така да од мој аспект мене искрено тешко ми паѓа дури и да помислам да ги споредам :)

Некој ќе рече, сепак е само филм, не мора у несвест да паѓаме, ама не би бил psyside ако немам такви ставови према овој медиум нели.
 

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Reservoir Dogs

Првиот хит на Тарантино, нискобуџетен филм со не баш мала екипа ама повеќето играат про-боно.
Класика и пример за квалитетен нискобуџетен филм. (иако е рипоф, или омаж -како сакате, на хонгокнгшки акционен филм)
одличен,одличен филм. Баш го гледав вчера и ги потврди моите високи очекувања. :cool:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom