Филмови со малкубројна актерска екипа

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
The Sunset Limited - Со Семјуел Л. Џексон и Томи Ли Џонс

Страшно добар филм!
Не ми се допадна мене, дијалозите ми беа претенциозни, не беше тоа што го очекував. Одлични актери иначе.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Не ми се допадна мене, дијалозите ми беа претенциозни, не беше тоа што го очекував. Одлични актери иначе.
Мене ми беше супер филмот. Нормално, секогаш може подобро но на овој филм и со овие двајца актери му давам оценка 9/10
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.089
Последно време често гледам вакви филмови.
Wrecked со Адриен Броди ми е доста добар.
Би било добро поголемите филмомани да направат листа од сите овакви филмчиња.
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
The Big Kahuna за овај имам пишано и во предлог филм со кратка рецензија.Само три актери во цел филм,од кој двајца се оскаровци.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Сериозно, тој филм со добра скрипта и со истите актери ќе развалеше, ама вака... :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Заборавив да пишам нешто за филмовите чие дејство се одвива на една локација. Колку да не испадне само набројување, еве нешто повеќе за омилените вакви филмови на кои моментално ми текнува:

Dogville - Io Sono го веќе спомна, ама омилен филм ми е јбг, па да кажам нешто плус. Интересно кај филмот е што всушност дејството се одвива на повеќе локации, на пример: Elm Street, Racoon Street, градината, напуштениот рудник. Ова не му значи многу на гледачот бидејќи ваквите места се само фигуративни и единствениот знак дека постојат се белите букви на подот. Надвор од сценариото, приказната се одвива единствено на една обична сцена, налик на театарските, со минимална сценографија и реквизити. На прв поглед ова можеби изгледа чудно, но од друга страна, ова му овозможува на филмот да се потпира на актерите и емоциите на ликовите кои тие ги прикажуваат. Сличен е случајот и со Manderlay, вториот дел од трилогијата Land of Opportunities на Триер.

Rear Window - брилијантен филм, култен. Токму тоа што дејството се одвива на една локација ја издига во центар темата „воајеризам“. За мене тоа е главната тема во филмот, а убиствата и интригите се споредните. Хичкок точно знае што нам, гледачите, не' привлекува кај филмовите. Тоа е лажното чувство дека набљудуваме некакви вистински случувања. Затоа и ретко во филмовите се случува ликовите да гледаат во камерата. Плус, филмот го покажува мајсторството на Хичкок, кому му е потребно само една соба за да направи совршен и напнат трилер.

Колку да не тупам многу со објаснувања, еве уште неколку минималистичко-локациони (хах, зборот) филмови: Phone Booth, Frozen, Panic Room, Cube.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom