Демек 64битен XP е постабилен и
побрз од 64битен Win7?
64битен XP е најнестабилната верзија на 64битен Windows и со најголеми проблеми за компатибилност со драјвери/програми.
Побрз и постабилен се релативни поими.
За мене 7мицата е премногу bloatware OS (без разлика дали збориме за 64 или 32 битна верзија), генерално сите MS O/S се такви но 7цата е врв на принципот "шминка+едноставност-за-лаици".
Резидентни сервиси за се и сешто, го јадат рамот и го убијаат процесорот, иако 80+% од тие резидентни сервиси никогаш во животот нема да му затребаат на просечниот корисник.
Главна цел Виста/7-ца е поставување на нови хардверски захтеви и продавање на оперативни системи кои не нудат ништо револуционерно ново ниту побрзи перформанси.
- За лаици, ќе признаам, 7мица е подобар... а судејќи по почетната порака ОП е лаик.
- За некој што знае како да подеси се, и што неќе еден куп резидентни сервиси да ја јадат меморијата и да го успоруваат систмот... XP.
- За постари машини како Аthlon XP со 1Gb RAM што го спомнавте, најоптимален ОС е оптимизиран MS Server 2003 (серверската варијанта на XP).
7мица на таква машина е чиста глупост. Само оперативниот систем и бровсер со една две страни ќе го потрошат цел RAM а CPU захтевноста на 7цата ќе ги угуши скриптите во бровсерот или во превод: дури ни за сурфање нема да ја бива таквата машина со 7мица.