Значи вака ќе се обидам пак да објаснам .......... кој/а кога ќе влезе во брак, колку деца ќе имаат, дали некоја ќе го абортира плодот или не, дали некој ќе биде верник или Атеист и.т.н. и.т.н. си е право на личен избор ............ основно демократско начело е правото на сопствен избор .... како и правото на лични сфаќања, сопствен начин на живот...
Сите луѓе имаат различни сфаќања, на пр. некој брка кариера и ќе се ожени после 30ка и ќе склопи со жена му 1 дете, едноставно такви сфаќања имаат многу луѓе, сакаат да имаат комфор, сакаат да напредуваат во животот, сакаат на тоа едно дете да му обезбедат солиден живот, од друга страна пак имаме и лица кои влегуваат во брак помлади и склапаат повеќе деца, едноставно на ваквиот тип на луѓе и не им се битни работи како кариера, напредок и сл. гајле им е дали ќе живеат во шупа и што ќе јадат, битно им е да трчаат неколку деца околу нив, меѓутоа нивно право си е тоа, такви сфаќања си имаат и нека си тераат, но никој нема право да ги наметнува таквите сфаќања врз лицата кои ги немаат таквите сфаќања ............ а факт е дека некои работи се наметнуваат(и тоа пред се медиумски), особено алудирам на кампањите против абортусот, како и на кампањите за 3/4 дете, а исто така и не ми се допаѓа тоа што ептен ревносно се напаѓаат лицата кои имаат поинаква секс.определба, па добро што е крив некој си таму Трпе на пр. што ете не е хетеро, туку е хомо, зарем утепал некого па до толку да се мрзи таквиот човек, значи сега ајде сите да скокнеме и кој е геј да го замотаме со синџири и да го фрлиме во Вардар или да го запалиме јавно на плоштад ............... а исто и ајде сите да скокнеме и кој не сака да се крсти и кој несака да влезе во црква да го стреламе ......