И од твоево философирање може да се каже дека и атеизмот е наметнат. Исто ти е све.
Мене кој ми го наметна атеизмот? Ултра-религизноте родители? Можеби фанатичните верници од наставници кои ги имав?
Оф сеа гледам ја што е работава. Ти си борец за женски права у машко тело, оние што црквата не ги сака и у денешно време што се срамат да се кажат педери и се викаат gay?
Не викам дека си, само прашање, еве нешто и потписот ми боде очи.
Потписот ми за да бијам шега со сам себе и општо за хомосексуалноста, поточно некои стеротипи. Да не речеш дека немаме смисла за хумор ние атеисти/хомосексуалци, особено хумор на наша сметка.
Дека само жените и хомосексуалците (и мала група свесни хетеросексуалци) се бореле за женските права - знаеме. Инаку не ви се згади тоа од ваша уста да излегуваат веќе илјада пати преџвакани мисли и шовинистички ставови? После ние педерите сме ширеле зарази. Не ми е ни чудно што толку брзо со владинава промоција, цела раја станаа born again христијани, а до вчера му му мочаа на соседот у двор и му је ебеа жена му, правеа измами за да спечалат пари на туѓа мака, и газеа туѓи кариери за да направат место за својата и така ебано натаму .... да не должам.
Јас не сум се срамел да кажам дека сум хомосексуалец, геј или педер. Без разлика кој од каква причина го искористил тој термин кога се работело за мене или некој друг како мене. А за тоа како јас се чувствувам во мето тело, јас, и само јас можам да знам, а ти можеш само да шпекулираш. Не се осеќам како помалку машко затоа што мојот сексуален магнет влече на друга страна од твојот. Па ти суди ме, вреѓај ме, прај ме умоболен или што и да ти сака душата.
Макар тоа било единственото нешто кое ме прави ненормален, тоа е само многу мал дел од тоа кој сум јас како личност. Во тој случај би бил 99% нормален. Тоа е пак далеку понормален од разно разни ликови кои се шетаат недискроминирани по државава, а некои и кои се дел од тајфата кои ја водат државава денес.
Тоа што се залагам за права на жените е поради тоа што во денес нема многу хетеросексуални мажи кои би го подржале тоа. Бидејќи модерниот маж се плаши од модерната жена, која не мора да му се потчинува, има глас, може да одлучува сама за себе, да биде успешна, нити е во било кој друг поглед зависна од него. Е, сега единственото нешто кое остана, а може мажот да ја загради во ќош жената е бременоста. Затоа најгласни беа традиционалните мажи кога се работеше за абортус, бидејќи и со тоа право, жената ќе беше комплетно слободна.
И денес тие мажи го дрват за убер-феминизмот, како тоа го уништило семејството, како жената почнала да живее во облаци, да се однесува демек шовинистички према мажот итн.
Пак останаа хомосексуалците и мала група еволуирани хетеросексуални мажи кои не им пречи тоа и/или го подржуваат. Останатите, впрочем и ти, сигурно ќе ви беше рај да се вратеа 50те години, кога жената се бркаше во кујна, се тепаше легализирано под брачен изговор, и немаше право ни да гласа на политички избори.
Сигурно опшстевото и било какви права кои постојат денес, немало да бидат да не било луѓе кои барем малку еволуирале во разумот. А не овдека да го дрват за општа култура, каде самите ги исповреѓаа сите кои барем ја сметаа целава работа за смешна, а не па за пофалба. Да бидам проклет ако некогаш дозволам било што слично како таа небула во твојата глава, мене ми го замати умот. Особено ако доаѓа под изговор на некаква си квази-духовност и пролив од морални и етички стандарди.