Фан Клуб: Тетекс - Тетово

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.967
Поени од реакции
73.915
Доне во прва лига :pos:
Абе неможам да престанам да се смеам кога ќе видам дека овој игра во прва лига. Па уште лани требаше ние да го купиме :eek:
Просечен играч од средниот ред. Лани мислам дека и капитен им беше на Скопје кога беа во прва лига...
Доволно е да се каже дека пред 4 години играше во трета лига. Е тогаш беше како сом дебел, сега е бајаги ослабен и може напреднал малце...
Јак е во дуели, али креативноста му е 0...
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
Братот многу ги сака Јувентус и Дел Пиеро викаше главата од Дел Пиеро на грб ќе ја тетовирал :pos: ма нека носи и 157 ако сака на дресот само нека остане кј нас ГОЛМАНИШТЕ !!!

Иначе што се деси со Дончо Аргировски и Мартин Блажевски дојдоја кј нас или уште не ?!?!?!
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
До сега се дојдени Марко Симоновски и овја Аргировски, а на Тетекс му се нудат многу играчи на позајмица. Можно е враќање и на Аце Стојановски. Им најавиле дека ќе им ги зголема платете а и 90% од моменталниве играчи ќе остана у Тетекс.
Утре треба да дојда уште неколку играчи на проба, а требал да дојде и некој напаѓач од некој си тим Баби :facepalm: Прв пут слушам за ваков тим...
И Дуле Трајчевски исто остануе у Тетекс, го барале и други екипе ама му ветиле дека наредна сезона нема да има местења и слични срања, а и ќе почнеле со малку посериозни тренинзи, 2 пута дневно.
Како и да е, ќе видимо што ќе биде.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.967
Поени од реакции
73.915
Фк Баби Штип :D
Трета лига исток :)
Второ место завршија годинава, зад Брегалница Делчево...
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
дошол тој од Фк Баби Штип :D Иначе се вика Бобан Мариќ и бил најдобар стрелец у Трета лига исток со 27 гола па ќе видимо како ќе се покаже кј нас :)
 
Член од
11 мај 2011
Мислења
393
Поени од реакции
96
Дојдени се уште: Нинослав Карапанджиќ од Металург кој игра во напад и Кристијан Стојковски од Македонија Ѓ.П. Следуваат уште (y)
 
Член од
20 февруари 2011
Мислења
300
Поени од реакции
60
Maрко Симоновски е добар играч, дојден е од Металург игра напад

Дончо Аргировски ако не се лжем сеа у Битола за баражот им беше капитен на скопје просечен играч игра средина а може да игра и како штопер

Бобан Мариќ исто таке игра напад у Фк Баби у Трета лига Исток бил најдобар стрелец напишав погоре со 27 гола е сега треба да видимо како ќе се покаже у прва лига

За Нинослав Карапанджиќ знам само дека игра напад а може да игра и у среден ред додека за Кристијан Стојковски немам никакво инфо ни што позиција игра ниту каков играч е

Иначе многу ме радуе што Јорде и Дуле Трајчевски ќе остана у Тетекс се надевам исто таке дека Стојанчо Велинов нема да замине негде летово класа играч е...

Највише до сега изгубивмо со тоа што Оџак ни замина од тимов али тоа е... се надевам дека пак ќе имамо јак тим а се збори дека годинава нема да има местенке ќе им ја покача платата и тоа ме радуе свите сакамо да видимо посилен Тетекс кој барем ќе се бори за некое од првите 4 места на табелата
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
За Нинослав Карапанджиќ знам само дека игра напад а може да игра и у среден ред додека за Кристијан Стојковски немам никакво инфо ни што позиција игра ниту каков играч е
Супер играч, крило игра и е левак. Брз и добар дриблер. Добро засилување (y)
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Тие двајцата од Металург правеле проблем за доаѓање кај вас на позајмица. Нешо у стилот сакале да останат во Металург и да чекаат шанса да се докажат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom