Фан клуб: МЗТ Скопје

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Nikac_Aerodrom што ти реков? :) Нека си мисли управа, ама сигурно ќе биде некој слободен играч најверојатно Србин, Црногорец, Амер затоа што од други држави бараат многу повеќе кеш. Мора да се земе некој докажан играч затоа што нема простор за експериментирања и испробувања како што беше лани со Китс и Грим.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Одлични 2 засилувања !!!! Браво (y)
Кирил незнам зошто го напуштил МЗТ лани и замина во Фени, мислеше за парите а оваа сезона исто и МЗТ стоеше добро финансиски...
За Дамјан нема што многу да се зборува ОДЛИЧЕН ИГРАЧ !!!

Со овие играчи МЗТ ќе биди многу блиску до нова титула !!!
Фени полека полека слабеј, а Работнички не вервам да напрај нешто поќе...
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Кажаа 5-6 репрезентативци ќе има во тимот, и другите странци.
За сега сигурни за идната сезона се:
Гечевски,Чековски,Кире,Грне,Дамјан,Огнен,Дејвис,Мијајловиќ.Колку што знам тие се сите што до сега ги продолжија договорите.Пенов,Кочов,Далман,Вучуровиќ најверојатно аут.
Од лигава ништо чудно да имаат договор со Соколов и Димчевски.Ама ова е само моја претпоставка, со што би го комплетирале тимот со домашни играчи.Па дури после Олимпијада ќе бараме и странци(барем така изјави ацо).
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
794
Поени од реакции
633
^Абе за дејвис и далман не се знае ништо, јес да имаат активни договори ама тешко деќа ќе останат.
Него, цого во Работнички?
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Добра екипа ќе склопиме само уште еден квалитетен странски играч ни фали. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.500
Поени од реакции
114.528
Симоновски и Димчевски mwaaaa
Леле ќути не ми спомнувај ми се темнее, само такви грешки да не праат. До душа Симоновски би го прошол некако, човекот знае одбрана да игра а има и добар шут така да у добра екипа БИ можел да се вклопи додека Димчевски е со амеба у мозокот, таков играч нејкам да видам во мојот тим.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
^Абе за дејвис и далман не се знае ништо, јес да имаат активни договори ама тешко деќа ќе останат.
Него, цого во Работнички?
На Дејвис е продолжен договорот, додека за Далман не се знае.
 

НЕНАСИТЕН!!!

СУМ ПО ТЕБЕ
Член од
8 мај 2012
Мислења
263
Поени од реакции
157
Мислам дека е добро што го задржаа Дејвис, има талент само не успеа да се покаже, освен на неколку партии каде му тргнаа тројките. Сега барем имаме ротација на позиција 3 - Далман и Дамјан. За другиве, најверојатно ќе ги земат Соколов и Димчевски/Симоновски. Иако јас би барал играчи на друго место, ама тоа е. Да речеме 75% шанса има да дојдат двајца од овие тројца поради тоа што сакаат да прават „мини репрезентација“. Се мислев да ги проанализирам тука играчиве, ама не вредат.:D
На Дејвис е продолжен договорот
Нема да мора да мењаш слика.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom