da ne bea skopjanite neznam vie sto ke pravevte
Исто како и цела година, ќе сме живи и здрави.
Исто и јас им викам. Да не беа Скопјани и многу други градови во Македонија незнам што ќе правеа до сега охриѓани. Треба да ни се поклонуваат на нас а не да плукаат. Јас да сум министер ќе видиш како ќе ги стројам. Ќе има убаво да се однесуваат со туристи. Добро со исклучок на некои.
И во Дојран има езеро, па не се прават Монте Карло. И цените се прифатливи за секого.
Прво што треба да направи охрид, е да ги намали цените.
Леле, шо ќе прајме сега без другите места.Цел Април и Мај се полни со странци, па никому ништо.Другите идат 3 недели од 15 Јули до 10 Август, а овие се до Октомври.Немој, не ме радуј!
Ако гледате локална охридска телевизија секој ден мора да излезе на вести директорот на комуналец кој по се е многу влијателна личност. Директор на јавно претпријатие а не на приватна фирма...неговите прилози за посадени цвеќиња и отпревртени грниња се продаваат како револуционерна акција. Не сум видел никаде таков случај каде локалните телевизии се бават со приказки на кои не треба да им се дава ни 1% внимание. Па ако има некој нов контењер во градот па не го нашле дибекот за интервју објавуваат како бил на службен пат директорот.
Дали е страшно ако постојано работат на зеленилото во градот?Ако не беше ова, ќе беше фалело зеленило.
Низ чаршијата има само бутици со турска или кинеска роба. Летно време ако ги отвориле вратите од дуќаните (да се луфтираТ) ве мава реа на хемикалиите користени за конзервација на фалсификуваната роба, хемикалии кои во европа се на листата на канцерогени супстанции...
Среќа па надвор од Охрид облеката е со врвен квалитет и не е турска, бугарска, кинеска туку директно од фабриките Германија и Данска, па имаме можност да се облечиме без да фатиме рак на кожата.
Овај мирис се меша со мирис на лесковачка и чат пат некоја пица на парче. На времето Охрид, во 80тите имаше од чинарот до плоштадот 3 добри книжари и исто толку 3 добри спортски продавници. Сега има минимум 3 кладилници на тој потег...Понудата низ чаршијата е само еден детал от тоа каква е побраувачката и понудата во Охрид и во кој правец се движи локалното население.
Ова со Лесковачката да им угодиме на туристите од Север.Книжарници и спортски продавници уште имаш, иако не во број како порано.
Отворањето нови кладилници не е одраз само на локалното население туку Mакедонски тренд, спомна и самиот –
понудата и побарувачката.
има многу да се пишува за развојниот стадиум на охридското „општество„ кое на крај резултира и во самосвеста на луѓето и разбирањето на туризмот, гостопримливоста итн..охриѓани мислат дека се нешто посебно во македонија. таква поделба има и во самиот охрид, помеѓу „граждани„ и селани од велгошти итн...
тоа е само израз на необразованоста на генерациите кои се сега на сцена. по се изгледа генерациите што ќе ги заменат се еден степен пониско од нив..
Генерализации постојат и за луѓе од други места.
So leskovacka skara, turbofolk vo stilot sto poglasno toa podobro, raskopani ulici i gradezni raboti vo sred sezona, tezgi na sekoj metar kako vo Sutka, luge sto bukvalno te maltretirat so razno razni ponudi i da ne nabrojuvam, turizam ne se razviva.
Спомнав и погоре, Лесковачка и Турбофолк за гостите од Север (и добар дел македонски фаци), па после немаме асално место за одење во лето.
Za drugo mesto neznam no znam kako vo Hrvatska razvivat turizam i toa vo mesta mnogu poneatraktivni od Ohrid i ako se na more. No Hravtite se pametni si razvivat turizam za povozrasni luge kade sto lezi parata a ne kako Ohrid turizam za deca koi so 5000 denari 10 dena sedat vo gradot od toa leb nema. OK e da se razvie nekoe mesto nadvor od gradot Ohrid kade sto ke ima zabava za mladite novo centarot na gradot koj e navistina preubav potreben e kulturen a ne panagurski ambient. Jas sum siguren deka brojot na turisti od Holandija i Finska na koi patem del od troskovite im gi pokriva vladata vo idnina ke se namaluva tokmu poradi toa sto go spomnav pogore. Lugeto idat da se odmorat a ne da gi vlecat za race i noze na sekoj metar za da kupat nesto zgora na seto toa na sekoe kose miris na skara i glasna muzika.
И тие деца после ќе мислат дека го купиле градот со нивните 5000 и ќе велат ние да не бевме...
А фамилијарните луѓе во најголем број се со стан или викендица во градот или околината (Рача, Љубаништа, Пештани, па и Лескоец, Велгошти).
И мене ми сметат страшно тој мирис на скара и звук на турбофолк и певаљки со 2 реда школо од секое второ место на лето, ама изгледа таква е побарувачката - штета.
Инаку, организираните тури од TUI и Corendon ги носат на еднодневни или тридневни тури низ Македонија, па не е само Охрид во ќар од нив, баш напротив бројот последниве 2-3 години е прилично зголемен, по 10-15% годишно.