Терор врз албанско семејство во Велес
4 години по ред , 8 членото семејство Ахмедов се жртви на закани и навреди од соседите македонци.
Едниственото албанско семејство во една од населбите во Велес , не може да најде мир во својот дом , Мусли Ахмедов со неговата жена и 6те деца се под константен притисок да се иселат.
Според Мусли , последниот месец притисокот е зголемен , му се закануваат дека ќе му ја запалат куќата , му доаѓаат пред домот со бејзбол палки.
Еднаш му ја нападнале ќерката со нож.
Тој вели дека е невработен и дека живее од социјална помош , нема каде да оди , освен да ја продаде куќата и да бега во Скопје.
Случаите ги пријавувал во полиција но тие ниеднаш не му помогнале , сега пријавил и кај Народниот правобранител , албанските партии , ОБСЕ.
Настанот го потврдуваат и од МВР , според кои Муслиу неколку пати се жалел во МВР , многу пати ги пријавил лицата ... а СВР Велес презела мерки , ги има повикано пријавените и ги има предупредено за правните последици за нивното однесување.
Муслиу во неможност да добие безбедност за своите деца , отишол во МВР и ги известил дека го напушта домот заради насилството и заканите.
Насилниците со дрвени предмети пред домот на Мусли :
http://www.koha.mk/aktuale/15150.html