Веќе израел има извозни варијанти за САД и самата заплена нема да биде од никаква корист бидејќи механиката е позната-туку дата процесинг системот се брише-има одбранбени методи.
Патем замисли бригада тенкови вооружени со трофеј и мобилни возила со MTHEL
кои ќе ги штитат од артилерија(и ракетна)
незнам што би ги спречило да напредуваат освен мини.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 02:39 ---
Неверувам ниту да има примена кај воени авиони-најверојатно претседателски,државнички и ВИП т.е цивилни авиони.
--- надополнето: 12 јуни 2012 во 03:13 ---
Сега сум поспан ама ајде ќе се потрудам да ти објаснам најдобро што можам.
Но првен ако збориме за дупка тогаш тоа е ласерот на боинг кој ја загрева ракетата се додека не се запали нејзиното течно гориво(значи го пробива трупот) и е ефективен најмногу во иницијална фаза.
Е сега кога зборуваме за заштита на цели(ќе земеме за пример Х цел(било да е тоа брод,носач,тенк или фортификација,командна станица,авакс-наједноставно мета).
Сега има неколку начини да се заштити метата откако веќе е доведена во опасност и има ракета испалена кон неа има неколку опции на контрамерки првенствено пасивни.
Ќе почнеме со првиот тип на контрамерки а тоа е познатиот chaff всушност станува збор за алуминиум и метали кои се лансираат од посебни лансери кои кај радарски наведуваната ракета ќе и дадат приказ на лажна мета па така ракетата едноставно ќе се упати кон металите и фолиите условно речено-еве ти типичен пример на лансер на chaff
Ова е од брод за да го заштити од ракета а chaff-от е токму она што ти личи на ракета а е полно со специјални материјали кои ќе ја залажат ракетата.
Друг тип ти е corner reflector
Како што гледаш бранот малку забегува,еве уште еден
]
Како што гледаш истиот дава одраз назад кај ПВО дека авионот е на друга локација и така на некој начин е заштитен
Трет механички систем е пуштањето на летечки мамки кои можат да глумат летало,па да имитираат радрска авионска емисија и на тој начин да ја заштитат метата т.е ракетата да ја погоди мамката-мамкиве се погодни за стратегиски бомбардери.
Друга мерка ви е познатиот џеминг-како на факултет што имате џеминг за да не се ѕрцка со мобилни.
Џемингот не е механичка туку спаѓа веќе во Електронски мерки на одбрана
Е сега имаме повеќе типови на џеминг на пример метата под закана користи моќен ЕМП кој ќе џемира повеќе радари наеднаш но што ако нема доволно моќ за сите,или пак ракетата покрај радарско има и термално наведување(како таа што го собори невидливиот),друга опција е е да се одбрене т.н база на џаминг(попречување) и да се концентрира цела моќ овде која ќе "збуни" бајаги радри кои се во базата но не и тие надвор од неа.
Друга опција е да се направи брз џаминг на повеќе фрекфенции па може да се погоди вистинската
Па дури и да е вистинската-што правиме ако радарот оперира на повеќе фреквенции-така ќе се издадете ако операторот е искусен.
Ова го имаат предвид искусните оператори и ќе направат се што е во нивна моќ да ве докрајчат.
Сепак најчеста е употребата на механички контрамерки бидејќи за електронски треба моќни платформи,многу енергија а и покрај непријателските единици,нема да бидат поштедени ниту пријателските па затоа механичкото го сметаат за попрактично.