Гледам има луѓе кои ги интересира како е во странство. Ќе пробам да ви дадам реален и објективен одговор за западна европа (но ова важи ми се чини и во други поразвиени држави).
Бидејќи на сите ги интересира нешто различно, ќе ја искористам хиерархијата на потреби која ја составил американскиот психолог Абрахам Маслов
Повеќе има тука
http://en.wikipedia.org/wiki/Maslow's_hierarchy_of_needs
Значи по ред оди вака
1. Основни биолошки потреби како воздух , храна, вода, спиење и слично.
-Да тоа ќе го имате и со најниската работа.Дури и бездомниците добиваат некаков си оброк и заштита во повеќето држави.
2. Безбедност.
- Доста релативен поим кој ништо нема да ви значи, но е релативно безбедно. Нема војни и слични глупости.
3. Жена,маж, пријатели, семејство, љубав, односи со другите луѓе и слично
- Пријатели нема да имате.
- Роднините ви се во македонија така да заборавете на семејни прослави како свадби, крштевки, слави и слично. На некои тоа не им значи ништо, а на некои им значи па затоа напишав.
- Жена ќе имате ама ако е странкиња ондак е од оние либералните за кои не знаеш во која секта утре ќе оди. Нормална некоја не очекувајте да најдете. Затоа прво оженете се во Македонија со некоја нормална па потоа размислувајте за бегање.
- Односи којзнае какви со другите луѓе нема да имате. Се доста културни па така во продавница нема да ви одат преку ред, во соообраќајот нема да имате големи проблеми, кавги нема да имате односно многу ретко. Ако имате работа на општина или во слична институција брзо и ефикасно без многу чекање ќе завршите работа. Проблемот е и што никој нема да ве рецка ни два опсто. Значи на комшијата нема да му го знаете ни името, ќе има моменти кога ќе сакате да одите на кафе(или кино или некаде на друго место) ама ќе нема со кого.
4. Респект од другите, статус углед, успеси, работно место, успех во образовниот систем.
- Работата зависи од пазарот на работна сила и од вашата среќа и снаодливост. Во моментов пазарот на работна сила во повеќето земји не е поволен и тешко се наоѓа било каква работа, а за по струка да најдете треба да сте од некоја дефицитарна струка (обично техничките науки имаат предност). Тоа истотака зависи од држава до држава па треба конкретно за одредена држава да си ги прашате познаниците.
- Образование. Па ако имате деца рачунајте дека ќе им ставаат сопки разно разни учители кои се по убедување екстремни националисти и ќе треба многу да се потруат да постигнат значаен успех. Но се може, ако се труди човекк ќе достигне нешто. Сопките се ретки па се издржува, не е толкав проблем. А и кај нас врските се исто
.
- Углед. Нема да имате. И директори да станете заборавете на углед затоа што сте пред се странци. Можеби има исклучоци ама не би навлегувал во тоа.
-Статус. Појма нема што би напишал.
4. Когнитивни потреби.
- Крстозбори има на последната страна од повеќето весници и во странство па така да нема да имате проблем со тоа.
5. Естетски потреби
- Зависи од парите. Ако имате повеќе пари ќе облечете подобра облека, ако не поефтина. Ама може да се најде и ефтина роба која многу убаво изгледа, дури и поубаво од скапите дизајнерски облеки.
Друго
-Воглавном сметките за струја и вода ќе ви бидат платени, а ако не ќе ви ги исклучат и водата и струјата и тоа важи за сите жители без исклучок. Ако работите нема да имате проблем со плаќањето сметки.
-Здравството е на повисоко ниво од Македонија. Ако сте осигурани ќеимате добра услуга на ниво, но ќе траба и да почекате на ред да дојдете.
-Образованието е на повисоко ниво и е поуредено и попризнаено од македонското. Си имаат и они некои свои проблеми, но е воглавном посредено. Сепак ако учи човек и во Македонија може да дојде до знаење.
-Закони ќе морате да почитувате затоа што си има и соодветни казни кои се високи.
-Корупција и нелојална конкуренција постои, но не во такви размери како во мк. Патем на амнести интернешнл ви пишува колку е некоја држава корумпирана. И ако има корупција при одередени работи вие сте на поразената страна затоа што вашите роднини, пријатели, контакти и врски се во Македонија, а не во земјата каде сте се преселиле.
-Автомобил ќе имате подобар отколку што сте имале во Македонија, ако тоа нешто ви значи.
-Ако на почетокот се снајдете барем првите две три години вашиот стандард нагло ќе порасне, ќе сте во еуфорија и нема да забележите ниту еден проблем во новата држава и нема ниту да помислувате на враќање. Ќе ви е убаво. Но после некое време ќе почне да ве иритира ладноста на луѓето околу вас и секоја година се повеќе ќе ве иритира. Исто така ќе ве иритира тоа што нема да имате пријатели, што на многу места ќе ве дискриминираат на национална основа, а во време на економски кризи може и да го јадете стапот(во смисол на отпуштања од работа. Да вие ќе бидете првиот кој ќе биде отпуштен од фирмата, ако не и оди без разлика дали сте способен или не.)
Се надевам не заборавив нешто. Тоа се фактите па секј за себе нека си се израчуна што губи и што добива.
Друго нешто ве интересира?