Печалбарски леб. Америка, Италија, Словенија, Црна Гора, Авганистан?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Австралија немаш шанси, од искуство ти кажувам, ги затегнаа имиграционите служби, ни пиле не им прелетува! Канада заедно со Австралија станаа земји каде многу тешко може да се добие било каков статус (освен ако имаш џеб пун кеш)
Ти препорачувам Америка,ем живот ќе видиш, ем пара ќе праиш + можност за напредок до највисоките места ако си човек на место, чесен и вреден! Ако се стегнеш на прекувремена работа многу добро знаат да плаќаат!
За Европа, незнам поточно да кажам!
Не знам каде е полесно, не сум зел да разгледувам озбилно. Имам братучед во САД, скоро моја возраст, држи сендвичара (deli) во деловна зграда. Ако решам да одам би ме вработил, не би било некој проблем.

Ама овде сум магистар по право, а таму ќе бидам дечкото што продава хамбургери.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Дечкото што продава хамбургери и има повисока плата и подобар живот отколку магистерот по право што рмба во Македонија за 200 евра месечно (ако има среќа).
За жал, лош факултет си избрал за одење во странство. Реално, тешко да најдеш во странство работа по струка без дообразување (или одново завршување на факултет). Кога веќе би морал да работиш надвор од твојата струка, избери ја можноста кај што ќе поминеш најдобро.
 
Нажалост така е.
Дојдена е тетка ми и ми кажува, братучед ми заработил 50,000 прошлата година. Не знам дали е за верување.

Ја не планирав да одам во странство кога бирав факс.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Нажалост така е.
Дојдена е тетка ми и ми кажува, братучед ми заработил 50,000 прошлата година. Не знам дали е за верување.

Ја не планирав да одам во странство кога бирав факс.
За верување е, ако му е на добра локација делито има добри шанси да вади толкава заработка.
Претпоставував дека не си планирал, само реалноста е таа што ти ја пишав погоре.
Затоа сега ако сакаш да одиш гледај да се снајдеш што подобро можеш и не размислувај "дечко што продава хамбургери со магистерска по право и има добар живот", зашто и тоа е подобра опција од "дечко што вози такси со магистерска по право и одвај живурка" (а, за жал, на тоа ни се сведе државата) :(
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Нажалост така е.
Дојдена е тетка ми и ми кажува, братучед ми заработил 50,000 прошлата година. Не знам дали е за верување.

Ја не планирав да одам во странство кога бирав факс.
види дечко,се прават грешки во животот,никој не сака да ти го подцени трудот од нас,арно ама ако немаш голем човек по партиите што би те вработил - не знам како би успеел да најдеш работа

затоа имаш уште доста приватни бизниси на кои можеш да целиш,еве зошто да седиш дома ако можеш едно големо и позитивно искуство да добиеш кај твојот брачед ?? можеби таму ќе се пронајдиш и ќе започниш еден подобар живот........во секоја нова работа во приватниот сектор се почнува од најдолно ниво - нема тука мрдање,арно ама кај нас сме научени дека директори се станувало ако имаш факултет
 
F

fantomX

Гостин
Некој рече имало работа и овде. Точно. Работа има апсолутно секаде, и то колку ти душа сака. И не е то поентата.

Поентата е каде има заработувачка.
 
Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
Тема.... Печалбарски леб. Ќе кажам само Хм... кој го нема јадено да не тропа и крај. Тоа е леб со 2 кори. Имаш пари немаш живот оделен си од фамилијиата те лупа психа и си викаш ма у кур и ова не иде сакам дома сакам у МКД, Немаш пари се нервираш дома си викаш ах да ми е да фатам Авганистан, Америка Австралија и кога ке избегаш си викаш абе овде не било како што се збори помеѓу луѓето не знам плата работа се заработувало не е се така розово како што мислите мене ми кажа братучед ми па тетка ми па на татко ми чичо му рекла казала тоа се тие 2 кори на тој леб. Точно е тоа дека нас државата ни е срање у боја и дека работиме како коњи за 200 евра ама поубаво од дома нема и крај. Единствен проблем за нас младите е стамбеното прашање за да го решиш ти треба да идеш на печалба ако сакаш после ете каков таков да имаш некој живот у МКД може ке немаш многу ама ја сум оптимист и мислиам дека времево мора да се смени да тргне работава на подобро. Тоа што пишувате 5000 евра плата у Италија мало морген.... да можеби а кај е тука кирија, храна, струја, вода греење и не знам што па замисли да донесеш и фамилија таму на врат да ги земеш у туѓина ке цркнете за леб. Туѓината кај и да си е робство затвор нека каже некој од печалбарите дека не е така, или вие мислите дека ве чека канцелаија ке бидете правници инжинери доктори.... смешно :) ако немате некој стручна подготовка или по нашки занат, Ѕидар, Електичар, Водоинсталатер, Механичар не ви гине лопата и мешалка за бетон може и некоја перална или ке косите доворови и чистите по куќи ама ако и тоа е работа ке бидете платени ама ке сте робови и ке сонувате за денот кога ке соберете пари за еден стан или куќа што ке биде ваша сопственост каде вие ке бидете без мама тато баба и дедо сите на куп и ке си кажете самите на себе епа доста е ај у курац туѓино си идам ја на своето огниште и на корените. Е уште ова дали вие мислите дека така лесно се иде за Америка Канада, Австралија па и фамилија ке понесеш со себе со 2000 евра стиснати у џеб ова не ви се 70 тите години кога тие држави ти даваа помош ти наоѓаа работа ти пружаа здравство и не знам што, умре и тоа зарем не слушате не гледате дека САД се бори со рецесија уште од 2008 ма година Европа е у :гомце: до гуша и вие ке мигрирате ке ви најдат работа ке ве вдомат ке заработувате по 5000 евра нема грешка. Уствари може да се ве прифати Русија зашто планира да го населува Сибир па сите заедно под мотото сите на Сибир ке побегнеме и ке се заработиме пари. Размислете добро пред да се пдлучите на таков чекор а посебно кеш пари у џеб за првите 3 месеци и загарантирано работно место ама ви кажав занат а не магистри и доктори зашто и на нив им е преку кур и не знаат што да им прават од таквите учи сине факултет да станеш доктор најголема глупост ај сите ке станеме доктори или ке работиме у канцеларија:pos:Мој совет ако имате КОХОНЕС аплицирајте за Авганистан дојдете голтајте прашина горете на 50 степени стискајте заби кога ке паѓаат гранати идете на капење во смрдливи тушеви во кој најмалку 100 луѓе пред вас издркале спијте по шатори стуткани еден до друг со просечен простор од 4метри квадратни и после пишувајте постови за Печалбарски леб а не од тоа што сте слушнале од братучед тетка и не знам кој.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
:) ако немате некој стручна подготовка или по нашки занат, Ѕидар, Електичар, Водоинсталатер, Механичар не ви гине лопата и мешалка за бетон може и некоја перална или ке косите доворови и чистите по куќи .
Samo ovie zanati se trazeni vo stranstvo ??? So drugite nema da uspees ??
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Никој не бега од своето огниште зошто му се кефнало ете така!....
 
Scorpion_MKD

Бездомник
Член од
19 април 2011
Мислења
36
Поени од реакции
88
Samo ovie zanati se trazeni vo stranstvo ??? So drugite nema da uspees ??
и

Па ти пишувам од искуство сигурно нема да се вработиш у Словенија или Италија, Германија како Менаџер, Адвокат, Доктор или не знам у канцеларија. Се знае за нас јужњаците прашај ги тие што работат у СЛО или Италија сите се сектор Градежништво или Молери некои па ситни прекупци на автомобили гледаат да го извадат патот до дома со тоа што ке донесат некоја кола на враќање од Италија прашај ги тие од Кр Паланка или Виница. А ако сакаш Германија сега бараат заварувачи со искуство електордно CO2 имам пријтели што го работат тоа викаат плаќа Германецот и до 8 евра по саат ама се работи и Германски тоест Јапонски прецизно и ни горе ни доле точно 8 саати без забушавање и шефот да ти стои над глава, го нема она по нашки кажано дршжавна работа у канцеларија Клати врата зимај плата :tapp:

Никој не бега од своето огниште зошто му се кефнало ете така!....
И ја не кажав дека секој бега зашто му се кефнало ете така се разбира бега за подобра егзистенција како сопствена така и на фамилијата односно дава своја жртва за некое си подобро утре. Ама немој да мислите дека тоа е така и цветаат ружи парите побргу се трошат дома отколку што се заработуваат па па ке кажам прво соптсвена ЖРТВА и откажување од сите до сега познати благодети и рмбајтен по 10 и 12 саати за подобро утре.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
и

Па ти пишувам од искуство сигурно нема да се вработиш у Словенија или Италија, Германија како Менаџер, Адвокат, Доктор или не знам у канцеларија. Се знае за нас јужњаците прашај ги тие што работат у СЛО или Италија сите се сектор Градежништво или Молери некои па ситни прекупци на автомобили гледаат да го извадат патот до дома со тоа што ке донесат некоја кола на враќање од Италија прашај ги тие од Кр Паланка или Виница. А ако сакаш Германија сега бараат заварувачи со искуство електордно CO2 имам пријтели што го работат тоа викаат плаќа Германецот и до 8 евра по саат ама се работи и Германски тоест Јапонски прецизно и ни горе ни доле точно 8 саати без забушавање и шефот да ти стои над глава, го нема она по нашки кажано дршжавна работа у канцеларија Клати врата зимај плата :tapp:
Јас работам во канцеларија, девојка ми работи како office admin, а само 5 месеци од како сме тука.Многу македонци тука со дополагање испити и земање на курсеви, работат на добри работни места.Ако си способен и ако сакаш да работиш, имаш големи шанси да успееш(и јазикот да го знаеш одлично).
 
В

Вештерот

Гостин
Гледам има луѓе кои ги интересира како е во странство. Ќе пробам да ви дадам реален и објективен одговор за западна европа (но ова важи ми се чини и во други поразвиени држави).
Бидејќи на сите ги интересира нешто различно, ќе ја искористам хиерархијата на потреби која ја составил американскиот психолог Абрахам Маслов
Повеќе има тука
http://en.wikipedia.org/wiki/Maslow's_hierarchy_of_needs

Значи по ред оди вака
1. Основни биолошки потреби како воздух , храна, вода, спиење и слично.
-Да тоа ќе го имате и со најниската работа.Дури и бездомниците добиваат некаков си оброк и заштита во повеќето држави.
2. Безбедност.
- Доста релативен поим кој ништо нема да ви значи, но е релативно безбедно. Нема војни и слични глупости.
3. Жена,маж, пријатели, семејство, љубав, односи со другите луѓе и слично
- Пријатели нема да имате.
- Роднините ви се во македонија така да заборавете на семејни прослави како свадби, крштевки, слави и слично. На некои тоа не им значи ништо, а на некои им значи па затоа напишав.
- Жена ќе имате ама ако е странкиња ондак е од оние либералните за кои не знаеш во која секта утре ќе оди. Нормална некоја не очекувајте да најдете. Затоа прво оженете се во Македонија со некоја нормална па потоа размислувајте за бегање.
- Односи којзнае какви со другите луѓе нема да имате. Се доста културни па така во продавница нема да ви одат преку ред, во соообраќајот нема да имате големи проблеми, кавги нема да имате односно многу ретко. Ако имате работа на општина или во слична институција брзо и ефикасно без многу чекање ќе завршите работа. Проблемот е и што никој нема да ве рецка ни два опсто. Значи на комшијата нема да му го знаете ни името, ќе има моменти кога ќе сакате да одите на кафе(или кино или некаде на друго место) ама ќе нема со кого.
4. Респект од другите, статус углед, успеси, работно место, успех во образовниот систем.
- Работата зависи од пазарот на работна сила и од вашата среќа и снаодливост. Во моментов пазарот на работна сила во повеќето земји не е поволен и тешко се наоѓа било каква работа, а за по струка да најдете треба да сте од некоја дефицитарна струка (обично техничките науки имаат предност). Тоа истотака зависи од држава до држава па треба конкретно за одредена држава да си ги прашате познаниците.
- Образование. Па ако имате деца рачунајте дека ќе им ставаат сопки разно разни учители кои се по убедување екстремни националисти и ќе треба многу да се потруат да постигнат значаен успех. Но се може, ако се труди човекк ќе достигне нешто. Сопките се ретки па се издржува, не е толкав проблем. А и кај нас врските се исто :гомце:.
- Углед. Нема да имате. И директори да станете заборавете на углед затоа што сте пред се странци. Можеби има исклучоци ама не би навлегувал во тоа.
-Статус. Појма нема што би напишал.
4. Когнитивни потреби.
- Крстозбори има на последната страна од повеќето весници и во странство па така да нема да имате проблем со тоа.
5. Естетски потреби
- Зависи од парите. Ако имате повеќе пари ќе облечете подобра облека, ако не поефтина. Ама може да се најде и ефтина роба која многу убаво изгледа, дури и поубаво од скапите дизајнерски облеки.

Друго
-Воглавном сметките за струја и вода ќе ви бидат платени, а ако не ќе ви ги исклучат и водата и струјата и тоа важи за сите жители без исклучок. Ако работите нема да имате проблем со плаќањето сметки.
-Здравството е на повисоко ниво од Македонија. Ако сте осигурани ќеимате добра услуга на ниво, но ќе траба и да почекате на ред да дојдете.
-Образованието е на повисоко ниво и е поуредено и попризнаено од македонското. Си имаат и они некои свои проблеми, но е воглавном посредено. Сепак ако учи човек и во Македонија може да дојде до знаење.
-Закони ќе морате да почитувате затоа што си има и соодветни казни кои се високи.
-Корупција и нелојална конкуренција постои, но не во такви размери како во мк. Патем на амнести интернешнл ви пишува колку е некоја држава корумпирана. И ако има корупција при одередени работи вие сте на поразената страна затоа што вашите роднини, пријатели, контакти и врски се во Македонија, а не во земјата каде сте се преселиле.
-Автомобил ќе имате подобар отколку што сте имале во Македонија, ако тоа нешто ви значи.
-Ако на почетокот се снајдете барем првите две три години вашиот стандард нагло ќе порасне, ќе сте во еуфорија и нема да забележите ниту еден проблем во новата држава и нема ниту да помислувате на враќање. Ќе ви е убаво. Но после некое време ќе почне да ве иритира ладноста на луѓето околу вас и секоја година се повеќе ќе ве иритира. Исто така ќе ве иритира тоа што нема да имате пријатели, што на многу места ќе ве дискриминираат на национална основа, а во време на економски кризи може и да го јадете стапот(во смисол на отпуштања од работа. Да вие ќе бидете првиот кој ќе биде отпуштен од фирмата, ако не и оди без разлика дали сте способен или не.)

Се надевам не заборавив нешто. Тоа се фактите па секј за себе нека си се израчуна што губи и што добива.

Друго нешто ве интересира?:)
 
jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
во право е gade можиш во секој локален колеџ да се распрашаш кои испити ти ги признаваат од македонија кои не и за брзо време да го завршиш истиот факултет како и во македонија. сите факултети се флексибилни така да можиш да работиш од понеделник до петок а во сабота да одиш на предавања. познавам многу луѓе кои за 1-2 години успеале да се снајдат добро и да најдат работа веднаш после завршување на факултетот
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
и

Па ти пишувам од искуство сигурно нема да се вработиш у Словенија или Италија, Германија како Менаџер, Адвокат, Доктор или не знам у канцеларија. Се знае за нас јужњаците прашај ги тие што работат у СЛО или Италија сите се сектор Градежништво или Молери некои па ситни прекупци на автомобили гледаат да го извадат патот до дома со тоа што ке донесат некоја кола на враќање од Италија прашај ги тие од Кр Паланка или Виница. А ако сакаш Германија сега бараат заварувачи со искуство електордно CO2 имам пријтели што го работат тоа викаат плаќа Германецот и до 8 евра по саат ама се работи и Германски тоест Јапонски прецизно и ни горе ни доле точно 8 саати без забушавање и шефот да ти стои над глава, го нема она по нашки кажано дршжавна работа у канцеларија Клати врата зимај плата :tapp:

И ја не кажав дека секој бега зашто му се кефнало ете така се разбира бега за подобра егзистенција како сопствена така и на фамилијата односно дава своја жртва за некое си подобро утре. Ама немој да мислите дека тоа е така и цветаат ружи парите побргу се трошат дома отколку што се заработуваат па па ке кажам прво соптсвена ЖРТВА и откажување од сите до сега познати благодети и рмбајтен по 10 и 12 саати за подобро утре.

Не си свесен колку Македонски доктори и хирурзи работат во Словенија........Не збори на памет!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom