Зошто срамежливоста/отвореноста ја поврзувате со хумор? Може човек да не се срами и да приоѓа на секоја девојка, но тоа не значи дека има смисла за хумор... Од друга страна срамежливоста е скоро секогаш само додека да се направи првиот чекор, потоа со малку запознавање веќе се се менува. Човекот е срамежлив кон непознатите или помалку познатите, кон оние ги што чувствува за туѓи, кон личност која ја чувствува за блиска тој не е срамежлив . Затоа глупи се и постовите не сакам срамежлив, сакам да се знае кој е машко во врска (или други слични муабети што ги прочитав). Нема никаква поврзаност едно со друго.
И прво и основно е дали некој/а ти е физички привлечен, ако не ти е нека е забавен колку сака, доколку ти се допаѓа многу ќе се смееш малку и на сила на почеток и нема баш да се оптеретуваш со такви работи. Башка, забавноста, занимливоста не е строга сврзана со гол хумор...
И најважно, ова се малку глупи муабети. Дали сакаш црнки, дали сакаш забавни, дали девојчињата сакаат високи црни со плави очи и што ти знам?
Љубовта е историска*, па затоа сите тие муабети паѓаат во вода, љубовта не може така да се објасни од типот ’го сакав затоа што е добар и има зелени очи и беше забавен’, ќе ти најдам уште стотина кои ќе бидат подобри и ќе имаат поубави и позелени очи и ќе бидат позабавни, но во него нема да се заљубиш.
*Љубовта се врзува за луѓе, а не за особини.