Анализа на крв - толкување резултати

Toa се нарекува микроцитна анемија и најчесто настанува како резултат на дефицит на железо. Ама кај тебе железото изгледа ок, пошто хемоглобинот ти е добар. Треба да направиш дополнителни тестови за серумско железо и трансферин за да се открие каде е проблемот.
Не е неопходно веднаш да се посети хематолог но пожелно е. Ако не веднаш, тогаш бар во блиска иднина.

Фала на одговорот. Инаку ми направија и ултразвук да видат дали проблемот е во дигестивниот систем, но таму не се покажа никаква дисфункционалност. Ми препорачаа да одам на хематолог, па сега се двоумам дали е итно, бидејќи немам баш финансиски средства во моментов, а од друга страна не сакам да оставам за подоцна, бидејќи ми рекоа дека треба да се третира.
Фала уште еднаш за одговорот.
 
крвна слика солидна освен ASAT (GOT) 38.6, препорачливо под 37

не пијам, не пушам

wat do
 
крвна слика солидна освен ASAT (GOT) 38.6, препорачливо под 37

не пијам, не пушам

wat do
Немаш потреба од паника.
Според повеќето лекари, и предходно имам кажано, горна граница за за овие ензими е 45-50.
За поконкретно, консултација со матичен.
 
Крвнава слика ми е супер освен AST ми е 24 (а пишува за мажи 40), ALT ми е 25 (мажи 41), Седиментација 6/ (а пишува од 8-12) и Гликемиа 4,1 (а пишува од 4,2 до 6,1). Што е тоа АСТ и АЛТ и зожто вредностиве се намалени на овие што ги набројав? :)
 
Кај мене тие два ензими беа и сеуште се тродупло намалени. Ми рекоа недостаток на витамин Б, а матичната ми рече ништо страшно.
Гликемијата ти е речиси нормална, неприметно ти е под границата.
 
Чекајте малце, мислите на ASAT и ALAT? Пошо барам AST и ALT у моево и не можам да најдам.. ваљда кај различни лаборатории различно се напишани.
Е само што во мојава(avicena) не пишува дека треба да се 40 или 41, туку помали од 37(ASAT) и 65(ALAT) што многу ме буни поради ова што го спомна Martin

ASAT и ALAT се поврзани со работата на црниот дроб(или попознатиот српски збор што крајно го мразам - јетра). Пушење/пиење/нездрава храна доведува до повисоки бројки.
 
Крвнава слика ми е супер освен AST ми е 24 (а пишува за мажи 40), ALT ми е 25 (мажи 41), Седиментација 6/ (а пишува од 8-12) и Гликемиа 4,1 (а пишува од 4,2 до 6,1). Што е тоа АСТ и АЛТ и зожто вредностиве се намалени на овие што ги набројав? :)

Ако сакаш да ги покачиш АСТ и АЛТ пиј секој ден по пола кило ракија. И гликемиа ќе качиш.
 
Едно прашање: Дали знае некој, каде во Скопје можам да направам анализа на церулоплазмин и Cu?
Фала однапред.

(прашањево не е баш за толкување резултат, ама мислев дека ова е право место за ваков тип на прашање)
 
Проверив и во Фармахем и во Адриа лаб, не видов дека испитуваат такво нешто. Мислам дека овие две се појаки лаборатории во Скопје. Останува да провериш на Клиника.
 
Едно прашање: Дали знае некој, каде во Скопје можам да направам анализа на церулоплазмин и Cu?
Фала однапред.

(прашањево не е баш за толкување резултат, ама мислев дека ова е право место за ваков тип на прашање)
Бакар и церулоплазмин кој што е носач на Cu низ организмот, работеа во Институт за клиничка биохемија во државна болница,да провериш дали имаат реагенси...не е често барана анализа затоа не сум сигурна дали сеуште ја работат..провери таму.:)
--- надополнето: 23 мај 2012 во 23:04 ---
Знае ли некој за што најчесто се бара маркер SCC?Кои се референтни вредности?И со пореметување на кој параметар би можело да се поврзе ?
 
Бев денес таму, одма ме откачија, не чинел апаратот. Ќе мора на друго место да барам, се надевам дека ќе најдам.
 
Знае ли некој за што најчесто се бара маркер SCC?Кои се референтни вредности?И со пореметување на кој параметар би можело да се поврзе ?
Сквамозен (плочест) карцином најчесто на грло на матка и бели дробови.Се јавува на епителните клетки на ткивото.
Референтна вредност под 2,5 ng/ml.
 
Бев денес таму, одма ме откачија, не чинел апаратот. Ќе мора на друго место да барам, се надевам дека ќе најдам.
Пробај во Систина, имаат прилично добра лабораторија, можеш и да се јавиш да прашаш, не мора да одиш до таму.
 
Ве молам ваши мислења:

1.анализа (лани ова време) 2.анализа сега

HOLEST. 6,3 6,4
TRIGLICER. 3,4 3,3
AST 30 29
ALT 62 42
GAMA-GT 61 67

Како изгледа? Фала однапред.
 
Ве молам ваши мислења:

1.анализа (лани ова време) 2.анализа сега

HOLEST. 6,3 6,4
TRIGLICER. 3,4 3,3
AST 30 29
ALT 62 42
GAMA-GT 61 67

Како изгледа? Фала однапред.
Trig и Holest мораш да најдеш начин да ги намалиш бидејќи ти се многу покачени.Избегнувај пржена храна,сувомеснати производи и се што има многу маснотии.Од масло користи само маслиново.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom