Анализа на крв - толкување резултати

Цело време.......т.е од кога памтам последниве 2, 2 и пол години имам намалени тромбоцити.Се друго е мање више нормално...........значи нешто тоа ? Овде прочитав дека намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц :eek:...... Хемотерапија не примам,а не е ваљда нешто од ова другиве работи.Сите други параметри се во граници на нормалата и еве 2-3 години се пројдени кога прв пат го приметив тоа и ништо не ми е до сега.
Ако е хепатитис Ц, значи е и вирусна инфекција и тоа ќе резултира со покачени антитела во организмот, како и со зголемен број на леукоцити така да вирусни инфекции не се сигурно причина. Точно не би знаел да ти одговорам, меѓутоа доколку матичниот смета дека крвната слика е во ред, нема простор за паника. Можно е натрупување на тромбоцити во слезената која има улога на филтер на крвта (иако ова е само моја слепа претпоставка).Побарај мислење од втор лекар да ти каже можни причини за таквата состојба. Има и некои други причинители на ваква состојба но не иде на невидено да се распишувам се и сешто и да те паничам за џабе.
Само побарај мислење од уште еден лекар.
 
Цело време.......т.е од кога памтам последниве 2, 2 и пол години имам намалени тромбоцити.Се друго е мање више нормално...........значи нешто тоа ? Овде прочитав дека намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц :eek:...... Хемотерапија не примам,а не е ваљда нешто од ова другиве работи.Сите други параметри се во граници на нормалата и еве 2-3 години се пројдени кога прв пат го приметив тоа и ништо не ми е до сега.

Под 150 ти се цело време?
Дали си примал антикоагулациона терапија? Повреда на некој мускул, внатрешно крварење некогаш?
 
Начин за намалување на триглецериди...имам ниво од 2,3 ???
 
Начин за намалување на триглецериди...имам ниво од 2,3 ???
http://www.zazdravje.com.mk/upload/showthread.php?717-Триглицериди

Барање причина за зголемувањето, добро ќе беше да ги напишеш и другите резултати
Прво ограничување на храната, повеќе има во линкот
После лекови за намалување на триглицериди
 
Па поконкретно ништо немам лошо, хемоглобин на максимално ниво, шекер немам, а вкупниот холестерол е 4,1 што секако е во нормала...
 
Па поконкретно ништо немам лошо, хемоглобин на максимално ниво, шекер немам, а вкупниот холестерол е 4,1 што секако е во нормала...
А дали резултатите ги имаш однесено на лекар да ги види?
Колку време немаше јадено пред да ти земат крв?
Повеќе прашања ќе ти постави и ти ќе му поставиш на матичниот лекар.
 
Секако дека ги однесов, но лекарот само кажа дека се зголемени над нормалата и ништо друго, инаку пред тој ден цел ден имав главоболки поради некакви проблеми со притисокот кој одвреме навреме ми се случува крвниот притисок да ми е близок еден со друг ( кај мене беше во најголем дел од денот 80/105), а за јадење јадев пред 7-8 часа само 2 палачинки...
 
правев денеска крвна слика лимфоцитите ми се 41.5 а максималното е 40, и ензими AST ми се покачени на 42.7 а нормално е на 37. Другото горе доле ми е во нормала. Од што може да се качени лимфоцитите на 41.5? оваа докторкава ми вика некоја настинка може да е
 
Ништо страшно.
Покачени лимфоцити-вирусна инфекција.
 
Испитување функција на надбубрежна жлезда со крвна слика... Имате идеја? :)
 
Испитување функција на надбубрежна жлезда со крвна слика... Имате идеја? :)
треба да имаш некоја мака прво па да се бара проблем во надбубрежната жлезда, сепак зависи што бараш.
 
Вредноста на MCV е 68.8. Начин како да се зголеми? Се работи за машки пол.
Фала.
 
Вредноста на MCV е 68.8. Начин како да се зголеми? Се работи за машки пол.
Фала.

Прилично е ниско.
Внесувај храна богата со железо (месо-особено телешки џигер, леќа, спанаќ)

Вредност на хемоглобин и серумско железо ?
 
Fa
Прилично е ниско.
Внесувај храна богата со железо (месо-особено телешки џигер, леќа, спанаќ)

Вредност на хемоглобин и серумско железо ?

Фала на одговорот.
Само овие резултати ги имам:
WBC: 6,1
RBC: 5,96
Hb: 12,7
MCV: 68,8
PLT: 247

Задолжителна ли би била консултација со хематолог? Прашувам бидејќи моментално сум во странство па тука се поскапи цените.
А инаку ми спомнаа дека сум имал некоја анемија и дека крвните зрнца не ми биле „нормални„.

Нормалните изгледале вака:
О О О
О О О

А моите биле вака:
о о о о
о о о о
во поголем број, но во помал обем.
 
Toa се нарекува микроцитна анемија и најчесто настанува како резултат на дефицит на железо. Ама кај тебе железото изгледа ок, пошто хемоглобинот ти е добар. Треба да направиш дополнителни тестови за серумско железо и трансферин за да се открие каде е проблемот.
Не е неопходно веднаш да се посети хематолог но пожелно е. Ако не веднаш, тогаш бар во блиска иднина.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom