- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.722
- Поени од реакции
- 9.446
Едно е сигурно другар, Берба си оди од Јунајтед ова лето...го кажа тоа неколку пати така да во нападот се има дупка. Друга работа е тоа што Левандовски не се покажа само оваа полу-сезона во Дортмунд, туку и пред тоа му го лапна местото на Бариос. Левандовски е корпулентен и има таква конструкција на телото за да биде надмоќен во дуелите со противничките одбранбени играчи, карактеристика што ја нема ниту еден во моментов кај нас, така да ни фали таков разбивач во нападот кој ќе може да ги искористи високите нафрлени топки кои ги праќаат нашиве крила. Е сега видовме дека не можеме да се ослониме само на Чича, Велбек и Руни оваа сезона, така да ако дојде Левандовски ќе биде полн погодок, зошто играч од негов профил одлично би се вклопил во нашиот систем.Која и варијанта да ја гледам, не го сакам Левандовски во Манчестер Јунајтед и си имам неколку причини
Ако дојде тој, ќе се намали минутажата на мојот ѕвер Велбек, па и на Чичарито.
-Левандовски расупка во последнава половина година,што почнаја да се интересираат сите,ризик е дали и во Манчестер Јунајтед ќе го покажи својот талент/сила.....
-Левандовски да го сменам со Бербатов според мене е голема грешка.
Поздрав!
Е сега гледам дека работава со Модриќ станува сериозна. Супер играч, па заедно со Кагава, Клеверли, Керик и Сколс средината ќе ни биде добра и покреативна. Единствена работа што не ми се допаѓа е тоа што во Септември ќе полни 27 години и не знам колку би било оправдано да се фрлаат 25 милиони фунти, но знаејќи дека играчите од средниот ред играат најдобро во овој период од своите кариери би го прифатил овој трансфер.
Уште еден левак во средината и Бејнс и ќе бидеме топ за наредните 3-4 сезони