Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Идете гледајте српски комедии што се напињате на темава. Во однос на филмов може само да кажам чичко Столе Попов ветува он е гение. Додека не излезе филмов глупо би било да коментирам каков би бил. Да почекаме......
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Едвај чекам да искочи филмчево ... Изгледа одлично, добри глумци, режисер и буџет.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Свесно е убиен коњ на снимањето на „До балчак“ (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ)

07 јун 2012 14:06

Снимањето на најновиот филм на режисерот Столе Попов, приказна за Дивиот Исток, за една сурова, но романтична сторија, уште незавршено, е обележано со еден дивјачки чин. За потребите на филмот е убиен коњ.


За време на снимањето на една од сцените во филмот, во селото Штавица, Прилепско, коњот бил предозиран со инјекции, и покрај предупредувањето од стручните лица дека може да умре. Филмската екипа решила дека може да го жртвува коњот за да ја заврши сцената, па коњот умрел. Крвта на приложените слики е филмска.
Кога му се јавивме на извршниот продуцент на филмот, Зоран Ристески, со прашање како и зошто настрадал коњот при снимањето, тој ни одговори: „На снимање сум, јавете се подоцна“.
Ова не е првпат на снимање филм на режисерот Столе Попов да се убиваат животни. Кучиња и кокошки биле убивани за време на снимањето на неговиот игран филм „Џипси Меџик“ во 1997 година. Новинарот Џабир Дерала тогаш ја објави и оваа грозна епизода на режисерот Попов во неделникот „Форум“. Во изјавата за МКД.МК Дерала се присеќава дека одговорот на продуцентите за тој инцидент тогаш бил дека се работи за големо режисерко име, за дело што ќе ја прослави Македонија.
„Се сеќавам дека продуцентите не се ни обиделе тие сцени да ги снимат со макети. Ваквото сурово однесување со животните е мал чекор до суровото однесување и со луѓето. Ако ова се случило и со неговиот најнов филм, тогаш сметам дека овој филм треба уште отсега да се дискредитира. Тогаш едно куче беше убиено со копач. Освен тоа знаете дека ова е и со закон забрането и дека во шпицата на секој филм што има вакви сцени пишува дека снимањето на сцените не предизвикало смрт на ниту едно животно“, изјави Дерала.
Долгометражниот игран филм „До балчак“ е во режија на Столе Попов, сценарио на Горан Стефановски, а во продукција на „Трингл филм“, фирма на Столе Попов и на Данчо Чевревски. Копродуценти на филмот се и Сектор Филм, ФX 3X и Македонската радио-телевизија.
Проектот е поддржан и финансиран од Владата на Република Македонија и од Филмскиот фонд на Македонија во програмата за проекти од национален интерес. Снимањето на филмот го потпомогнаа и министерствата, МПЦ – Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, Македонски железници и локалните градски самоуправи.

http://www.mkd.mk/36349/makedonija/konj-do-balcak-film-ubien-stole-popov/
--- надополнето: 7 јуни 2012 во 14:23 ---
Еј го гледате тоа објектот од Прашина црквичето е, пред месец баш го гледав бев таму по сирење.
Покрај плагијатирање на сценографија и ако е вистина ова за коњот стварно треба да му служи на чест.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.997
Поени од реакции
83.374
. Новинарот Џабир Дерала тогаш ја објави и оваа грозна епизода на режисерот Попов во неделникот „Форум“. Во изјавата за МКД.МК Дерала се присеќава дека одговорот на продуцентите за тој инцидент тогаш бил дека се работи за големо режисерко име, за дело што ќе ја прослави Македонија.
„Се сеќавам дека продуцентите не се ни обиделе тие сцени да ги снимат со макети. Ваквото сурово однесување со животните е мал чекор до суровото однесување и со луѓето. Ако ова се случило и со неговиот најнов филм, тогаш сметам дека овој филм треба уште отсега да се дискредитира. Тогаш едно куче беше убиено со копач. Освен тоа знаете дека ова е и со закон забрането и дека во шпицата на секој филм што има вакви сцени пишува дека снимањето на сцените не предизвикало смрт на ниту едно животно“, изјави Дерала...
Немаше ваква реакција од невладиниов морон коа ги убиваа децата на Велигден. Али ОК е шо ги брани животните, они не се каури.

Патем и јас лично осудувам варварско снимање филмови во манир на Канибал Холокауст.
Само што ми се сере од безобразното лицемерие на невладините активисти.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Од сега натака, целосен бојкот за све што ќе направи!!!!!! како не им е срам!

Сега треба да се рашири низ европа, па да видат после каква презенцатија ќе имаат на "филмот" говеда едни!
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Тоа што им се дешава на луѓево во државава, вие по животни плачете.
Лош аргумент другар, епа ај ако не во Африка нека земат да почнат да убиваат лавови, тигри и други животни за крзно, и ако некој ги праша да одговорат зошто го прават тоа нека речат: абе деца умираат вие за животни се замарате? не иде тоа така.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.838
Каков сака филмот нека излезе после.........ја посраа работата.........
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Лош аргумент другар, епа ај ако не во Африка нека земат да почнат да убиваат лавови, тигри и други животни за крзно, и ако некој ги праша да одговорат зошто го прават тоа нека речат: абе деца умираат вие за животни се замарате? не иде тоа така.
Тропаш глупости брат. Без навреда.
Не се залагам за убивање животни за крзно, нити од спорт. Не викам дека ова е добро нешто што се случило. Ама ако ти се кука, кукај за луѓе, не за животни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom