Секој во Италија викаше дека Ранокиа е класа или две пред другите млади дефанзивци во лигата. Разликата е што другите играат редовно, а Ранокиа дојде во раштиман оркестар, не се покажа и го бенчираа. Сантон го ставивме да игра на погрешна страна од теренот. Фараони не го дадовме на позајмица иако 2 натпревари не врза цела полусезона. Кастињос наместо да го оставиме на позајмица во Феенорд ние го зедовме и го направивме 5-ти напаѓач. Ние немаме појма како да направиме од млад потенцијал класа играч. Мора да ги праќаме на други места па евентуално да ги преплатиме. Ранокија да останеше уште една година во Џенова сега ќе немавме пари да го купиме... Сега имаме шанса да го направиме играч кој нема да вреди ни 5 милиони.
Муабетот ми е: ако си го земал за дебели пари - играј го. Ако не планираш да играш млад играч, остај го на позајмица.
А ова „половина сопственост“ кој го измисли Јонзе да му е...