Кемет Електроникс започна со пробно производство во Бунарџик

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Александра Спасевска

Американската компанија Кемет електроникс започна со пробно производство во фабриката во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Иако фабриката сe уште не е целосно изградена и опремена, на дел од машините кои се стигнати во погонот веќе неколку недели се произведуваат филтер-проводници, коишто се користат во машинската и електроиндустријата.
Засега во фабриката работат околу 15 лица, а до почетокот на август, кога се очекува и да стартуваат со производсво и кога целосно ќе биде монтирана производствената опрема, во првата фаза ќе бидат вработени до 60 лица. Од нив 30 веќе се во странство на обука.
Гил Гомез, менаџер за проектирање на фабриката на Кемет електроникс во Македонија, ексклузивно за „Капитал“ открива дека пред неколку недели започнале да произведуваат во фабриката во Бунарџик, а стартутваат со производство на само еден производ.
„Очекуваме да пристигнат неколку нови производни линии од Италија во наредните две недели, а до крајот на јуни е планирано целосно да биде монтирана опремата. Планот на Кемет е да пресели во Македонија дел од производствените линии од фабриките од Германија, Италија и Мексико“, објаснува Гомез.
Тој официјалниот старт на производството во Бунарџик го најавува за почетокот на август, до кога ќе бидат завршени сите градежни и оперативни работи во фабриката.
„Донесовме тим од стручни лица од Велика Британија коишто го следат производството и поставувањето на опремата, и вршат обука на вработените. Деловите коишто тука ги произведуваме се наменети за Филипс и за Сименс, со кој Кемет има договор, иако засега се произведуваат мали количини“, објаснува Гомез.
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 хектари, ќе произведува електронски уреди за европските пазари, предвидено е да вработи 200 луѓе. Вкупната инвестиција на американската компанија во Македонија е проценета на 12 милиони евра. Меморандумот за инвестирање беше потпишан во јуни минатата година. Со ова Кемет електроникс е третата фабрика во Бунарџик којашто започна со производство во Македонија.
Освен Кемет електроникс, до почетокот на есента се очекува со производство да започнат и италијанската компанија Текнохозе, која во моментот ја инсталира опремата за производство, и руската фармацевтска компанија Протек, којашто ќе произведува витамини во Бунарџик.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Оф леле фала богу и нешто од нив мада не верувам дека парите ќе си ги задржат тука нормално во некоја Америчка банка или во Америка парите ќе отидат (n) Имаат ефтина работна сила која за нив се исплати. А видов и зошто има некои вакви инвеститори бидејќи поефтини парцели и работна сила здравје (n)
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 хектари??????
Детелина посеана на 11.000 хектари носи годишно , веројатно 200 евра по хектар илити 2.200.000 евра чист ќар, со малку попаметни култури ќе вработи едно 150-200 градинари и уште толку во синџирот на доработка....., ако бројкава за хектаража не е некоја грешка, тогаш некој е опасно луд во земјата данска...:)
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
и мене тоа ми бодна очи, тој што го пишувал ова нема појма од животот, битно да се ископира некој текст:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.269
Ваљда мислеле еден хектар 1.1 хектар (10.000 ...11.000 м2)
новинариве изгледа имаат згрешено...или бегале у основно :)
Како што читам на сител, површина од 4.4 ха, а површина на фабриката 1 ха
http://daily.mk/amerikanskiot-kemet-elektroniks-gradi-fabrika-vo-bunardzik?forward=803092
??? :confused: цифриве се збунити непријатеља
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 хектари??????
Детелина посеана на 11.000 хектари носи годишно , веројатно 200 евра по хектар илити 2.200.000 евра чист ќар, со малку попаметни култури ќе вработи едно 150-200 градинари и уште толку во синџирот на доработка....., ако бројкава за хектаража не е некоја грешка, тогаш некој е опасно луд во земјата данска...:)
Метри квадратни се. 11 000 хектари не може ни да се оградат со 12 милиони евра, не па уште толкава хала да изградат. Тоа би било градежен зафат поголем од СК 2014. :D
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Оф леле фала богу и нешто од нив мада не верувам дека парите ќе си ги задржат тука нормално во некоја Америчка банка или во Америка парите ќе отидат (n) Имаат ефтина работна сила која за нив се исплати. А видов и зошто има некои вакви инвеститори бидејќи поефтини парцели и работна сила здравје (n)
Од досегашните информации што ги имам на веке постоечките фабрики од бунарџик минимум плата е 300 евра, така сигурно и оваа ќе биде од таа стартна точка на плата па нагоре, а за профитот дали ќе го реинвестира или ке си го однесе во матичната држава останува одлука на менаџментот, но значајно е што ќе произведува производи со висока технологија и со висока додадена вредност а со самото тоа што ги прака на обуки , докафалиакции и сл, работниците нема да бидат платени лошо зошто секоја компанија сака задоволни работници, они не се некоја грчка фабрика за 100 евра плата некој да рабти па ако си отиде работникот друг да дојде, овдека гледаат тие луге што ке се вработат да имаат солидни примања и да се задоволни,зошто релативно скапа работа е обучен работник што го обучувале да си замине од кај нив и да работи на друго место така од тој аспект вакви компании секат обезбедуваат услови со кој работниците ќе бидат задоволни и во иднина.
 
Ако платата во Америка е над 5000 е кај нас колку ќе му дадат? 800 евра најмногу да му дадат како и да е пак имаме ефтина работна сила кои некои големи комнпании тоа го искористуваат ама бидејќи ете мала земја сме и повеќето ќе бидат задоволни со 400 евра плата ај нека и помине и ова
 
corba666

Аполитичен промакедонски
Член од
3 април 2008
Мислења
266
Поени од реакции
55
Нема ништо лошо во инвестицијава па како и да гледаш. И се да изнесат мислам на целиот профит тука ќе останат платите на вработените. Тоа е празна пољана која не раѓа ништо. Такашто јас навистина не разбирам што е негативно тука се разбира доколку на некој не му смета развој на стопанството?!?:confused:
 
Не е другар да не се инвестира и да доаѓаат вакви компании него финтата е што имаме ептен ефтина работна сила
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Оф леле фала богу и нешто од нив мада не верувам дека парите ќе си ги задржат тука нормално во некоја Америчка банка или во Америка парите ќе отидат (n) Имаат ефтина работна сила која за нив се исплати. А видов и зошто има некои вакви инвеститори бидејќи поефтини парцели и работна сила здравје (n)
Нормално дека профитот ќе го изнесат..зашто ќе извезуваат, и никој не ги обврзува парите тука да ги оставаат..освен ако не ги реинвестираат во други погони и сл..
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Не е другар да не се инвестира и да доаѓаат вакви компании него финтата е што имаме ептен ефтина работна сила
Зголемување на платите ќе има кога ке има вистинска конкуренција на пазарот на трудот а вакви странски инвестиции ја зголемуваат цената на работната сила односно платите затоа што оние даваат генерално повисоки плати од просечната македонска плата и нудат подобри услови за работа и можност за обуки и за унапрдување и менаџирање во западен стил, колку повеќе вакви компании има во Македонија така и платите и стандардот ќе се подигаат за разлика од грчките конфекции кој за 100 евра маста им ја вадеа на работниците и немаа елеменарни услови за работа а да не збориме па за унапредување на работа , итн. Во секој случај позитивна работа се отварање на вакви високотехнолошки фабрики, граѓаните својот бенефит ке го имаат од повисоките плати што ке ги зимаат од вакви фабрики, а држава својот бенефит ке го има од зголемување на својот извоз, зголемување на бдп, менување на економската структура, внесување на нови технологии и знаења кој ке допринесат за зголемена конкуренција и продуктивност, и можности на македонски компании да станат добавувачи на овие јаки компании. А зошто имаме ефтина работна сила тоа е затоа што пред 15 години не се правеше ова што денес се прави да се направеше ова што денес се прави тогаш , нашиот стандард немаше да биде ништо подоле од оној на Хрватска, Словенија, Чешка или Словачка. Но со оглед дека до пред 4-5 години Бунарџик беше ливада, а сега имаме веќе 3 компании што работат а до есеноска ке почнат со работа уште 2 не се така лоши резултати, само нека се продолжи динамиката се друго ке си дојде на свое место некој странски инвеститор кога ке види дека над 5 фабрики работат во бунарџик и дека уште неколку се градат од кој некој по втор пат инвестираат странецот да донесе одлука да инвестира тука се многу пати поголеми отколку кога била ливада без изградени фабрики, така да не е се до ниските даноци и другите бенефиции исто така и и визулениот ефект е многу битен , не е исто да донесе одлука за изградба на фабрика кога гледа само ливада, и кога гледа 5 фабрики со висока технологија МултиНационалниКомпани кој веќе имаат инвестирано.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
Метри квадратни се. 11 000 хектари не може ни да се оградат со 12 милиони евра, не па уште толкава хала да изградат. Тоа би било градежен зафат поголем од СК 2014. :D
11.000 хектари = 110 километри квадратни, или некаде квадрат 10 на 11 километри површина , машала машала овие што пишувале ја направиле фабрикава колку пола скопје одприлика :D
 
corba666

Аполитичен промакедонски
Член од
3 април 2008
Мислења
266
Поени од реакции
55
Нормално дека профитот ќе го изнесат..зашто ќе извезуваат, и никој не ги обврзува парите тука да ги оставаат..освен ако не ги реинвестираат во други погони и сл..
Па да имаат 2 варијанти.... прва е 10% данок на добивка ако го изнесат профитот и втора реинвестирање нема данок на добивка, го зголемуваат производството и прометот и освојува нови пазари што за мајката фирма на берзата на која котира (NYSE) значи зголемување на вредноста на акцијата па така и остварува поголем принос за акционерите како и бонуси за менаџерите и во краен случај полесен начина на финансирање на компанијата (барани корпоративни обврзници, продажба на сопствени акции). Има и скриена варијанта на извоз на профит преку разни малверзации како на пример високи плати на менаџерите, консултански услуги итн.... но тука пак има данок кој подоцна може да се поврати :(
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
11.000 хектари = 110 километри квадратни, или некаде квадрат 10 на 11 километри површина , машала машала овие што пишувале ја направиле фабрикава колку пола скопје одприлика :D
Замисли 200 работници на толкава површина. :vozbud: Прва смена ќе работат, втора смена ќе се бараат помеѓу машините за да се вратат заедно дома. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom