Александра Спасевска
Американската компанија Кемет електроникс започна со пробно производство во фабриката во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Иако фабриката сe уште не е целосно изградена и опремена, на дел од машините кои се стигнати во погонот веќе неколку недели се произведуваат филтер-проводници, коишто се користат во машинската и електроиндустријата.
Засега во фабриката работат околу 15 лица, а до почетокот на август, кога се очекува и да стартуваат со производсво и кога целосно ќе биде монтирана производствената опрема, во првата фаза ќе бидат вработени до 60 лица. Од нив 30 веќе се во странство на обука.
Гил Гомез, менаџер за проектирање на фабриката на Кемет електроникс во Македонија, ексклузивно за „Капитал“ открива дека пред неколку недели започнале да произведуваат во фабриката во Бунарџик, а стартутваат со производство на само еден производ.
„Очекуваме да пристигнат неколку нови производни линии од Италија во наредните две недели, а до крајот на јуни е планирано целосно да биде монтирана опремата. Планот на Кемет е да пресели во Македонија дел од производствените линии од фабриките од Германија, Италија и Мексико“, објаснува Гомез.
Тој официјалниот старт на производството во Бунарџик го најавува за почетокот на август, до кога ќе бидат завршени сите градежни и оперативни работи во фабриката.
„Донесовме тим од стручни лица од Велика Британија коишто го следат производството и поставувањето на опремата, и вршат обука на вработените. Деловите коишто тука ги произведуваме се наменети за Филипс и за Сименс, со кој Кемет има договор, иако засега се произведуваат мали количини“, објаснува Гомез.
Фабриката којашто е изградена зафаќа парцела од 11.000 хектари, ќе произведува електронски уреди за европските пазари, предвидено е да вработи 200 луѓе. Вкупната инвестиција на американската компанија во Македонија е проценета на 12 милиони евра. Меморандумот за инвестирање беше потпишан во јуни минатата година. Со ова Кемет електроникс е третата фабрика во Бунарџик којашто започна со производство во Македонија.
Освен Кемет електроникс, до почетокот на есента се очекува со производство да започнат и италијанската компанија Текнохозе, која во моментот ја инсталира опремата за производство, и руската фармацевтска компанија Протек, којашто ќе произведува витамини во Бунарџик.