- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Не дека го критикувам од шо појма неам, танге може бил фантастичен. Ама во време кога си можел наново да проектираш цел град и тоа главен град, си морал да го направиш ем со булевари со по 8 ленти, ем подземни улици, ем трамваи, ем се да има. Не да дозволиш да има двонасочни улици во центарот на градот со по 1 лента(Илинденска до лани). Железничката како железничка е пример на тоа што можел да направи, ја кренал, да не преминуваме на пруга секој ден, да не чекаме рампи, тоа било фантастично, ама останатото е жими мајка.
Искрено мене не ми е гајле дали е барок или брутализам, се додека е функционално и убаво за око. Мислам дека Коце функционира на тој начин, иако има и овакви испади, како овој, смеат автобуси не смеат коли wtf...
Ама градот не е правен целосно по негови дизајн туку само делови тука е и настанат целиот проблем.Центарот на градот е направен само по проектот на танге кој што бил во форма на цвет или подобар опис би биле концентрични кругови колку што го имам видено. Проблемот е што од двете страни на тој дизајн ги имаш Партизанска и Јане од кај што цел Аеродром и Карпош се слива и од еднаш улици со по 3 ленти се претвараат во улици со по 1 или 2 ленти и станува хаос.
Плус Танге не можел да предвиди дека Скопје ќе се претвори во град од 700 000 народ он тогаш гарант дизајнирал град со 300 000 популација највеќе.И во секој случај он кога видел што се имало изградено има речено дека ова не е неговиот дизајн.
Југославија сите пари од донации си ги испокрале и практично ништо не било изградено по планот додека се запазувал планот додека после и почнале по нови планови да си градат како Аеродром.