Рекорд (Скопје) ќе стане пешачка зона?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа следнава идеја?

  • да

    Гласови: 47 64,4%
  • не

    Гласови: 17 23,3%
  • незнам

    Гласови: 9 12,3%

  • Вкупно гласачи
    73
Не дека го критикувам од шо појма неам, танге може бил фантастичен. Ама во време кога си можел наново да проектираш цел град и тоа главен град, си морал да го направиш ем со булевари со по 8 ленти, ем подземни улици, ем трамваи, ем се да има. Не да дозволиш да има двонасочни улици во центарот на градот со по 1 лента(Илинденска до лани). Железничката како железничка е пример на тоа што можел да направи, ја кренал, да не преминуваме на пруга секој ден, да не чекаме рампи, тоа било фантастично, ама останатото е жими мајка.
Искрено мене не ми е гајле дали е барок или брутализам, се додека е функционално и убаво за око. Мислам дека Коце функционира на тој начин, иако има и овакви испади, како овој, смеат автобуси не смеат коли wtf...

Ама градот не е правен целосно по негови дизајн туку само делови тука е и настанат целиот проблем.Центарот на градот е направен само по проектот на танге кој што бил во форма на цвет или подобар опис би биле концентрични кругови колку што го имам видено. Проблемот е што од двете страни на тој дизајн ги имаш Партизанска и Јане од кај што цел Аеродром и Карпош се слива и од еднаш улици со по 3 ленти се претвараат во улици со по 1 или 2 ленти и станува хаос.

Плус Танге не можел да предвиди дека Скопје ќе се претвори во град од 700 000 народ он тогаш гарант дизајнирал град со 300 000 популација највеќе.И во секој случај он кога видел што се имало изградено има речено дека ова не е неговиот дизајн.

Југославија сите пари од донации си ги испокрале и практично ништо не било изградено по планот додека се запазувал планот додека после и почнале по нови планови да си градат како Аеродром.
 
Само општина Аеродром задоволува некакви стандарди за зелен појас и домување и е изграден според врвни на времето критериуми, Танге не бил задолжен за прогнози иако е јасен развитокот него да го расчисти разрушениот дел, тогаш не ни постоеле населените области што денес постојат за он да става ред.
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 12:47 ---
Ја се сложувам дека не мора да биде ни пари ни рим, ни њујорк, ама мора да биде метропола, главен град е, срцето на државата, за што и да им треба на луѓето од внатрешноста тука идат. дополнително студенти, вработени кои скопје од 600.000 жители го прават 800.000 во текот на денот(груба проценка). Требало да бидат изградени широки улици пред се, проектиран трамвај како најевтино превозно средство и подземни улици. Од овој аспект Скопје е голема грешка на тогашното раководство, а искрено ако голем дел од идеите на Танге не биле прифатени, не гледам ни зошто воопшто дозволил да биде вмешан во оваа ситуација. За изгледот на зградите нема да коментирам, не сум архитект нити имам познавање од уметност, лаички гледано има згради што ми се свиѓаат, има што се гнаси, ама тоа ќе го оставиме зашто е тотално небитно како изгледаат во однос на сообраќајот.

Зборот метропола и неговиот почеток на употреба во државава е благодарени на новинари со болен комплекс да си ја збогатат статијата со европски збор, реален муабет метропола подразбира жители во милиони а на еден километар од плоштад Македонија пасе стока. Ти предложувам да ја погледнеш макетата и некоја презентација бидејќи работиве што ги бараш ги содржи освен идејата за трамвај која без проблем би се изреализирала кога би било...
 
Само општина Аеродром задоволува некакви стандарди за зелен појас и домување и е изграден според врвни на времето критериуми, Танге не бил задолжен за прогнози иако е јасен развитокот него да го расчисти разрушениот дел, тогаш не ни постоеле населените области што денес постојат за он да става ред.

Во Аеродром живеам тоа дека задоволува стандарди е сосема друга работа од тоа што некој паметен му текнало населба со 100 000 + население да ја поврзе преку булевар со 3 ленти со центар на град во кој има само 1 или 2 ленти максимум.Танге им дал дизајн за град од средна големина они го имаат само центарот горе доле по дизајнот изградено и се друго е трпај Суљо.
 
Од Танге се само комплекс зградите Градски Ѕид и Железничката Станица се друго е од други балкански архитекти и по некој македонски...
 
А автпбусите не загадуваат? На грав да не возат? Ил пешачка или коловоз не може пешачка со автобуси, се знае што е пешачка со клупи со кафичи кај ќе ми се бута автобус тука, деца мали ќе пуштиш ова она
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom