Рекорд (Скопје) ќе стане пешачка зона?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа следнава идеја?

  • да

    Гласови: 47 64,4%
  • не

    Гласови: 17 23,3%
  • незнам

    Гласови: 9 12,3%

  • Вкупно гласачи
    73
А да видат малку како е направено во Струмица и истово да го изведат овде со подвожњак? Така ќе нема застој ниту во сообраќајот, ниту пак пешаците да чекаат на семафор и да не знаеш на кај да фатиш кога ќе тргне толпа народ од двете страни.
 
лелеееееее зар јово наново?! значи не се откажале :eek:
па за ова дискутиравме токму овде на форумов пред две години
сега ПАК?!:pos:
ц ц ц ц -
 
Јас мислев дека ќе ја прават подземна улица а одозгора шеталиште, вака како што планират ќе биде тешко да се растерети планираниот булевар. Второ решение е планираната улица под плоштадот ама не карикатурата што планират да ја прават туку онаа улица која е планирана пред повеќе години а ги спојува Булеварите партизански одреди и Кузман Јосифовски Питу.
 
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз, објави весникот „Дневник“.
Ова е предвидено со последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ па сè до крстосницата пред Собранието. Доколку овој план се реализира, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот.
За да може улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка, најпрво треба да се прошири улицата Даме Груев со булеварско решение, според кое, таа би била широка 14 метри и би имала четири ленти.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара една деценија, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
Слободно коментирајте :)
Odlicno!! Samo bi bilo uste poubavo da bide skroz pesacka, da se zatvori za soobrakaj celosno!
 
А да видат малку како е направено во Струмица и истово да го изведат овде со подвожњак? Така ќе нема застој ниту во сообраќајот, ниту пак пешаците да чекаат на семафор и да не знаеш на кај да фатиш кога ќе тргне толпа народ од двете страни.
Тоа е моментот кога сфаќаш дека последниве 10 години се труби едно исто па исто, ќе имаше подземна, АКО навремето големиот проектант кензо танге ја проектирал каналализацијата на поинаков начин од сегашниот.
Скопје е најглупо проектираниот град во историјата на градовите, а кога ќе земеш во предвид дека е цртан пред 50 години во време на комунизам дополнително доаѓа до израз идиотизмот на тогашните лидери. Наместо да ги проектираат тие подземни улици после земјотресот, наместо да направат булевари, они изградиле тесни улици кои сега неможе да се прошират.

Имале феноменална позиција, урнато Скопје, морало да се гради, комунизам, како што зимале на сила толкави ниви и земјопоседи, можеле да земат и згради и да го направат Скопје да личи метропола со неколку едноставни потези. Сега властите колку даваат за проширување на улица толку даваат за откуп на куќи и дворишта да може да се прошират улиците.

За проектов би коментирал дека е добар, ама збунувачки, а и се работи горе доле за изваден муабет од некаде, кога би се реализирал, не гледам зошто само градски превоз би се движел тука, градски превоз не е трамвај(уште еден пропуст на комунистите) па не гледам која е разликата дали идат коли или не, кога сеедно се движат автобуси.
 
Ja одамна ова го спомнав како добро решение и е добро..секој слободен простор за пешаците,а помалку за загадувачите е плус за секој град..а како ќе се движат после тие со колите,нека му ја мислат,нивен проблем..мора овој народ да се научи да користи помалце кола а повеќе автобус или нозе.
 
Ќе било пешачка улица ама ке поминувале и автобуси WTF , ова како во некој виц абе види трудна е ама малце трудна е исто е со овој случај логика убиј боже абе или е скроз пешачка како улица Македонија или си останува вака што е што глумат лудило. Ако сакаат да ја направат таа улица пешачка улица а и да поминуваат автобуси , мое мислење е дека треба да се направи подземна улица на местово на постоечката улица а одозгора пешачка зона комплет и решен проблем а не ова тешки глупости повеќе го закочат соокракајот отколку нешто што ке направат. Глупости
 
Подземна ќе се прави од пошта па до комплекс банки,покрај Вардар..чекај па и ти неможе одеднаш..треба ли цело Скопје да се раскопа,па после кој ќе ги слуша по вести кај се жалат многу раскопано било.
 
Ja одамна ова го спомнав како добро решение и е добро..секој слободен простор за пешаците,а помалку за загадувачите е плус за секој град..а како ќе се движат после тие со колите,нека му ја мислат,нивен проблем..мора овој народ да се научи да користи помалце кола а повеќе автобус или нозе.
И точак повеќе да користи ама мрзата си го прави своето а и Македонското его да се покаже што си купил или тате што му земал :)
 
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз, објави весникот „Дневник“.
Ова е предвидено со последните измени на Деталниот урбанистички план „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ па сè до крстосницата пред Собранието. Доколку овој план се реализира, Скопје ќе добие уште една атрактивна пешачка зона во центарот.
За да може улицата Димитрија Чуповски да стане пешачка, најпрво треба да се прошири улицата Даме Груев со булеварско решение, според кое, таа би била широка 14 метри и би имала четири ленти.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара една деценија, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
Слободно коментирајте :)

Ова го поздравувам. :cuc:
 
Има доста добри и лоши страни соодветно на целата реализација. Ако го послушаат Танге и изградат коловози под плоштадот по големи од оние што ги познаваме за со цел да се редуцира сообраќајот во централното градско подрачје и дел од центар да се претвори во пешачка зона би било совршено, но ако Груевски повторно се инспирирал од Барок/Рококо или од скорешново патување во Кина, резултатот е мистерија...
--- надополнето: 5 јуни 2012 во 06:14 ---
Тоа е моментот кога сфаќаш дека последниве 10 години се труби едно исто па исто, ќе имаше подземна, АКО навремето големиот проектант кензо танге ја проектирал каналализацијата на поинаков начин од сегашниот.
Скопје е најглупо проектираниот град во историјата на градовите, а кога ќе земеш во предвид дека е цртан пред 50 години во време на комунизам дополнително доаѓа до израз идиотизмот на тогашните лидери. Наместо да ги проектираат тие подземни улици после земјотресот, наместо да направат булевари, они изградиле тесни улици кои сега неможе да се прошират.

Имале феноменална позиција, урнато Скопје, морало да се гради, комунизам, како што зимале на сила толкави ниви и земјопоседи, можеле да земат и згради и да го направат Скопје да личи метропола со неколку едноставни потези. Сега властите колку даваат за проширување на улица толку даваат за откуп на куќи и дворишта да може да се прошират улиците.

За проектов би коментирал дека е добар, ама збунувачки, а и се работи горе доле за изваден муабет од некаде, кога би се реализирал, не гледам зошто само градски превоз би се движел тука, градски превоз не е трамвај(уште еден пропуст на комунистите) па не гледам која е разликата дали идат коли или не, кога сеедно се движат автобуси.

Се сложувам има големи пропусти денес. Една од пречките за денешна реализација на Танге е и капијата и фонтаната на плоштад а и зависно од подрачјето не сум информиран дали смеат и колку најблиску можат да се доближат до веќе постоечките објекти при копање за конечна изведба. Танге е фантастичен но за неговото време. Мислам дека денес Брутализмот би бил на поголем удар од Барокот, на нашиов менталитет тоа би влијаело со негативна емотивна состојба - мене лично ми е тажен тој правец. За урбанистичкиот план на Скопје не станува збор, што и да кажеме излишано е...
 
Не дека го критикувам од шо појма неам, танге може бил фантастичен. Ама во време кога си можел наново да проектираш цел град и тоа главен град, си морал да го направиш ем со булевари со по 8 ленти, ем подземни улици, ем трамваи, ем се да има. Не да дозволиш да има двонасочни улици во центарот на градот со по 1 лента(Илинденска до лани). Железничката како железничка е пример на тоа што можел да направи, ја кренал, да не преминуваме на пруга секој ден, да не чекаме рампи, тоа било фантастично, ама останатото е жими мајка.
Искрено мене не ми е гајле дали е барок или брутализам, се додека е функционално и убаво за око. Мислам дека Коце функционира на тој начин, иако има и овакви испади, како овој, смеат автобуси не смеат коли wtf...
 
Вака пред некое време лично синот на Танге имаше предавање во Александар Палас и убаво нагласи дека Скопје не треба да пробува да биде ниту Париз ниту Рим, пред се кај нас е загубена автентичноста не сум хејтер далку од тоа со задоволство би аплаудирал на нешто функционално од проектот 2014 и не знам дали знаеш но од урбанистичкиот проект на Танге е изведен само мал дел односно ништо. Само Градската Желесничка Станица без Градската Порта и Градскиот Ѕид - комплекс згради. Танге е дефинитивно поголем урбанист и познавач на човечките потреби од само прогласените денешни урбанисти зашто делата говорат не јас, имаше и изложба во Музеј на Современа на Кале беше изложена и макетата денес да беше Скопје по негов план немаше да има никакви фрустрации додека се возиш низ градското централно подрачје со автомобил. Железничката е крената од друга причина инаку но брутализмот се работи пред се за функција не знам дали си забележал но нема никакви детали се е сведено на бетон и стакло за разлика од Рококо-то како врв на Барокот па и затоа Брутализмот делува не доработен.
 
Ма нека исчистат све, кола не сакам да видам поготово таксистите кај Мекдоналдс и кај чичко Стоилко. Таа гужва мора да се исчисти.
Е сега не знам како ке се пренасочи сообраќајот без да се создава гужва, но идејата за чистење на центарот од возила ми се допаѓа.
 
Вака пред некое време лично синот на Танге имаше предавање во Александар Палас и убаво нагласи дека Скопје не треба да пробува да биде ниту Париз ниту Рим, пред се кај нас е загубена автентичноста не сум хејтер далку од тоа со задоволство би аплаудирал на нешто функционално од проектот 2014 и не знам дали знаеш но од урбанистичкиот проект на Танге е изведен само мал дел односно ништо. Само Градската Желесничка Станица без Градската Порта и Градскиот Ѕид - комплекс згради. Танге е дефинитивно поголем урбанист и познавач на човечките потреби од само прогласените денешни урбанисти зашто делата говорат не јас, имаше и изложба во Музеј на Современа на Кале беше изложена и макетата денес да беше Скопје по негов план немаше да има никакви фрустрации додека се возиш низ градското централно подрачје со автомобил. Железничката е крената од друга причина инаку но брутализмот се работи пред се за функција не знам дали си забележал но нема никакви детали се е сведено на бетон и стакло за разлика од Рококо-то како врв на Барокот па и затоа Брутализмот делува не доработен.
Ја се сложувам дека не мора да биде ни пари ни рим, ни њујорк, ама мора да биде метропола, главен град е, срцето на државата, за што и да им треба на луѓето од внатрешноста тука идат. дополнително студенти, вработени кои скопје од 600.000 жители го прават 800.000 во текот на денот(груба проценка). Требало да бидат изградени широки улици пред се, проектиран трамвај како најевтино превозно средство и подземни улици. Од овој аспект Скопје е голема грешка на тогашното раководство, а искрено ако голем дел од идеите на Танге не биле прифатени, не гледам ни зошто воопшто дозволил да биде вмешан во оваа ситуација. За изгледот на зградите нема да коментирам, не сум архитект нити имам познавање од уметност, лаички гледано има згради што ми се свиѓаат, има што се гнаси, ама тоа ќе го оставиме зашто е тотално небитно како изгледаат во однос на сообраќајот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom