За што загина брат ми?

Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
историјата постојано се повторува...но за жал одбиваме да учиме од неа....брат ти ....како и милиони-милиони пред него....загинал затоа што не бил кукавица....затоа што животите на своите најблиски и луѓето што ги познава ги ставил пред својот....затоа што имал срце....

....додека луѓето со срце гинат....кукавиците се кријат....а потоа ги собираат сите заслуги....загинатите добиваат споменик на незнаен јунак....а кукавиците ордени за храброст, позиции во опшеството, матријални добра......така било кај комитите...кај партизаните....така е и сега

....многу многу одамна кралевите и генералите стоеле на чело на своите војски во првите борбени редови....денес се кријат во бункери и добро обезбедени палати и играат шах...но не со дрвени фигури...туку со живи луѓе...ги праќаат во смрт за половина процент рејтинг...за политички поен....или за некое евро плус на тајна сметка

според луѓето кои го креираат опшеството денес (читај власта) просечниот македонец не треба да се сеќава и да ги памти имињата на загинатите од Вејце, Карпалак, Лешок....но затоа и те како треба да ги знае Мара Бунева и Симеон Радев

како што кажа некој погоре....самиот народ е виновен за она што му се случува

ГЛУП НАРОД...СИЛНА ДРЖАВА

треба да престанема да се делиме по разно разни основи...етнички, политички, геогравски, културни...и да сватиме дека го имаме само ова парче земја....и дека тоа е она што треба да не обедини...и дека никој од надвор нема да дојде и да ни помогне (сите доаѓаат со личен интерес) ако самите не си помогнеме
 
Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Може звучи просто ама загинал за џабе, ако се објаснуваме во детали ке стигнеме на тема за камено време.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
искрено сочуство,и јас често се запрашувам зошто загинаа толку млади животи - никако да го пронајдам одговорот...........нашите политичари извршија предаство,дали намерно,дали од некадарност да се договорат со албанскиот фактор - војна е војна,а за сите нехумани работи во неа МОРА некој да одговара за своите нечовечки постапки со цел такво нешто да не се повтори

всушност како што си кажаа неколку души пред мене - историјата на Македонскиот народ се повторува одново и одново - си страда многу од домашните душмани и предавници......to be continue
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ова да беше правна и нормална држава некој ќе беа 2 метри под земја и во доживотни затвори, а не да ми прават партии за Демократски унии на интеграции која иронија некој што убивал тепал уништувал предок цело време е скоро во влада и а цело време во собрание. Сите што дозволија да ја изгубиме 2001 а во пред ред ке ги ставам предавниците Борис Трајковски,Владо Бучковски, заради предавнички одлуки и неодлучност на Борис Трајковски многу луге загинаа и тоа на повлекување ке имдадеа наредба идете напад таман ке стигнат ајде повлекувајте се, бучко е посебна приказна да не му се заканија со убиство немаше да прати хелихоптери и авиони да ги спасат од жесток оган нашите војници, инаку дечко прими го моето најдлабоко сочуство но мое мислењењ е дека можеш да убиеш некој од учките што сега се во фотелји и да си бараш амнестија, чим они добија тотална амнестија за се и сешто не гледам зошто и ти да не добиеш само декларирај се како борец за човекови права. Правната држава умре 2001 сега сите живееме во колективно лудило каде лудото е нормално а нормалното лудо.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Едно е факт загинааа луѓе кои беа за Македонија и дадоа се од себе да има мир и соживот тие загинаа а за возврат дојдоа политичари кои ем крадат ем земаат плата а не мрднале со мал прст за оваа држава.

Се додека народот не почне да си ги решава сам проблемите вака ќе биде уште многу а кога проблемите се таложат се повеќе и повеќе можна е дестабилизација во МК ,Косово и Албанија.

Ние никогаш не добиваме ништо од ваквите сценарија за жал.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Поминаа повеќе од 10 години од страшни масакри во 2001 година.Животот го дадоа повеќе од 60 млади војници,некои од нив со мазни лица.Бутнаа цели фамилии во црно,ги уништија мајките за целиот живот.Некој вика дека е гордост да ја браниш својата татковина,и храбро да загинеш за неа ако тоа е потребно!Ова е најпогрешното нешто што сум го слушнал во мојот живот,и срцето ми се грчи кога ќе ве прочитам вас форумџиите како сте за уште една војна.Вие деца убави,никогаш не сте ја осетиле горчината многу близок ваш да биде МАСАКРИРАН од погани кучиња.Никогаш не сте почуствувале како е близок твој да не му се израдува на детето негово!

Уште и ден денеска се води пропаганда дека треба да ја сакаш Македонија,дека треба да се бориш за неа и слично бљувотини.За која татковина да се борам?! За таа истата што терористите што масакрираа да седнат во парламент и да ни ја водат државата што во 2001 сакаа да ја окупираат?

Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
Прво, не знам како ти е, но можам да претпоставам, и можам да замислам какви јадови сеуште имаш, околу смртта на брат ти. На еден мој школски другар од средно исто така брат му погина во Вејце. До ден денешен со него не сме се чуле, ни виделе, не само јас туку и другите другари. Ќе ни крене слушалка, не зборува и по кратко време ќе ни спушти. Најчесто, ниту крева слушалка.
Така да, прв совет, не се изолирај.

И второ, кратко и јасно. Брат ти погинал за тебе, и за твоите блиски, и за ништо друго. Не погинал ни за држава, ни за нација, ни за народ, ни за патриотизам, ни за ништо такво. Треба да сфатиш дека ти си реалниот, ти постоиш и дека тоа што брат ти се пријавил, дали како доброволец, или го регрутирале, сепак се пријавил токму за тоа. Воедно треба да сфатиш дека, не само нашава држава, туку и секоја држава е вештачка категорија, нацијата (секоја - не само нашата) е такоџе измислена и фиктивна, а со тоа национализмот и патриотизмот се најобични дрканици кои што служат за потпалување на народот, дали сам себе или некој друг врз нив да го прави истото. Од друга страна пак, биди сигурен дека и меѓу оние што се бореле против нашите Безбедносни сили, исто така има случаи каков што си ти, и каков што е мојот другар, и кои што исто така, на ист или сличен начин си ги поставуваат истите или слични прашања. Така да, да се обвинат нив, исто така веќе е апсурдно. Што побрзо го сфатиш ова, тоа подобро за тебе, а и, се надевам, полесно ќе ја пребродиш загубата на брат ти, затоа што во суштина тебе сепак ти недостига брат ти затоа што ти бил брат, затоа што сте трчале заедно, сте играле заедно, сте се заебавале заедно.

Така да одговорот на прашањето „ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?“ веќе го имаш во твоите сеќавања, а за тоа вреди да се потсетуваш и да го цениш брат ти и себе си уште повеќе.
Се друго е срање....
Можда малку сурово, но некогаш и тоа помага...
поздрав..
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Не барам јас утеха или некој посебен одговор,пошто очигледно го знаеме одговорот сите ние Македонците само ретко кој се осмелува да го каже...

Само сакам да потсетам некои луѓе(особено оние што бараа нова војна),дека сите тие 60 и кусур,отидоа таму за Македонија,за сите нас тука,за сите Македонци,а некои очигледно го забораваат тоа... Тие датуми ретко кој ги знае,ретко кој знае да каже кога беше Карпалак,Вејце...а баш таму пред повеќе од 10 години војници го дадоа животот за Македонија.
Тие не го дадоа животот за Македонија, животот им беше одземен, со договор на политичарите, кои најверојатно имале некаква корист штом одлучиле да им ги одземат живототите на војниците.Едно е да дадеш живот во осмислена стратегија за борба или напад, акција, а друго е идејки по пат да те опколат, и да бидеш предаден од своите. Мој братучед Игор Костески загина исто така, беше во волците, погоден беше во глава и умрел на лице место, исто така во наместена акција.
http://forum.kajgana.com/threads/Македонски-специјални-единици-полициски-и-воени.10885/page-102
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Поминаа повеќе од 10 години од страшни масакри во 2001 година.Животот го дадоа повеќе од 60 млади војници,некои од нив со мазни лица.Бутнаа цели фамилии во црно,ги уништија мајките за целиот живот.Некој вика дека е гордост да ја браниш својата татковина,и храбро да загинеш за неа ако тоа е потребно!Ова е најпогрешното нешто што сум го слушнал во мојот живот,и срцето ми се грчи кога ќе ве прочитам вас форумџиите како сте за уште една војна.Вие деца убави,никогаш не сте ја осетиле горчината многу близок ваш да биде МАСАКРИРАН од погани кучиња.Никогаш не сте почуствувале како е близок твој да не му се израдува на детето негово!

Уште и ден денеска се води пропаганда дека треба да ја сакаш Македонија,дека треба да се бориш за неа и слично бљувотини.За која татковина да се борам?! За таа истата што терористите што масакрираа да седнат во парламент и да ни ја водат државата што во 2001 сакаа да ја окупираат?

Војниците млади загинаа.Еден мудар вика дека човек умира два пати,еднаш кога физички ќе умре,а вториот пат е кога ќе го заборават.

Дали некој од вас памти,дека имаше млади луѓе што го дадоа животот за знамето,а со тоа и индиректно загинаа и за вас?!

Ќе ве молам,да се најде некој паметен,пошто многу самопрогласени високоинтелегенти особи и добри познавачи на поновата Македонска историја и политика,што ќе ми одговори едно прашање:

ЗА ШТО ЗАГИНА БРАТ МИ ВО 2001 ГОДИНА?
За џабе гинеа сите наши војници што беа во конфликтот 2001/2002 ...Таа војна беше управувана од други односно од Нато .. требаше да се најде кај нас некој како што беше Аркан сите Албанци да ги убиеја .. а нашиве почнуваат војна и после тоа се плашат од Нато да не ги бомбардирале , и одма договор со Албанците , половина од нив се во собрание .. другите си земаат пензија и сите се вработени , а за нашите ништо нема и на тие што останаа инвалиди , на тие што им загина некој член од семејството им дадота нешто пари и после тоа требаа да ги враќаат ајде јас ке им го убијам синот нив и ке им дадам пари ... нека се замислат малце човечкиот живот нема цена штета што имаме такви политичари малоумни да ги наречам ...Им ветуваа вработување на сите што останаа невработени кога ги повикаа за да одат во резервистите али ништо од ветувањето ,кажувам од мој аспект за татко ми лично тој го изгуби работното место и откога се врати остана без работа ... формираа здруженија скоро во сите градови за да бараат да се вработат тие што се без работа , да има доживотна пензија за загинатите или останатите инвалиди , бесплатно школување за децата нивни , али се тоа остана само напишано на хартија ... Убаво кажа еден член погоре .. ако добиеш шанса пали патиките и магла од оваа држава ... се видел аирот од оваа држава и после ке кажат одиш странство не си ти патриот , за кого да бидам патриот кога нема работа за младите , секој ден треба да ги молам родителите за да ми дадат 100-200 денари за кафе или за излегување ... со ваков систем на водење на државата се помалце и помалце луѓе ке останат во неа !
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
abe ni e sme mnogu dobra zemja i moze da se zivee mnogu dobro
no za zal takva ni e politikata sto morame da ziveeme mizerno,a kako so trgnale nasite vmrovcinja ke ziveeme uste pomizero
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
Може звучи просто ама загинал за џабе, ако се објаснуваме во детали ке стигнеме на тема за камено време.
Ако не излезеа луѓето што излегоа и ако не ги поплнеа рововите и пунктовите,
линијата на фронтот, немаше да биде во Тетово и во Куманово, туку ќе беше,
Скопје, Велес, Прилеп и Битола.
Затоа речете им „Благодарам“ на тие луѓе.
И колку и да изгледа залудно, штетата ќе беше многу поголема,
ако не беа тие храбри луѓе.
 
B

BrunoFresh

Гостин
Кога веќе не сме кадарни да фатиме и јавно да ги бесиме за мадињата на Букефал сред плоштад оние крвопијците од сите партии, тогаш мислам дека сме кадарни еднаш да бојкотираме избори, за да видат дека навистина ова вака неможе повеќе!
Незнам дали саамо мене и на пар форумџии ни е доста од циркузи веќе, ни е доста од деца што молат за помош да преживеат, ни е доста од вртелешки, сплавови, бродови и плажи. Луѓе бре, со наши пари милионери станаа, мамицата нивна! 20 и кусур години ни ја цицаат крвта и уште среќно излегуваме на избори и гласаме за нив! Не е во нив силата, народот е оној што ги става на власт, народот може и да ги симне. Народот може и да побара од корен менување на се во државава и бесење јавно на погоре споменатите. Затоа што државата е на народот, ако нема народ нема да има држава. Не е оваа држава на дедо им и баба им за да си играат курташак со неа!
Доста ми е од Бранко, Грујо, Љубчо, Бучко и сите оние што се збогатија на грбот на народот! Зошто упорно ги гласаме? Ова вака веќе не бива, не дупчат во здрав мозок, на секој еден млад човек единствена желба и амбиција му е да фати патот одовде. Тоа доволно кажува, зошто? Уште ли ќе се замајуваме дека ни е убаво, дека е подобро нешто да се гради, макар и краделе успат? Уште ли ќе дозволуваме да не брукаат и срамат по светов со оние смешните проекти преку кои ги крадат моите, твоите и сечии други пари?
Мене ми е стварно скурчено. Ми идат мисли да го срамнам собраниено со земјата, па така да го спасам цел народ од сите зла!
Седнете и запрашајте се, убав ли ви е овој живот овде?
За оној кој прашува, брат ти умрел за нечии туѓи идеали. Ако дојде пак време да се положи испитот на патриотизам незнам дали ќе има други како твојот брат.
Му треба нив "изненадување", па да се чудат. Него те цитирав за последната мисла. Додека умирал брат му во војната и се борел за да спаси голем број македонски животи, истите тие кои што сега се направија милијардери, се криеа ко П*ЧКИ никаде ги немаше. Кога заврши војната и се расчисти се, е тогаш почна тоа: Ние вака направјме, ние вака ќе напрајме, ние така ќе напрајме.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Ех лесно е да се каже сега, бесцелно е да се загине затоа што тоа сега нема никаква смисла, како што и секоја војна.
Кој и што тогаш те натерал да одиш во оган? Зошто? Секогаш ќе стои неодговорено, така во тој момент носело времето.

2001
Едно кумановско село. Се пука кон нас од сите страни. Прво страв и мисла што кој кур јас барам овде ова е Виетнам? Една мисла постојано во глава како ќе живее понатаму 2 годишната ќеркичка ако отидам јабана, без татко или инвалид како што беше мојот татко знам јас како тоа изгледа. Се потат рацете те стегаат градите. Постојано е музиката иста само свират куршуми.
За чудо по некое време стравот поминува, едноставно стануваш имун и не обрнуваш внимание на пукањето дури и не трепнував по одек на експлозија од тенкот кој беше на дваесетина метри од мене.
Ако пукав онака колку само да се каже дека има некој таму сега добро ќе нанишанев и пукав по одсјајот на огинот од оружјето на другата страна. Сите сетила се изострени, некоја сила те тера да добиеш животински инстикти. Ранија човек до мене, немаше сила што ќе ме истави од местото, а сиот бес отиде преку цевката од мојот митралез, онака убав црн и злобен. Се сметам за просечен човек но ете и тоа се случи од мене направија војник во вистинска смисла на зборот, ладен како мраз, да не речам многу блиску до убиец без око да ми трепне ако некој со црна униформа ми легне на нишан и го направам решето. При напад на друго кумановско село 6 саати ме гаѓаа легнат позади една круша. Не постојат зборови и не можам да објаснам како изгледа кога некој пука во тебе со цел да те убие, не е тоа страв тој помина. Реков ова навистина нема никаква цел, ќе се завртиш на страна, па физиолошки мораш да мокриш и потоа ќе си легнеш на сопствената мочка. Ете многу лесно и јас можев да бидам дел од списокот. Сето ова колку да биде појасно во каква каша биле сите кои загинаа.
Потоа повеќе никогаш не се јавив на поканите за "воена вежба". Излегов да купам цигари "слушам комшија си бил таму, не треба да платиш". Колку само значеле малите небитни работи во животот, една смрдена кутија со цигари да ти го разубави денот. Две години сонував ист сон - една меретна топовска цевка од тенк.
Затоа да не дозволиме да се заборават сите мои херои од 2001, барем вака од време на време да се споменат.
Од мене огромен почит и сочувство кон сите загинати.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Веќе го напишав ова во една друга тема али многу сме глупи.

Неќеме да ги ставиме рацете во гомна а секој ден се жалиме дека гомната се до гуша.

Како што кажа еден порано тука сите сакаат да се прават паметни и да бистрат НЕМА ПАРТИИ КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА НАШИТЕ ПРАВА и ЗА КОЈ ДА ГЛАСАМЕ.

Па ако нема треба да се направат али добро знам како во Македонија поминуваат сите вакви иницијативи така што иако се јадам во мене сепак сум рекол дека нема да пробувам.На форуми и договарање 100 -200 пријавени уште за прво собирање на крај ќе дојдат 10-20 ќе си испијат по едно кафе и ај по дома а до втор и трет состанок нема ни да дојде.

Епа не може бе така.Во Америка со изборна кампања се почнува по 2-3 години пред избори кај нив доктори и адвокати идат од куќа до куќа за да те запознаат со кандидатот,кај нив луѓе со куќи од по пола милион евра седат во гаража и прават знаци за нивните кандидати.Да не имаат они повеќе слободно време од нас ? Да не се попаметни?

НЕ СЕ али ние едноставно сакаме само да се жалиме а не да смениме нешто и заради тоа Американец зима социјално од 1500 долари + бонови за храна од 300-500 долари додека Македонец зима 150-200 евра плата.

За нова партија се потребни само 10 000 луѓе со вистинска иницијатива нормално не може да се тепа за 4 години али може да се има доволно гласови барем некој аспект да се бутне во начинот на владеење промените идат споро.Знаете што е потребно за партија една општина каде што ќе има доволно членови за да се плати кирија за место,тоа е на околу 20-50 члена од 100-300 денари месечно.

Али за џабе пак си пишувам кога знам дека нема ништо никогаш да се смени и само се нервирам за глупости.Највеќе што ќе излезе од ова е можеби еден лајк али тоа е тоа.

И пак после следниве избори ВМБЛО ;СМСМ ДУПИ и за 6 ВМБЛО ,СМСМ ДУПИ .
 
М

Мартин`

Гостин
Потоа повеќе никогаш не се јавив на поканите за "воена вежба". Излегов да купам цигари "слушам комшија си бил таму, не треба да платиш". Колку само значеле малите небитни работи во животот, една смрдена кутија со цигари да ти го разубави денот. Две години сонував ист сон - една меретна топовска цевка од тенк.
За жал фамилите на оние што загинаа и оние што ја бранеа државата не добија ни “кутија цигари“, е тоа е проблемот .. знам дека и имаше притисок од надвор па сега ги чуствуваме последиците од тие терористи во влада, но верувам имаше опција иако ќе беше потешка ама да имавме човек со цврста рака кој ќе превземе одговорност да донесе некоја потешка одлука ама..

Ајде млада држава сме си викам има време ама но ете сакаат промена, многу сакаат промена а на дело никаде не нема.. незнам како тоа да го сватам дали како кукавичлук, дали како страв или како нешто друго.. не ми е јасно никако.
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
72
Поени од реакции
69
За оној кој прашува, брат ти умрел за нечии туѓи идеали. Ако дојде пак време да се положи испитот на патриотизам незнам дали ќе има други како твојот брат.
за црното:
Со цел пост твој се согласувам 200% да не се разбереме погрешно,
само ова на крај ме буни малку.
Идеалите се кој загинал брат му се негови лични,
сигурно верувал во нив, штом отишол таму каде што бил.
Не е фер.
Мислам дека несвесно малку, ги навреди сите што загинале,
затоа што испаѓа дека се испрани мозоци па загинале за туѓи идеали.
Еве да го спомнам ЉуБчо (иако не вреди) и неговиот идеал тогаш, да се подели Македонија.
Не верувам дека барем ЕДЕН од загинатите умрел за тој идеал.

за црвеното:
имало, има и ќе има.
и тоа најмногу меѓу тие што веќе биле.
сум слушал јас вакви муабети еден куп.
нема шанси веќе да одам, нека не ме бараат, бла бла бла.
ама на сите им гори во душата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom