- Член од
- 14 ноември 2009
- Мислења
- 17.347
- Поени од реакции
- 15.630
Тоа е тоа што треба да се прочита и да се каже...Добро е, Ако работат како што овде пишат форумџии, тоа е за поздравување. Ама за сиве овие години цели 2-3-4 фирми работат саглам (затоа Самак не ни кажува колку наши пари потрошиле на прошетки и промоции)
Но никој не ги споменува шивалните на нашиот "најголем" непријател кои ги испрекршија сите закони и морални и правни за работни односи во државава, понатаму фирмите-т.н. "инвестиции" како Свидмилк, бугарски, швајцарски и не знам какви луѓе фирми кои дојдоа, опљачкаа и си отидоа оставајќи уште посиромашни граѓани.
Башка рекламата за понуда на ефтина работна сила како единствен аргумент (читај робови) владата треба да ја смени. Лош пристап да нудиш ефтино сопствен народ како ефтини проститутки.
Зашто оваа функција не ја вршеа амбасадите (кои имаат и политички и економски дел), зашто мораше да се одлеваат плус милиони на промотори. Зашто истовремено не ги промовираат и нашите фирми кои бараат пазари за пласман на роба или инвестирање во некоја странска држава?
И дај напрајте една споредба со земјиве од регионов, а не само да гледаме дома, не е никаков валиден аргумент 10.000 нови вработувања, кога во соседните земји би се вработувале 200.000, а во развиените 1.000.000(бројките од ракав).
Имаме еден аналитичар на форумов, *LION*, нека каже како се движат странските директни инвестиции во однос на останатите балкански земји, просечни плати, бдп, квалитет на живот... Ако сме трети, супер, ако не, пак супер...