L
.Lost Angel.
Гостин
Инаку незнам дали требаше баш да отворам тема но .. сепак ме загрижува фактот што Планинарскиот дом и Спасувачката служба немаат серум - Противотров за змии така да ако одите на водно бидете премногу внимателни бидејќи има змии отровници или шарки попознато бидејќи ако ве касне змија немаат серум Планинарскиот дом и Спасувачката служба.
Само се прашувам дали треба да отиде човек па да набават серум?
Ваши коментари околу ова?
Еве
Змија отровница вчера касна куче на Средно Водно. Несреќата се случила околу 11 часот, кога семејството Цветкови од населбата Мичурин, го шетале кучето по патеката позната како пензионерска.
Извор http://www.vest.com.mk/?ItemID=E1BCFC2F1F13724FA0AB0C3979E31DAA
Само се прашувам дали треба да отиде човек па да набават серум?
Ваши коментари околу ова?
Еве
Змија отровница касна куче на Водно
Цветкови раскажуваат дека биле на половина час оддалечени од Крстот, кога кучето од расата "мелез" надушкало нешто на половина метар покрај патеката.
И тие тргнале по него, но за неколку секунди тоа испуштило силен крик и ја кренало левата нога, која виснала надолу.
"Тамам се стрчавме по него, слушнавме дека почна да завива. Кога му ја видовме ногата сфативме дека е каснато од змија, бидејќи имаше две дупчиња на неа. За чудо, и змијата не избега. Беше скриена во грмушката и од тревата едвај се забележуваше. Кучето уште стоеше на нозе, па се стрчавме надолу да побараме помош", објаснува семејството.
Бидејќи ниту во планинарскиот дом, ниту спасувачаката служба на Средно Водно немале серум да го спасат кучето,тие сами повикале возило од Скопје, а во меѓувреме кучето изгубило свест.
"За еден саат успеваме да стигнеме на ветеринар. Среќа што тој имаше операција, па беше во ординација, инаку не знаеме што ќе правевме. Досега нашата Окта ќе беше мртва. Докторот $ даде противотров, па таа сe уште е жива, но во многу тешка состојба", велат Цветкови, нагласувајќи дека змијата можела да касне и човек.
Од ветеринарната ординација која го примила кучето, потврдија дека животното било донесено отруено.
"Му дадов серум, но состојбата ќе ја следиме во текот на наредните десет дена, бидејќи сe уште е критична", изјави ветеринарот.
Домарот на планинарскиот дом потврди дека немаат серум, а во случај на несреќни ситуации граѓаните ги праќаат во Клинички центар или со жичница, па потоа со џип на спасувачката служба, или, пак, повредените сами се снаоѓаат.
"Имаме прва помош, но противотров не држиме", кусо одговорија од Домот.
Од Град Скопје велат дека не е задолжително да има предупредувачки знаци за опасност во парк-шумата на Водно.
"Сосема е нормално дека без никакви посебни предупредувања посетителите треба да бидат свесни за тоа дека во шумата има разновидни животински видови", изјавија од Градот.
Извор http://www.vest.com.mk/?ItemID=E1BCFC2F1F13724FA0AB0C3979E31DAA