Патеките до крстот на Водно - небезбедни

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Инаку незнам дали требаше баш да отворам тема но .. сепак ме загрижува фактот што Планинарскиот дом и Спасувачката служба немаат серум - Противотров за змии :) така да ако одите на водно бидете премногу внимателни бидејќи има змии отровници или шарки попознато :) бидејќи ако ве касне змија немаат серум Планинарскиот дом и Спасувачката служба.

Само се прашувам дали треба да отиде човек па да набават серум?

Ваши коментари околу ова?

Еве
Змија отровница касна куче на Водно
Змија отровница вчера касна куче на Средно Водно. Несреќата се случила околу 11 часот, кога семејството Цветкови од населбата Мичурин, го шетале кучето по патеката позната како пензионерска.
Цветкови раскажуваат дека биле на половина час оддалечени од Крстот, кога кучето од расата "мелез" надушкало нешто на половина метар покрај патеката.
И тие тргнале по него, но за неколку секунди тоа испуштило силен крик и ја кренало левата нога, која виснала надолу.
"Тамам се стрчавме по него, слушнавме дека почна да завива. Кога му ја видовме ногата сфативме дека е каснато од змија, бидејќи имаше две дупчиња на неа. За чудо, и змијата не избега. Беше скриена во грмушката и од тревата едвај се забележуваше. Кучето уште стоеше на нозе, па се стрчавме надолу да побараме помош", објаснува семејството.
Бидејќи ниту во планинарскиот дом, ниту спасувачаката служба на Средно Водно немале серум да го спасат кучето,тие сами повикале возило од Скопје, а во меѓувреме кучето изгубило свест.
"За еден саат успеваме да стигнеме на ветеринар. Среќа што тој имаше операција, па беше во ординација, инаку не знаеме што ќе правевме. Досега нашата Окта ќе беше мртва. Докторот $ даде противотров, па таа сe уште е жива, но во многу тешка состојба", велат Цветкови, нагласувајќи дека змијата можела да касне и човек.
Од ветеринарната ординација која го примила кучето, потврдија дека животното било донесено отруено.
"Му дадов серум, но состојбата ќе ја следиме во текот на наредните десет дена, бидејќи сe уште е критична", изјави ветеринарот.
Домарот на планинарскиот дом потврди дека немаат серум, а во случај на несреќни ситуации граѓаните ги праќаат во Клинички центар или со жичница, па потоа со џип на спасувачката служба, или, пак, повредените сами се снаоѓаат.
"Имаме прва помош, но противотров не држиме", кусо одговорија од Домот.
Од Град Скопје велат дека не е задолжително да има предупредувачки знаци за опасност во парк-шумата на Водно.
"Сосема е нормално дека без никакви посебни предупредувања посетителите треба да бидат свесни за тоа дека во шумата има разновидни животински видови", изјавија од Градот.

Извор http://www.vest.com.mk/?ItemID=E1BCFC2F1F13724FA0AB0C3979E31DAA

631DEB0B720E3D4EBBD8E10B1EB91EB4.jpg
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
Обично треба да умре некој па да набават против отров. Ова се се важи, не само за овој случај.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Решение бр.1
Шетаат Мујо и Хасо и Хасо го каснува змија за к.р.Врти Мујо у брза помош и вика помагајте, Хасо го касна змија. Дежурниов вика не се секирај, додека стигнеме цицај му ја крвта и плукај, ке дојде екипа ке го спаси човекот.
Се дере Хасо: Мујооо, што викаат.
Мујо гледа во телефонот го гледа Хасо за к.р се држи пак во телефонот, пак во Хасо:
Ништо, викаат ти нема спас.

Решение бр.2
Нека го набават е.баниот серум, не е топла вода дека секоја селска амбуланта треба да го има (до душа чувањето е малку покомплцирано таму, ама сепак)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Серум нема ни во државни болници. Близок човек од фамилија пред една година го касна змија и од кога го оставија во болница цела фамилија трчаше по аптеки да најде серум оти во болница немале. За малку не умре човекот, среќа.
И после реформи во медицина, шминкерај.
 
T

Tetro

Гостин
Пред 5 дена

Дете каснато од змија во училиште во Скопје
Не сакајќи да ги исплашат децата, наставниците рекле дека ученикот се гребнал на стапче.
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=70513



На нашите подрачја живеат 14 видови на змии од кои само две се отровни и тоа поскок и шарка.

Поскокот е нешто повеќе отровен од шарката меѓутоа како и да е овие змии се далеку по неотровни од некои афрички или азиски видови на змии, па затоа каснувањето од овие два вида на змија ретко кога е смртоносен.


ПОСКОК (камењарка, Vipera ammnodytes), оваа змија има изразито сива боја, а достигнува должина до еден метар. Главата и е срцевидна со карактеристичен белег на врвот на носот. Од главата па се до опашката се забележува карактеристична темна крива линија, по која најчесто се препознава овој вид на змија.



ШАРКА (Vipera berus) оваа змија е распространета низ цела Европа. Нејзината должина е од 60 до 80 цм, и како и поскокот на нејзиниот грб се забележува долга цик-цак линија. Постојат два типа на оваа змија Vipera berus bosniensis и Vipera pseudoaspis.

Најважно е кога ќе се здобите со убод од змија да утврдите дали се работи за отровна змија или пак не. За разлика од неотровните, отровните змии ги разликуваме по тоа што нивната глава е триаголна по форма, очите им се елипсовидни и имаат вдлабнатина помеѓу очите и носот.
- По каснувањето од змијата никако не обидувајте се да ја фатите, бидејќи така ризикувате да добиете нов убод. - Доколку змијата е мртва, многу важно е да ја донесете во болница поради нејзина идентификација, што е многу важно понатаму за терапијата.
- После каснувањето од змијата на местото можете да забележите најчесто две убодни рани одалечени меѓусебно 6 до 8 милиметри, иако во ретки случаи има една рана или само гребнатина (постоењето на раната не значи дека отровот е испуштен, докажано е дека дури 22% од каснувањата од змија иако со карактеристична рана, отровот не бил испуштен во телото)

Реакција по каснувањето
На местото на каснувањето во наредните два часа се јавува болка и оток. Кај потешките труења болката е остра интензивна и се карарактеризира со оток кој брзо се шири и често е проследен со интензивни поткожни крварења. Освен интензивното црвенило на кожата можат да се јават меури исполнети со крв. Во половина од случаите на каснување од змија освен овие симптоми се јавува и вртоглавица, мачнина, повраќање што е резултат на вбризганиот отров од страна на змијата. Исто така може да се јави оток во регионалните лимфни јазли, под пазувите ако се работи за каснување во пределот на раката или во препоните ако се работи за каснување во пределот на ногата. Овие отоци најчесто се проследени со малаксаност, ладна кожа оросена со пот, забрзана работа на срцето, пад на притисокот, несвестица и на крај смрт.

КАКО ТРЕБА ДА ПОСТАПИМЕ :


- Ако змијата не е отровница - Во тој случај раната треба да се стерилизира, да се премачка со антибиотска маст и да се преврзе. Потоа треба да провериме кога каснатото лице последен пат е вакцинирано против тетанус, а ако е поминато повеќе од пет години потребно е ревакцинирање.


- Ако се сомневаме дека змијата е отровница - Во тој случај лицето треба строго да мирува, што значи треба да го избегнува и најмалото движење, а раката или ногата на која што има каснување треба да се имобилизира. Околу 5 до 10 сантиметри над каснатото место треба да се подврзе, со што би се спречила венската и лимфната циркулација, за да се забави ширењето на отровот низ телото. Важно е да не се подврзе премногу силно, за да не се запре венската циркулација. Лицето мора што е можно побрзо да биде пренесено во болница. Се хоспитализираат сите случаи на каснување од змија без размислување дали се работи за отровница или не.
Не ретко во разни литератури ќе сретнеме контрадикторности во постапките за прва помош по каснување од змија, што не само лаиците често се збунуваат туку и самите лекари. Денес е општо прифатено дека: раната НЕ се исекува, отровот НЕ се извлекува, а лед НЕ се става на местото на каснувањето!!!!!

Аntiviperinum серум – серум против каснување од змија, потекнува од коњски серум кој содржи антитела што коњот ги произведува по убризгувањето на соодветниот отров. Овој антисерум се дава исклучително во болнички услови интравенски, и тоа само во услови кога е индициран, бидејќи антисерумот може да предизвика сложени па дури и животно опасни компликации (анафилактички рекации).

ПРЕВЕНЦИЈА
Некои каснувања како што се оние кога човекот случајно ќе ја згазне змијата неможат да се избегнат, меѓутоа постојат некои мерки, кои ако се почитуваат постои помала можност да добиете каснување од змија.
- НЕ ВОЗНЕМИРУВАЈТЕ ЈА ЗМИЈАТА, многу луѓе биле каснати при обидот да ја убијат змијата или да и се приближат за да ја видат подобро.
- ИЗБЕГНУВАЈТЕ ВИСОКА ТРЕВА, ако немате гумени чизми или некоја друга соодветна облека движете се по веќе обележана патека.
- РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ НЕ ГИ СТАВАЈТЕ НА МЕСТА КОИ СЕ НЕПРЕГЛЕДНИ.
- НЕ ПРИДВИЖУВАЈТЕ КАМЕЊА ИЛИ ДРВА АКО НЕ СТЕ НА ДОВОЛНА ОДДАЛЕЧЕНОСТ ОД ПОТЕНЦИЈАЛЕН НАПАД НА ЗМИЈА.
- ПОСЕБНО БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ПРИ КАЧУВАЊЕТО ПО ЅИДОВИ.
http://www.zazdravje.com.mk/upload/content.php?2130-Каснување-од-змија
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 21:02 ---
Инаку незнам дали требаше баш да отворам тема но .. сепак ме загрижува фактот што Планинарскиот дом и Спасувачката служба немаат серум -
Ете зошто
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Сосема е нормално дека без никакви посебни предупредувања посетителите треба да бидат свесни за тоа дека во шумата има разновидни животински видови.
Не требало да има знак дека има змии.
Значии.... Бисер на денот. :tapp:
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
абе види, не го оправдувам немањето на серум, но таа изјава некако и природно е нормална, во шума ги нема снежана и седумте џуџиња, таму има диви животни и ние сите треба да бидеме свесни за нивното постоење, ајде, каде да се стави знак? има посебен влез во шума со граница и царина?:)
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
ЧЕКАЈ....... очекувате за ПЕС да биде истрошен противотров, во држава каде се нешто фали и нема. Па вие сте ненормални, па и јас да бев доктор и да имаше болницата на располагање неколку, че им речев дека нема противотров. ЈБГ приоритети....
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
не бе, не е тоа поентата, читај:
Планинарскиот дом и Спасувачката служба немаат серум
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Аntiviperinum серум – серум против каснување од змија, потекнува од коњски серум кој содржи антитела што коњот ги произведува по убризгувањето на соодветниот отров. Овој антисерум се дава исклучително во болнички услови интравенски, и тоа само во услови кога е индициран, бидејќи антисерумот може да предизвика сложени па дури и животно опасни компликации (анафилактички рекации).
--- надополнето: 4 јуни 2012 во 21:02 ---

Ете зошто
А да не е заради ова :)
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2179&stID=19596
„...Во Министерството за здравство моментно се на располагање само уште дваесетина дози серум против змиски отров.
- До минатата година на заводите им дававме серуми против змиски отров. Сега заводите и центрите ќе мора сами да си го купат. Количествата со кои располага Министерството се резервни. Здравствените установи мора да имаат серуми - вели д-р Јованка Костовска, советничка во Министерството за здравство.
Центрите треба да обезбедат антитетанус серуми и серуми против беснило....„

Линков е од стара вест, рандом е и првиот што го даде пребарувачот.Секоја чест на трудот и има корисни информации (теоретски!!!)во текстот ама реално да зборуваме - кој од рекреативците и викендашите по каснување ќе гледа дали главата на змијата е триаголна и дали очите и се овални? Луѓето што се секој ден во природа (земјоделци, планинари...) ќе ги препознаат, ама што фајде од тоа ако во близина немаат- серум.
Да не се заебаваме, причина за немање серум по здравствените установи е или штедење или немарност, ништо друго. Навистина треба соодветно да се чува, па и аналгинот е штетен ако го оставиш на прозор на +40 ама беспредметно е да се дискутира дали серуми треба да се чуваат на 2 места во државата или да се дисперзираат по процена,па и во 70-те и во 80-тите ги имало насекаде.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Одете по ѓаволите, сега ми е страв да се качуам...
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Одете по ѓаволите, сега ми е страв да се качуам...
E зашто бре другар земи си точак како мене по асавалт оди до горе од горе надоле по козјите патеки и нема да имаш проблем :D
 
Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
шо ве чудат змии или други животни па во природа сте, се може да наиде......неможе градот да стое и да ги лови.........ама серум треба да има и спасувачка екипа и едно амбулантно возило штом толку луѓе се движат по водно.........тоа е основно во нормална држава или град
 
L

.Lost Angel.

Гостин
шо ве чудат змии или други животни па во природа сте, се може да наиде......неможе градот да стое и да ги лови.........ама серум треба да има и спасувачка екипа и едно амбулантно возило штом толку луѓе се движат по водно.........тоа е основно во нормална држава или град
Ееее да ама кај нас не е тоа нормално (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom