Добро ај смирете живци малце. Изгубивме заслужено од Blackpool, многу грешки во одбраната, креативност 0 на средината (очекувано од 3-ца дефанзивни средни играчи), и пак недоволна подршка за Torres во нападот, ама барем знам дека нападнавме а не се браневме цело полувреме при нерешен резултат. Сите очекувавме дека само после 5-6 денови од смената на тренерот и доведување на новиот помошник одма се ќе се смени, ама ќе помине време додека да се искорени моменталниот начин на игра, затоа бидете трпеливи. И мене ме нервира тоа што незнаат еден саглам пас да додадат ама тоа е, што се може, со 3-ца дефанзивни средни играчи и двајца коњи по крилните позиции неможе да очекуваме креативност и голови. Истотака ова ни е 5-ти натпревар во рок од 15 дена и за 4-5 дена не очекува Merseyside дербито а играчиве се веќе преморени затоа што немаме доволно играчи на клупа за ротирање, а плус и без Gerrard и Babel останавме. Ќе биде многу тежок периодот што следува, ама барем сега имам надеж од сите овие промени што се случуваат во Liverpool FC.