Патување преку Контики или Компас - Белград

  • Креатор на темата Креатор на темата Ultravox
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2012
Мислења
3
Поени од реакции
2
Возраст
45
Гледам дека има навистина убави (и достапни) туристички патувања преку Контики или Компас со тргнување од Белград (најчесто пред хотел Континентал).
Дали некој бил на патување со овие туристички агенции, какво искуство имал, како е патувањето со браќа Срби?
 
Истото и на мене ме интересира. Иначе мислам дека српските агенции се поефтини од нашиве.
 
Пред неколку години имам одено со Контики и тоа баш преку Компас. Во Компас само резервација и плаќање се прави, цените и се друго е исто како на сајтот од Контики.
Секоја препорака. Се што беше напишано во каталогот е идентично со реалната ситуација. Водичот профи, постојано достапен за било каква информација. Организација безпрекорна.
 
Ми треба помош. Ја гледам оваа понуда. Имам две прашања.

1. Дали некој има искуство со агенцијата No Limit? Какво?

2. Поаѓањето и стигнувањето се во/од Белград. Тоа мислам дека е проблем. Може ли некој да ми каже најдобар начин за пат до Белград? Автобус/воз? За колку време се стига? Колку е цена?
 
2. Поаѓањето и стигнувањето се во/од Белград. Тоа мислам дека е проблем. Може ли некој да ми каже најдобар начин за пат до Белград? Автобус/воз? За колку време се стига? Колку е цена?

Не е никаков проблем. Најдобро до Бг со автобус, зависи од линијата 6-8ч пат, цена за повратна карта околу 2000 денари. Автобуси има речиси на секои 2-3 часа. А од автобуска станица во Белград има редовна линија до аеродромот.
 
Јас имам патувано со Контики во Израел, само пофални зборови, организација - светска, се што пишува и што ви кажуваат пред да тргнете, тоа и ќе затекнете. Прашајте ако ве интересира нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom