можеби си во право за Огбона, но не даде објаснување за Бонучи, зошто тој не заслужува место во репрезентацијата според тебе ? .. не е премногу млад, имаше добра сезона во Јуве .. а на местото на Огбона можело да се земе некој од Астори и Гамберини, немам ништо против ...
-средината со Пирло,Де Роси и Маркизио по некоја логика треба перфектно да функционира, незнам зошто не е така, криво ми е вчера што неможев да ги гледам, па да видам кај е проблемот, можеби Прандели греши некаде, можеби е подобро Де Роси да биде оној кој што ќе ја изнаса топката, а Пирло да игра малку понапред, ама заедно со Маркизио кој за мене е модерен средњак, тркач е како Ночерино, но сепак со поголема техника од Ночерино и стварно незнам како би го ставил Ночерино пред него ? едноставно Маркизио е поквалитетен .. а да игра овој Ночерино на местото на Де Роси заедно со Маркизио и Пирло незнам колку би било тоа паметен потег .. кажав можеби Прандели греши некаде ..
- сега велиш дека Касано би се уморил доколку би играл треквартиста, а потоа во твоите замисли го ставаш крилен напаѓач ?? епа Димка тоа не иде баш, за таа позиција што ја кажа исто така треба многу трчање .. и незнам како Пепе би ја сврзал средината со нападо .. од Касано моментално никој не може тоа да го прави подобро, потоа следува Ди Натале(ама тој си е прича за себе)
- Борини е доста пргав, тој за мене го има она што на пример Ди Натале го нема за цела своја кариера
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
.. според мене мислам дека Борини нема да осети никаков притисок едноставно таков карактер е .. и сакам него да го гледам, бидејќи во нападот покрај Касано и Балотели треба трет напаѓач кој повеќе би трчал, оти овие двајца и не се некој тркачи, замисли Балотели,Ди Натале и Касано, сите тројца сакаат да ја имат топката повеќе во себе, а никој од нив не сака да удри еден шпринт повеќе, јбг исти профил на напаѓачи, али затоа Прандели треба да биде свесен .. затоа мислам дека Борини треба да добие шанса, сепак кажав, не ми е проблем и доколку не го пуштат, тој е млад и очекувам уште за време следниве квалификации да почне да додажува дека заслужува место во репрезентацијата ..