Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Женска фризура од машки аспект
Мажите преферираат жени со долги и виткани коси, како онаа на Кели Брук, тврдат истражувачите, кои очигледно не се потрудиле да откријат што навистина стои зад наклонетоста на мажите кон Брук.

На второ место се најде долгата и права фризура на Џенифер Анистон, по која следуваше стилот на Ријана од Амбрела.
"Долгата коса традиционално силно се поврзува со женственоста, што според нас е причината зошто речиси половина од мажите го избраа токму овој стил како најсекси фризура," објаснуваат од одделот за уреди за коса на Филипс.
И покрај тоа што биле прецизни околу изборот на фризурата, мажите сепак преферираат природен изглед, противејќи се на перфектно средените фризури. Кога веќе некому му текнало да ги праша, 72 проценти од мажите изјавиле дека претпочитаат коса со.
"Мажите претпочитаат мека и природна фризура која може да се допре, во однос на посредениот и официјален изглед, без воопшто да знаат дека долгите локни се далеку потешки за создавање," порачуваат од Филипс.
Половина од мажите изјавиле дека повеќе сакаат кога девојките ги носат косите пуштени, отколку фатена во кој било стил.
Извор.
Машки, какви девојки преферирате? Со долга или кратка коса? Виткана или права? Пуштена или собрана?

Повелеле кажете си

