За идеали гинат будали?

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Те сфаќам што сакаш да кажеш и во потполно право си ............ но уште нешто да додадам .......... ако тој систем навистина бил толку прекрасен и розов како бајка, одкаде тогаш откако крахираше Социјализмот и откако почна да се распаѓа СФРЈ одкаде и како тоа одеднаш излегоа на сцената безброј националисти: Усташи, Четници, Балисти и.т.н. ......... а и кај нас како тоа одеднаш нели сите беа Комунисти и верни на таа идеологија, а одеднаш се створија преку ноќ толку многу ВМРОвци, Либерали и.т.н. и.т.н.
Во Србија како тоа нели сите верни Комунисти, ама хоп одеднаш преку ноќ сите си ставија четнички шајкачи со кокарда на главите и дигнаа четнички црни знамиња со бела костурска глава и со натпис: за краља и отаџбину .... Исто и во Хрватска сите нели верни Комунисти, ама одеднаш и таму преку ноќ излегоа на сцена Усташите и почнаа да млатат се што не е Хрватско, а во Босна па трите спротивставени страни мамата си ја е*аа !
Знаете дека и ти и он сте со ист став дека комунистите и комунизмот бил лош.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Драган Богдановски е пример за поговоркава.На баба ми роднина бил и татко ми кажуваше дека бил основач на ВМРО,јас му се смешкав и не му верував се дур не видов една емисија на Васко Ефтов кој ме заинтересира за него.На татко ми фамилијата потекнува од таму од Косматац и заедно пораснале но како што не ми кажа освен дека од тој момент кога умрел тој се откажал од политиката и не ја гонел заради примерот со него.
 
B

Black Guard

Гостин
Како и да се свртиш г’зот секогаш се наоѓа одзади .......... фашистите биле лоши, а комунистите биле добри, море ангели биле ......... така барем не учеа во школо порано како мали деца .......
Полека тука.

Сега гледам ги учат децава со нова историја и таму некои жртви на комунизам и слични ствари.

Претпоставувам дека ти е јасно кога Р.Македонија и Македонскиот народ добија дрѓава.

Свои права и Јазик.

Како држава членка на СФРЈ Македонија е една од коосновачите на ООН.

Знаеш кога се формира МАНУ,друштво на писатели и сл.

МПЦ??


И што мислиш како тоа од урнатини и макадам се изградија автопати,фармацевтска индустрија,текстилна,хемиска индустрија металопреработувачка рафинерија па до воена-ДА МЛАДИНАТА РАБОТЕШЕ ДОБРОВОЛНО!!!

А денес се дреме пред киомпјутери,се спие до 4-5 саатот многу се дрогираат-ајде еве УМС на било која партија дали ВМБЛО или СДЛМ да ја повикаат младината и нивните претседатели на младина(некои советници,али сеедно) па и Пастирот да ги викне да..

-Во Арачиново учествуваат во градежни работи-луѓето имале мака со некој канал.
-
Прилеп-има проблем со водоснабдување,доброволна работна сила и пари кои ЕУ ги нуди би се подобрил системот.

_локалните паркови и кејови да се чистат,одржаваат.

Па ејјј нза една обиколкиа на град од можеби 3 километри се чекаше ЦЕЛА ДЕКАДА.

Јас велам ајде да работиме заедно за да утре имаме сите бенефит-ако гледаме не подалеку од својот нос и двор еден ден застарената инсталација кај комшијата ќе предизвика пожар па и јас ќе изгорам и другиот до мене.


ама сега на површина испливуваат сите го*на кои биле усерени од комунистите во периодот после 2 с.в. сите тие кодошења
апсењата, следењата, политичките убиства, прогласувањето на одредени лица за ратни профитери, колаборационисти со фашистите,
Види вака денес има повеќе следење,повеќе кодошење отколку порано оти немало случки политичар да вади во јавност тајни докумебти(еве за грција) и касети(за прислушување аферата)-значи апсења,следења имаме и денес а ме чуди и мистериозната смрт на неколку бранители од лавови-до обични припадници на Безбедносните сили па до апсење на екс министрер на МВР??

И точно имало воени профитери и соработници со бугарите ако не-тогаш

про-бугарски ориентирани, Македонски националисти и патриоти, дисиденти, сепаратисти и.т.н
Таков ни беше Премиерот Љ.Г па се до најголемите патриоти а ги има онолку колку бугарија има издадено пасоши-малку се??

Незнам дали е живо тоа старото бугарско агентче од струмичко кој прв доби бугарско државјанство во независна македонија.

сето тоа присилно одземање на имот, земја, стока... . и тортурата врз нив и ред други работи кои доколку ги земеме предвид неможеме да кажеме дека бившиот систем бил идеален,
Тоа всушност беа економските реформи основање колективи каде сите нќе имаат удел и бенефит,е сега факт е дека имаше тортура он оние кои одбиваа да ја дадат земјата.

Но денес кој работи за 100 хектари државно закупено земјиште??

Закрепостен селан жртва на феудален систем(или ран капитализам) каде сопственик е или политичар или бизнисмен или и двете...епа види ти сега.

Мој пра дедо е убиен поради воденица и земја од кодош ама знаеш што,Ги откривме кодошите,имаат деца внуци си живеат и сега што??

Вредат ли тие 15 хектари да се одмаздуваш,(на било кој начин)??

Не вреди пријателе да не бидам разбран грешно системот бил далеку од идеален мнхоогу далеку од идеален-но бил праведен кон праведните кон трудољубивите кон самопожртвуваните.

туку напротив бил крајно неидеален, тоталитарен, едноумиски и суров систем ........... Македонија точно се ослободи од фашистите, но повторно западна на некој начин во ново ропство т.е. во Комунистички мрак, кој на времето проголта скоро пола планета
Тогашниот устав значеше обновување на античката Македонска држава и царството на самоил.

П.С Денес во своја независна држава имаме помалку права како луѓе-да почнам од правото на вработување и економска самостојност на индивидуата-да полнолетно лице кое било војска и работи и не бара пари за излевање од тато и мама,сам си средува кревет,алишпта..... значи јака држава-додека не е така тој е две работи паразит за семејниот ограничен буџет и жртва на државата.

Македонија точно се ослободи од фашистите, но повторно западна на некој начин во ново ропство
То важи за Сталин и СССР,Бугарскиот комунизам-во Југославија беше сосема поинаку-зарем фактот што нашиве татковци дупеле бугарки за две червени не ти говори доволно:)

Види ја норвешка или шведска каква општествено социјална кохезија има помеѓу луѓето речиси слична како југословенската...појди од гевгелија во Белград,ќе те примат,ќе спиеш,јадеш,пиеш беспари и никој нема да те чепне-а денес во твојот сопствен двор не си сигурен не тресам од ракав погледни статистика попчни од кражби,тешки кражби,насилство,убиства,самоубиства па сам дојди до заклучок.

Во погледа на економијата имам неолиберален пристап но фактите се факти.

Ајде да се откажат врби,светци со 10 милиони евра и УМС на партииве доброволно да работат има скопје да биде тип-топ...и така кантер веќе на многу им станала досадна...барем така велат:)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Јас немам ништо лично против бившиот систем т.е. како прво млад сум 26 год. и не сум живеел во тој систем, роден сум при крајот од тој систем и сум пораснал во независна Македонија, така да едноставно незнам, не сум осетил на своја кожа како било тогаш .......... факт е дека има многу луѓе кои не го сакаат тој систем, но и факт е дека и многу луѓе кои сеуште живеат во тој систем т.е. истите сфаќања ги држат !
Е сега што мене лично ме нервира, јас сум млад човек и имам сосема поинакви гледишта и сфаќања, за разлика од некој што е повозрасен од мене и живеел во тој систем .......... дури и ме нервира кога некои во секоја втора-трета реченица зборат, го фалат и плачат за тој систем, мислам стварно нема везе поминаа повеќе од 20 год. а сеуште некои да се идолопоклонуваат на тој систем и на неговите дејци, за мене како млад човек со претежно демократски и либерални погледи е нон-сенс и таквиот концепт на размислувања(едноумиски) јас не ги прифаќам, ниту пак некој има право да ми ги наметнува тие сфаќања, исто како што јас немам право да ги наметнувам своите сфаќања врз други лица !
Што е се однесува на тие доброволни млад.акции, да точно сите знаеме дека имало такви масовни младински доброволни акции, но такви биле времињата тогаш, сите оделе, работеле доброволно и беспари и тоа е тоа, денеска такви акции нема и никој не оди т.е. денеска и не познавам човек(било стар, било млад) кој би одел да работи за беспари, како што било тогаш .......... ОК освен акциите за пошумување(ден на дрвото) како и оние акции што ги прават основците и средношколците за денот на пролетта кога ги чистат своите училишни дворови ..... е сега тоа што викаш УМС-ата на ВМРО и СДСМ требало да прават вакви акции, ако нека прават такви младински акции, нивен проблем, јас не сум во никое УМС на нитуедна партија !
Инаку јас никаде на форумов не напишав дека денеска времињата се најидеални .......... и денеска има такви работи како и тогаш: кодошлуци, следења, мистериозни (само)убиства, апсења на неистомисленици, монтирани судски процеси и.т.н. тоа никој не го негира .......... б.т.в. најлошо од се е тоа што иако бевме и онака(благо)уназадени, во последниов период уште до толку дополнително се уназадивме(пред се културно и ментално) не за неколку години, туку за неколку децении, до кој степен ќе догураме ќе видиме, да сме живи и здрави ............ сепак и изолацијата си го прави своето, како на Економско, така и на Демократско, културно и ментално ниво, еден мал народ и мала земја како нас со години изолирана(без влез во Евро-Атлантските асоцијации) нормално дека работите неможат да одат на подобро, или тапкање во место или пак уназадување во скоро секој смисол(Економски, Демократски, Културно...) ................. во Социјализмот имало едноумие, а денеска имаме двоумие .......... или си со едните, или си со другите, трето нема, всушност и скоро да не познавам луѓе кои се за некоја трета опција, таква опција кај нас нема, сите се или со ВМРО или со СДСМ, а да си неутрален дури и ќе те гледаат чудно и ќе гледаат да те придобијат !
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
702
Поени од реакции
528
Често налетувам на оваа реченица и не знам... често ме замислува.
Нели е малку цинично да се вели вака?

Ваши мислења?
Не да е цинична... Единствената причина што постои е тоа дека се римува. Ако на српски „идеал„ се викаше „цвик клешта„ на пример, немаше да биде дел од песна, немаше да стане изрека, и луѓето без муда и без цел во животот ќе мораше да најдат друго кратко објаснување пред семејството и пред друштвото зошто се такви какви што се.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Те сфаќам што сакаш да кажеш и во потполно право си ............ но уште нешто да додадам .......... ако тој систем навистина бил толку прекрасен и розов како бајка, одкаде тогаш откако крахираше Социјализмот и откако почна да се распаѓа СФРЈ одкаде и како тоа одеднаш излегоа на сцената безброј националисти: Усташи, Четници, Балисти и.т.н. ......... а и кај нас како тоа одеднаш нели сите беа Комунисти и верни на таа идеологија, а одеднаш се створија преку ноќ толку многу ВМРОвци, Либерали и.т.н. и.т.н.
Во Србија како тоа нели сите верни Комунисти, ама хоп одеднаш преку ноќ сите си ставија четнички шајкачи со кокарда на главите и дигнаа четнички црни знамиња со бела костурска глава и со натпис: за краља и отаџбину .... Исто и во Хрватска сите нели верни Комунисти, ама одеднаш и таму преку ноќ излегоа на сцена Усташите и почнаа да млатат се што не е Хрватско, а во Босна па трите спротивставени страни мамата си ја е*аа !
Насоберено низ годините. Од Балканските војни па до Втора Светска Војна, некои добија многу некои изгубија многу. После дојде Тито и се појави нов систем, комунизмот. Па Тито сите ги обедини во една држава и ги контролираше со "железна тупаница". Сите кротеа и седеа мирни затоа што знаеја дека ако се побунат или кажат нешто што не треба Другарот Тито мамицата ќе им ја ебе. Ја направил 4-тата воена сила во Европа, немало заебанција со него, на неколку пати се има осудено дури и на САД и СССР да им се спротивстави. И тогаш како гром од ведро небо другарот Тито умре, пробаа многу политичари да ја зачуваат неговата вештачка творба Југославија која уствари никогаш немало ни да успее подолг период да опстане како Федерација помеѓу 5 земји/народи кои се мразат меѓусебе и сите имаат различни идеали и интереси. И тука САД и Западниот свет ја видоа шансата дека сега е моментот само малце да се турне за Југославија да падне, и тоа и се случи. Се запалија сите преку ноќ и пак се вратија на своите стари интереси од пред векови и векови назад, па до Балканските Војни и Првата и Втората светска војна. Усташите и Четниците постоеја многу одамна пред Тито, а постојат и денес 20 и кусур години по неговата смрт. Дигнаа оружје за да си го земат тоа што сметаа дека е нивно. Желбите и идеалите никогаш не умреа туку само останаа потиснати за време на владеењето на Тито да се кријат во сенка за еден ден пак да излезат. Идеалите на Македонците отсекогаш биле јасни, Независна ( а после Балканските Војни и Обединета ) Македонија. Ама се сомневам дека на Македонците некогаш ќе им се исполни тој сон, повторно да ја видат Македонија обединета.

Инаку за Комунизмот. Според мене има добар и лош комунизам. Кина - добар комунизам, па види ги до каде стигнаа! Северна Кореја - екстремно лош комунизам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom