За идеали гинат будали?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Често налетувам на оваа реченица и не знам... често ме замислува.
Нели е малку цинично да се вели вака?
Зарем голем дел од луѓето кои загинале за своите идеали не придонеле ние тука вака да си се убедуваме до Австралија и назад? Зарем голем дел од луѓето кои живееле според одредени принципи и идеали не се избориле за голем дел од бенефициите кои ние денес ги уживаме?

Понекогаш ми се чини дека идеализмот како таков (без разлика за какви идеали се работи) е исмејуван, додека пак апатијата спрема се е прифатена како нешто нормално.

Не знам, јас лично сметам дека секој човек треба да има одредени идеали според кои се води, колку и да биле тие различни од моите. Дури ми е сосема здраво кога ќе седнам и ќе дискутирам со некој кој има сосема спротивни гледишта за тоа ’како треба да биде’.

Има ли нешто лошо во тоа луѓето да се борат за своите идели, макар најразлични од нашите?
Од каде тој песимизам дека идеали не можат да станат вистина и да променат нешто?

Ваши мислења?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
sto e za mene primer na tvojava tema
da pratis partiska ideologija koga istata ne postoi i nema temel nikakov !!!
i vo nasava drzava kade se nisaat temelite na moralizmot.
 
S

Sagan

Гостин
Изреката се однесува на државно-политички идеал, создаден во болните умови на државниците и политичари, завиткан во шарена амбалажа на национализам, комунизам, капитализам... заради кои обичниот човек зел пушка во рака и отишол да убива луѓе кои никогаш у живот не ги познавал.

Така тие добиваат задоволување на нивните болни фетиши, власт, слава, пари, а народот добива проширени гробишта.

Вистинскиот човек живее и добива сила од своите идеали, кои го тераат кон прогрес.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Не си го знаеш вториот дел од песната...
:свиркам:За Идеале Гину Будале
а за Паре Гину Фукаре:свиркам:
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
sto e za mene primer na tvojava tema
da pratis partiska ideologija koga istata ne postoi i nema temel nikakov !!!
i vo nasava drzava kade se nisaat temelite na moralizmot.
Ние сме посебна прича и како држава и како народ ........... кај нас да, во право си, моралот и етиката се тотално руинирани и нема фајде човек да се бори и да живее за и според некои идеали !
Ипак секој човек мора да има и да живее по некој идеал, но сепак не треба да забегува, бидејќи ќе се самоуништи, нашево општество е растур-систем и турли-тава, се е испомешано, ако одиш според идеалите сигурно дека ќе изгубиш, а пак од друга страна ако немаш ама баш никакви идеали ќе бидеш на нивото од една планинска овца за молзење и стрижење !
Со и за идеали се живее, но сепак не се умира за истите, барем не кај нас овдека, тури му ку*о на општество без трунка морал и етика !
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.867
Поени од реакции
8.431
Зарем голем дел од луѓето кои живееле според одредени принципи и идеали не се избориле за голем дел од бенефициите кои ние денес ги уживаме?
Зависи од која гледна точка набљудуваш, еве хипотетички да си се родила во Грција во егејскиот дел, твојата "табула раза" би била испишана со грчки идеологии па би ги величела грчките идеалисти, се разбира доколку твоите родилетли кои иако се со словенско потекло би сакале да се интегрираат во тамошната средина.

Све зависи каде ќе се родиш и која нација ќе ти се потпише во потсвеста ;)
а после тој потпис, нема враќање назад :P
 
M

Mussolini

Гостин
Има ли нешто лошо во тоа луѓето да се борат за своите идели, макар најразлични од нашите?
Од каде тој песимизам дека идеали не можат да станат вистина и да променат нешто?

Ваши мислења?
Нема ништо лошо од тоа секој од нас на секој можен начин да заштити и пренесе на другите она шо според него е правилно и вистинито.

Околу второто прашање, пред некое време имах дискусија со еден колега шо според него а покасно и јас се согласих, за да оствариш некој идеал, треба човек да тргне од амбицијата. Знам дека благо почнувам да излевам од темата ама едениот со другиот термин се поврзани.
Песимизмот дека еден идеал ке стане реалност произлегува од фактот шо, самиот човек кој се бори за идеалот а ја нема амбицијата во себе не е ништо друго освен еден обичен „војник„ шо порано или покасно ке падне без воопшто да може да промене нешто. Начинот на кој мене ме убедиа околу ова е примерот дека, Хитлер е имал амбиција да владее со Европа а за тоа го има искористено идеалот на нацизмот кој налага дека они се тие перфектните кои шо треба да владеат со Европа и Светот. Мош малку забегах настрана со тава шо налага нацизмот ама сепак мислам оти ме разбера.

Тава е моето гледиште околу темата и конкретно прашањата...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- за нив борбата и слободна МАКЕДОНИЈА беше идеал
- Мирче Ацев
- Васил Антевски
- Дане Крапчев
- Тодор Ангелевски
- Страшо Пинџур
- Панче Неделковски
- Трајко Бошковски
- Невена Ѓеоргиева
- Вера Јоциќ
- Ибе Паликуќа
- Милко Милески
- Олга Софеска
- Љубица Богоеска
- Круме Волнаросвки
- Киро Гавриловски
- Панче Поповски
- Андон Дуков
- Маца Овчарова
- Стефан Наумов
- Боте Боцевски
- Кочо Рацин
- Олга Стојаноска
-Флора Мијајлоска
- сега во слободна МАКЕДОНИЈА тие се нашиот идеал
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Veliki uporno zezaju male,
za ideale ginu budale,
fabrike truju okolinu,
kreteni dizu bune i ginu.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
- за нив борбата и слободна МАКЕДОНИЈА беше идеал
- Мирче Ацев
- Васил Антевски
- Дане Крапчев
- Тодор Ангелевски
- Страшо Пинџур
- Панче Неделковски
- Трајко Бошковски
- Невена Ѓеоргиева
- Вера Јоциќ
- Ибе Паликуќа
- Милко Милески
- Олга Софеска
- Љубица Богоеска
- Круме Волнаросвки
- Киро Гавриловски
- Панче Поповски
- Андон Дуков
- Маца Овчарова
- Стефан Наумов
- Боте Боцевски
- Кочо Рацин
- Олга Стојаноска
-Флора Мијајлоска
- сега во слободна МАКЕДОНИЈА тие се нашиот идеал

so 100 godini albansko zname abe im se potsmevaat na zaginatite i masakrirani vojnici vo Vejce Karpalak e so ulava drzava sme ... i posle ideal koj kur ideal
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
sto e za mene primer na tvojava tema
da pratis partiska ideologija koga istata ne postoi i nema temel nikakov !!!
i vo nasava drzava kade se nisaat temelite na moralizmot.
Каде прочита партиска идеологија? :facepalm: Врска нема темава со политички партии. Идеали не се секогаш поврзани со политика, туку македонскиот менталитет е таков, па а му се спомне идеал, одма мисли дека се работи за политика.
Изреката се однесува на државно-политички идеал, создаден во болните умови на државниците и политичари, завиткан во шарена амбалажа на национализам, комунизам, капитализам... заради кои обичниот човек зел пушка во рака и отишол да убива луѓе кои никогаш у живот не ги познавал.

Така тие добиваат задоволување на нивните болни фетиши, власт, слава, пари, а народот добива проширени гробишта.

Вистинскиот човек живее и добива сила од своите идеали, кои го тераат кон прогрес.
Се согласувам со болдираното. Но, конкретно ме замислуваа некои муабети од типот... Студент се самозапалил во студентски движења во Полска ми се чини беше... Еј будала види го, кретен, малоумен и сл. А ете го, детето немало врска со партии, ни политичари.

Насловот го земав од конкретната изрека, но повеќе муабетот ми беше дека сонувачи се помалку има и дека апатијата е се повеќе форсирана, за жал. Не велам јас дека треба сега човек треба да се самозапали, него моментот со постоење на идеали повеќе сакав да го истакнам.

Идеалите не прават различни и интересни. Без нив што сме?
Тоа ми беше и мене поентата. Различните идеали, според мене даваат движење на општеството како такво и не гледам ништо лошо во тоа човек да ги има, напротив.

Зависи од која гледна точка набљудуваш, еве хипотетички да си се родила во Грција во егејскиот дел, твојата "табула раза" би била испишана со грчки идеологии па би ги величела грчките идеалисти, се разбира доколку твоите родилетли кои иако се со словенско потекло би сакале да се интегрираат во тамошната средина.

Све зависи каде ќе се родиш и која нација ќе ти се потпише во потсвеста ;)
а после тој потпис, нема враќање назад :P
Не зборувам за таа слобода и национализам, посебно не за Грција. Зборам дека многу луѓе имале идеали. Сонувале да создадат компјутер и интернет и вложиле премногу иако може од страна ги сметале за чукнати, неарни, чудни... ама имале визија за нешто и ја терале до крај. Да не биле тие, сега јас и ти веројатно немаше воопшто да го правиме муабетов.
Не мора сега баш ептен стриктно да мислите за физичка смрт и самоубивање или сл. Многу изумители за нивните идеи првично ги сметале за ненормални, но тие се бореле за тоа во кое веруваат, така? Зошто кога некој има некаков идеал, визија, сон, малку поразличен од останатите го категоризираат како будала, чукнат? Тоа ми е муабетот. Многу буквално ме сфативте со зборот ’гинат’. :)
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.867
Поени од реакции
8.431
Не зборувам за таа слобода и национализам, посебно не за Грција. Зборам дека многу луѓе имале идеали. Сонувале да создадат компјутер и интернет и вложиле премногу иако може од страна ги сметале за чукнати, неарни, чудни... ама имале визија за нешто и ја терале до крај.
Па ако бркаат некоја идеја да ја остварат од типот компјутер или интернет и не е гинење за некој идеал туку поскоро страствено хоби.

Меѓутоа најголемите пронајдоци не се откриени случајно (иако сеа ќе кажеш пеницилин ово оно) али на тие проекти работеле личности кои не се лаици туку тие точно знаеле што прават и што сакаат се разбира подржани со финансиски и технички ресурси (од ресурсите доаѓаат идеите).

А лудиот или чакнатиот е сеа ако сака да ми направи спејс шатл во Македонија, или некоја балистичка ракета со нуклеарно полнење.........не иде....
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па ако бркаат некоја идеја да ја остварат од типот компјутер или интернет и не е гинење за некој идеал туку поскоро страствено хоби.

Меѓутоа најголемите пронајдоци не се откриени случајно (иако сеа ќе кажеш пеницилин ово оно) али на тие проекти работеле личности кои не се лаици туку тие точно знаеле што прават и што сакаат се разбира подржани со финансиски и технички ресурси (од ресурсите доаѓаат идеите).

А лудиот или чакнатиот е сеа ако сака да ми направи спејс шатл во Македонија, или некоја балистичка ракета со нуклеарно полнење.........не иде....
Во тоа време, на сите технолошки пронајдоци се гледало со скептицизам и самото изразување на идејата правела да ги гледаат чудно и да ги викаат будали. Мене само поентата ми е дека општеството секогаш чудно гледа на луѓе кои имаат различна визија од нормите на општеството, без разлика дали се работи за филозофска или технолошка визија или идеал.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.867
Поени од реакции
8.431
Во тоа време, на сите технолошки пронајдоци се гледало со скептицизам и самото изразување на идејата правела да ги гледаат чудно и да ги викаат будали. Мене само поентата ми е дека општеството секогаш чудно гледа на луѓе кои имаат различна визија од нормите на општеството, без разлика дали се работи за филозофска или технолошка визија или идеал.
Напротив никој не гледал чудно, затоа што се иде постепено, еден чекор води кон друг, нема скокање на чекори и сите тие идеи и чекори кога следуваат еден по еден изгледаат реално.

На пример прво почнаа браќата рајт гледајќи како летаат птиците, па после горивото и првиот мотор од автомобилите им дал идеја дека може од ист таков да се направи и за авион, па мотор со пропелер, па млазен мотор, и се натаму се подобрува и подобрува, секое подобрување прави нови идеи кои изгледат разумно во рамките на веќе достигнатите пронајдоци. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom