Tротоар

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
getImageThumbnail.php

Тротоар е нова емисија на Томато продукција која има 2 изданија. Секој понеделник, среда и петок во 16.40 имаат кратки Тротоар Вести, а секоја недела од 15 часот е изданието на Tротоар Шоу заедно со Марко, Ирена и Димитар.

Веќе 2-3 недели по ред ја гледам емисијава во неделното попладне кога стварно нема што да се прави посебно зимно време и ептен ми се допаѓа. Даваат интересни прилози, Марко која недела претставува некој наш македонски познат локалитет, имаат квиз, даваат флеш вести, прават специјалитет некој итн. Мене ептен ми фаќаат мерак и емисијата и посебно водителите кои се стварно забавни зашто преку глава ми е од прости водители од кои врие македонскиот етер. Во досадното неделно попладне емисијава е топ погодок бар за мене :).
 
Нa која ТВ иде да напишеше :)
 
Мислам дека ја даваат на Алфа. Ама само мислам. Се уште не сум гледала ниедна емисија. :)
 
Зошто ја нема Ведрана во Тротоар, каде исчезна, гледам дека имаат нова водителка :place:
 
Зошто ја нема Ведрана во Тротоар, каде исчезна, гледам дека имаат нова водителка :place:

Ведрана изгледа отиде да се зачешла во некој подобар хотел ;). Шега на страна, девојчето беше супер, но сигурно имала свои причини.Нека и е со среќа.

Е сега, бидејќи новата водителка Лиле ја превзеде улогата на поубавата а исто толку и паметна третина или четвртина (колкумина беа машките водители?) во Тротоар, мислам дека е крајно време да направат нова реклама за емисијата со неа.
Нема смисла! Девојчето одлично си ја врши работата - елоквентна, одмерена, дотерана, ведра како Ведрана, а бела како Лилјан(а) :)

Белки не се толку за греота одговорните во МТВ. Прават емисии и емисии, за еден клип од 10 секунди ли нема нешто ситно во нивната касица-прасица?:rolleyes:
 
Оваа емисија не е во продукција на МТВ, туку на Томато и тие се одговорни за форшпанот, али ако се прашувам јас, не би ја менувал Ведрана :) додека за Лилјана како моја сограѓанка имам пофални зборови за тоа како си ја врши работата.
 
Ок, очигледно си поупатен во тоа како функционираат ТВ и продукциите итн.
Како и да е, не ми е нормално едно лице да гледам во форшпанот а потоа сосема друго да ме анимира и информира.
Инаку, убаво е што имаш талентирани сограѓанки на националната телевизија (y)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom