O
Orion.
Гостин
Карлос до Амарал Фреире, бразилски лингвист, знае 60 јазика во кои спаѓаат и кинескиот, португалскиот и санскритот. Дали е тој гениј или фрик?
Инспирација за темава ми беше овој Англичанец полиглот кој течно говори француски, шпански, велшки, германски, македонски, шведски, италијански, српски, босански, хрватски, португалски, чешки, каталонски, руски, холандски, романски и албански
На следново видео говори по реченица две од сите горенаведени јазици:
Тука говори течно македонски
Изненадувачки е фактот дека Фреире веројатно не се разликува многу од просечниот човек кој говори два јазика. Познати во лингвистичките кругови како хиперполиглоти, луѓето кои зборуваат 10, 30 па дури и 70 јазици мораат да се трудат и работат исто како и ние. Фреире учел без прекин 40 години. Со истото залагање и ресурси, "сите ние сме потенцијални хиперполиглоти," вели Ева Фернандез, лингвист во Градскиот Универзитет на Њу Јорк.
Уште една шокантна информација: Исклучително висок IQ не е предуслов за екстремен мултилингвализам. Всушност, полиглотите веројатно немаат "дарба", туку едноставно разни лични карактеристики и животни околности кои одат во прилог на учењето јазици, вели Фернандез. Тука спаѓа пристапот до странски јазици, неисцрпниот интерес и волјата да се превземаат лингвистички ризици.
Сепак, целиот тој труд може да предизвика промени во мозокот. Во 2003 година, германските невролози го испитуваа мозокот на починатиот Емил Кребс, преведувач кој разбирал 100 јазици и успеал да научи Ерменски за само две недели. Тие открија дека делот од Кребсовиот мозок кој владеел со говорот не ја имал истата асиметрија како кај луѓето кои говореле само еден јазик. Познато е дека кај талентираните и искусни музичари слушните делови на мозокот не се исти како кај обичните луѓе. Она што невролозите не го знаат е дали учењето на нови јазици го менува мозокот (што според студиите е многу веројатно) или пак некои луѓе едноставно се раѓаат такви.
Можеби учењето на 50 јазици е претерано. Студија на руски хиперполиглоти откри дека иако тие можат вешто да зборуваат на дузина јазици, поголемиот дел од нив се изјасниле дека зборуваат течно само седум јазици.
За крај, еве некои интересни податоци за тоа колку луѓе ги говорат најпознатите светски јазици:- Шпански – 450 милиони.
- Мандарински – 1 милијарда.
- Француски – 125 милиони.
- Арапски – 250 милиони.
- Англиски – 1 милијарда.
Инспирација за темава ми беше овој Англичанец полиглот кој течно говори француски, шпански, велшки, германски, македонски, шведски, италијански, српски, босански, хрватски, португалски, чешки, каталонски, руски, холандски, романски и албански
На следново видео говори по реченица две од сите горенаведени јазици:
Тука говори течно македонски