Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата vmx
  • Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.662
Точно две недели или .. ? Денес истекува 13тиот ден од кога е поднесено барањето, па да знам дали да почекам уште ден два или да се јавувам.
Мене еве денес точно после две недели ми го сменија.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Ме интересира колку пари плаќаш за ова?:)
Епа го користам Optic Start пакетот и SportKlub така да ми доаѓа 1900 денари, плус дополнителните разговори. На бакар бев на Комфорт пакет, ама во оптика гледам дека е скап и многу од опциите не ми требаат освен она зборување со странство кое ми беше потребно. Значи со оптикава плаќам помалку отколку на бакар, а квалитетот е неспоредлив.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Преска од грмењево ми цркна модемов што ми го дадоа од т-хоме за новата платворма,сега ќе ми дадат нов или што?
Пријави на 080012345, ама не кажувај дека е прегорен, туку дека сакаш да се префрлиш на новата платформа, а и демек и така модемот почнал да ти се ресетира по 10 пати дневно :)
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Пријави на 080012345, ама не кажувај дека е прегорен, туку дека сакаш да се префрлиш на новата платформа, а и демек и така модемот почнал да ти се ресетира по 10 пати дневно :)
Немат врска, мене ми прегори, му се јавив и му кажав дека од грмежи е прегорен.. Другиод ден дојдоја и фино лепо го заменија.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
Немат врска, мене ми прегори, му се јавив и му кажав дека од грмежи е прегорен.. Другиод ден дојдоја и фино лепо го заменија.
Зависи, лани кај еден другар му прегоре модемот па си плаќаше фино лепо за нов.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.722
Поени од реакции
9.445
Другари...Претходно имав Кол & Сурф Комфор со 60 гига лимит и го променав пакетот јас кун 6-7 Мај во Кол & Сурф Старт со неограничен лимит (300 гига). Појдов во салонот таму и склучивме се нов договор значи и рекоја дека за 2-3 дена ќе го променат пакетот. Арно ама, сега поминав 60 гига и брзинава ми е катастрофа...Еве што вика на Мој Телеком за брзината: Тековната брзина на интернет врската е 256 kbps/ 256 kbps...Можно е да го немаат променето пакетот сеуште или нешто друго е проблемот?
 
Член од
7 јануари 2008
Мислења
5.366
Поени од реакции
804
Зависи, лани кај еден другар му прегоре модемот па си плаќаше фино лепо за нов.
Ако уредот (модемот) бил во нивна сопственост и играле на таа карта дека е оштетен од надворешни влијанија, тогаш без сомнение дека би му го наплатиле.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 08:56 ---
Другари...Претходно имав Кол & Сурф Комфор со 60 гига лимит и го променав пакетот јас кун 6-7 Мај во Кол & Сурф Старт со неограничен лимит (300 гига). Појдов во салонот таму и склучивме се нов договор значи и рекоја дека за 2-3 дена ќе го променат пакетот. Арно ама, сега поминав 60 гига и брзинава ми е катастрофа...Еве што вика на Мој Телеком за брзината: Тековната брзина на интернет врската е 256 kbps/ 256 kbps...Можно е да го немаат променето пакетот сеуште или нешто друго е проблемот?
Јави се на 171 и нека ти кажат на кој пакет си моментално, во таа гужва што беше првите денови од мај, можно е твоето барање воопшто и да не било реализирано.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 08:57 ---
Кај мене пуштија за 5-6 дена... многу се 12/
Кај мене заклучно со денес веќе се 14 дена, што е многу многу е ... Ако и денес нема ништо, ќе се јавам да поднесам приговор.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.177
Поени од реакции
8.257
Другари...Претходно имав Кол & Сурф Комфор со 60 гига лимит и го променав пакетот јас кун 6-7 Мај во Кол & Сурф Старт со неограничен лимит (300 гига). Појдов во салонот таму и склучивме се нов договор значи и рекоја дека за 2-3 дена ќе го променат пакетот. Арно ама, сега поминав 60 гига и брзинава ми е катастрофа...Еве што вика на Мој Телеком за брзината: Тековната брзина на интернет врската е 256 kbps/ 256 kbps...Можно е да го немаат променето пакетот сеуште или нешто друго е проблемот?
те молам дефинирај го болдираното што го напиша, неможам да те разберам,фала.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
те молам дефинирај го болдираното што го напиша, неможам да те разберам,фала.
Еве јас ќе ти го објаснам:

300те GB лимит од Т-Хоум се води како неограничен.

Се надевам ќе сфатиш некако.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.177
Поени од реакции
8.257
Еве јас ќе ти го објаснам:

300те GB лимит од Т-Хоум се води како неограничен.

Се надевам ќе сфатиш некако.
ма се шалев, знам него корисниците кога ке напишат неограничен ама 300гб, тоа не е неограничен и т-хомовци си играат мајтап со корисниците, па и тие се палат со тоа неограничен со 300гб. ( исто кога дете на цреша ке се качи од радост).
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
ма се шалев, знам него корисниците кога ке напишат неограничен ама 300гб, тоа не е неограничен и т-хомовци си играат мајтап со корисниците, па и тие се палат со тоа неограничен со 300гб. ( исто кога дете на цреша ке се качи од радост).
Сосема доволно за домашни услуги. На гла да се свртам и пак нема да напрам 300 ГБ.
Само да се хејтало.
едит: Зборам за сега, можеби за 2 години ќе се малце, ама за сега се сосема доволно.
 

head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.404
Поени од реакции
590
И порано ли ти беше толку или од пред некој ден?

Инаку исклучи/уклучи рутерот од струја, за да се синхронизира наново со централата. Ако и после тоа пак ти е синхронизиран со слаба брзина, ресетирај го позади на дупчето (држејќи со игличка едно 20-30 секунди додека да почнат да се гасат диодите), па потоа чекај едно 10-15 минути пошто ќе се рестартира 2-3 пати рутерот сам од себе за да ги повлече подесувањата од Т-Хоум.
И така , читајќи ја темава наидов на твојов пост , и си реков ај и јас да пробам да ја добијам брзината која треба да ја имам , и ... го ресетирав рутерот . И сега , цел ден си немам интернет ( рутерот сам од себе ништо не повлече ) , од техничка поддршка никој не се јавува и си викам што ми требаше оваа глупост :oops:
Уште да знаев како се сетира рутер добро ќе беше :place:
П.С. Среќа комшијата што има отворена мрежа па ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom