Во една правна држава постојат судови пред кои се изведуваат сите докази и врз основа на доказите се донесува конечна пресуда.
Осомничените не се осомничени затоа што им биле лични на специјалците на МВР или не се рандом личности, туку се осомничеени врз основа на некакви докази и сознанија.
Зошто не тропнаа кај мене во 4 часот наутро или зошто не те осомничиле тебе (како нивен претставник),
Ти не си никој и ништо тебе МВР да ти дојде дома или јавно на ТВ да се презентираат сите доказни материјали, си има соодветно место каде и како се прави тоа,
Ама вие по што си земате за право, да за вас законите не важат, туку како што ќе ви дувне така си правите, затоа уште неосудени вие излеговте на улица да ги браните осомничените убијци,, да мафтате со знамиња и да извикувате се и сешто.
Само едно не ми е јасно, со кое лице ќе се појавиш утре на форум доколку се докаже дека дел од осомничените се убијците на 5 невини жртви, со кое лице ќе се погледнеш во огледало знаејќи дека си излегол на улица и си бранел некој кој безмилосно одзел 5 човечки животи.
Имате ли малку совест,