Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
13 септември 2008
Мислења
556
Поени од реакции
307
Нафтата на светски берзи 84 и 98 долари за барел, а тука оваа влада на чело со глујо, пред очи не крадат, ама тоа е Бранко е крив шо е скап бензино.

јас да сум модератор убаво ке ти кажам.......ич е невкусно да се користи маката на народот за политички цели од БИлО Кој од двата табора./..........ми се кења од двете више:confused:
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
јас да сум модератор убаво ке ти кажам.......ич е невкусно да се користи маката на народот за политички цели од БИлО Кој од двата табора./..........ми се кења од двете више:confused:
Ти сакаш да кажеш дека цените на нафтените деривати се соодветни според цената на суровата нафта и односот евро/долар/денар?

По кого сакаш да се плука? Кој е на власт!? А ова Бланко е клив е директно од владата!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.509
Нафтата на светски берзи 84 и 98 долари за барел, а тука оваа влада на чело со глујо, пред очи не крадат, ама тоа е Бранко е крив шо е скап бензино.
а Бранко што ти е крив? Сигурно си мислел на Љубчо Георгиевски. он ја шитна окта и ни го начука пријателче.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249
а Бранко што ти е крив? Сигурно си мислел на Љубчо Георгиевски. он ја шитна окта и ни го начука пријателче.
Пријателе гледај ги работите од поширок аспект, што ни е крива окта, владата што повисока цена толку повисока акциза и ДДВ.

А зошто така, за да се полни буџетот и да ги трошат на владини реклами и споменици.
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 18:02 ---
јас да сум модератор убаво ке ти кажам.......ич е невкусно да се користи маката на народот за политички цели од БИлО Кој од двата табора./..........ми се кења од двете више:confused:
Ако ти е невкусно кути си, плаќај скапи деривати и полни го буџетот, за после да завршат по нечии џебови.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.542
Поени од реакции
11.509
Пријателе гледај ги работите од поширок аспект, што ни е крива окта, владата што повисока цена толку повисока акциза и ДДВ.

А зошто така, за да се полни буџетот и да ги трошат на владини реклами и споменици.
--- надополнето: 1 јуни 2012 во 18:02 ---


Ако ти е невкусно кути си, плаќај скапи деривати и полни го буџетот, за после да завршат по нечии џебови.
епа не те разбрав убаво дека го напаѓаше Бранко.стварно за мн работи е крив и Бранко али у случајов па и не е баш :D Грујо е на власт
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095

Да не се тепате колку што е, инаку ова е компарација од пред брзо време
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.466
Поени од реакции
249
Бришете постови, исто како да ја бришете вистината

И ете го намалија бензинот смешни 0.50 денари, загревота е овој народ, срамота е овој Арач што се зема. Кога го зголемуваја 3 4 денари, сега кога енормно падна цената на нафтата тешко се намалува тука цената, смешно пола денар.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Што кажаа на вести , струјата повторно ќе поскапела , онака , вонредно.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Од јули ќе плаќаме поскапа струја?

Регулаторната комисија најави дека до крајот на јуни ќе одлучи за корекција на цената на струјата
Маја Томиќ
Се' поизвесно е дека веќе од следниот месец струјата ќе поскапи, иако засега никој од надлежните не потврдуваат за колку проценти. Taa последен пат поскапи на 1 јануари годинава за 8 отсто. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека ги добиле месечните извештаи на ЕЛЕМ и ЕВН за оперативните трошоци во работењето кои до крајот на овој месец треба да се разгледаат и да падне одлуката за корекција на цената.
Според Правилникот за регулирана цена, доколку енергетската компанија за одреден период има остварено за над 5 отсто поголеми трошоци од проектираните, при постојна цена на киловат-час струја, или пак, има нови инвестиции, Регулаторна треба да и' ги признае. Со други зборови, да одобри повисока цена на киловат-час и на тој начин компаниите да си ги покријат зголемените трошоци, односно да не бидат во финансиска загуба.
„Доставени се извештаите на ЕЛЕМ и на ЕВН за оперативните трошоци кои се следат на месечно ниво, а се настанати во зимскиот период, поради високата цена на увезената електрична енергија. Ние ќе ги разгледаме и ќе видиме дали се трошоците на компаниите поголеми од 5 отсто од планираните и дали има простор за корекција на цената на струјата“, изјави вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.
Од ЕЛЕМ и ЕВН не сакаат официјално да потврдат дали во своите извештаи до РКЕ побарале корекција на цената на електричната енергија, се' додека Регулаторна не ги разгледа и не донесе одлука. Сепак, многу логично е дека во изминативе месеци од годинава компаниите имаат зголемени трошоци. Бидејќи потрошувачката на струја во земјава, особено последнава зимска сезона, беше многу зголемена во споредба со лани, поради ниските температури. Истовремено, затоа што со истиот проблем се соочуваа сите земји во регионот и пошироко, имаше недостиг од струја од увоз. Па, така нејзината цена драстично се зголеми достигнувајќи во февруари цена од 155,75 евра по мегават-час.
За повеќе да прочитате
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Ах, уште една жешка јунска "честитка" од Регулаторна....таман кога ќе призаборавиме, се јавуваат да не потсетат колку многу мислат на нас
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Мислам уште еден пример на злоупотреба на монополската позиција на дистрибутерите и производителите на електрична енергија. Каде е сега здружението на заштита на потрошувачите? Каде се стопанските комори да реагираат бидејќи оваа поскапување исто така ќе ги удри по бизнис секторот - поточно каде се граѓаните да реагираат???
 
H

HITCH

Гостин


Квалитетот на горивата е по обратен редослед.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Евро - дизелот во Србија некаде кон средината на април беше 1,5 евра/lt на тамошните Лукоил и нешто поефтино на ОMV.Кај нив уште го користеле Д-2 и одеше тогаш околу 1,25 евра, нешто поефтино од БМБ95.Моментално:


Кога сме веќе кај нив, како се помогнати превозниците на Северот на Војводина.

И нешто од законот...

ТАРИФА НА АКЦИЗИ

Тарифен број 1

На прометот на нафтени деривати се плаќа акциза, и тоа:
1) Моторен бензин
- МБ 86 ................................................................. 64,892%
- МБ 98 ................................................................. 65,14%
- МБ 95 ................................................................. 62,583%

2) Дизел гориво
- Д - 1 .................................................................... 60,185%
- Д - 2 .................................................................... 60,01%

3) Масло за горење екстра лесно (ЕЛ) и масло за горење лесно специјално (ЛС)
- ЕЛ ........................................................................ 36,016%
- ЛС ........................................................................36,016%

4) Млазно гориво и авионски бензин ................ 17%

5) Петролеј за мотори, петролеј за осветлување, авионски и моторни масла и масти, хипоидни и други минерални масла и масти, како и масла за подмачкување и примарен (суров) бензин ................................... 10%

6) Течен нафтен гас ................................................. 5%
Ако течниот нафтен гас се користи со помош на специјални уреди за погон на моторни возила и моторни пловни објекти ......................... 40%

7) Масло за горење, мазут и тоа: лесно (Л), средно (С), тешко (Т), екстра тешко (ЕТ), нискосулфурно лесно (НСЛ), нискосулфурно средно (НСС) и нискосулфурно тешко (НСТ) ..................................................................................... 10%

Ако правните лица набавуваат масло за горење - мазут под условите и на начинот од член 6 на Законот за данокот на промет на производи и услуги исклучително за потрошувачка во:
  • производство на сурово железо во високи печки;
  • производствона челик во Сименс - Мартинови печки, како и на челик во длабински и загревни печки;
  • производство на алуминиум во сите фази (процесот на расчленување на бокситот со помош на натриум-хидроксид);
  • процесот на впарување на база, заради добивање глиница, процесот на производството на глиница во фазата на калцинација, односно печење на алуминиум хидрати;
  • процесот на одржување на електролити и алуминиум во течна состојба на определна температура во собирните печки; процесот на поизводството на легури од алуминиум во собирни печки;
  • производство на фероникел; производство на цемент;
  • производство на бакренец во пламени печки;
  • топење на влошки за ратификација на топилница на олово, цинк и антимон;
  • производство на огноотпорен материјал во ротациони печки;
  • процесот на синтетизирање на керамички производи; топење на суровини (на кварцен песок, доломит, натрин фелдспат, калцинирана сода во стакларски печки, производство на амбалажно и шупликаво стакло;
  • прехранбената индустрија (производството на шеќер и масло за јадење); индустријата на градежен материјал;
  • термоелектраните на јаглен во кои се користи мазут за потпалување на термоелектраните и топланите на мазут со моќност поголема од 30 МВ
се плаќа акциза по стапка од .................................. 5%

Интересно е како овие од Топлификација и пекарските фирми први се за поскапување, а користат повластена акцизна стапка.
Пекарите лани дури кога им дадоа од државните резерви да откупат по пониски цени, уште толку ги качија цените.Имаше еден збор за таква работа...картелско здружување:confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom